Јас сум Сузана од Лондон
Господ е мојот Бог и Спасител
Господ е се за Мене
Светиот Господ и Бог Исус Христос

Мail:  suzi_s_83@hotmail.com
IRC: Suzie_Lon #macedonia













 Псалми

Пс 01 Блажен е оној човек што не оди на совет безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратни, па му омилел законот на Господа и во законот негов дење и ноќе се поучува. Тој е како дрво посадено крај воден извор кое својот род го дава навреме и чиј лист не вене и во се што први напредува. Но не се такви безбожните, тие се како прав што го растува ветер по земјата. Затоа безбожните нема да се одржат на судот ниту грешните во соборот на праведните, зошто Господ го знае патот на праведните. А патот безбожен води во погибел

Пс 2 Зошто се бунат народите и племињата смислуваат лоши работи, се креваат царевите земски и кнезовите се собираат заедно против Господ и неговиот Помазаник: Да ги раскинеме врските нивни и да го отфлмиме од себе јаремот нивни. Оној кој живее на Небесата ќе им се смее и Господ ќе ги исмее. Тогаш во гневот свој ќе им говори и со јароста своја ќе ги збуни: Јас го помазав Царот свој на Сион на мојата Света Гора. Ќе го кажам определението. Господ ми рече: Ти си Син мој, јас денес те родив. И побарај од мене и ќе ти ги дадам народите во твое наследство, и краиштата на земјата во твоја власт. Ти ќе ги пасеш со железен жезал, ќе ги разбиваш како грнчарски сад. Е сега цареви вразумете се, поучете се судии земни. Служете му на Господ со страв и радувајте се со трепет. Почитувајте го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете, зашто неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите кои на него се надеваат.

Пс 3 Господе колку многу се намножија непријателите мои, мнозина се креваат против мене, мнозина велат за душата моја: Нема спас за него во Бога. Но ти Господе си застапник мој, слава моја, ти ја подигаш главата моја. Со гласот свој викам кон Господ и Он ме слуша од својата Света Гора. Легнувам спијам и станувам оти Господ ме чува. Не се плашам од многу илјади луѓе што од сите страни навалиле на мене. Стани Господе, спаси ме Боже мој. Зашто ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешните. Од Господ е спасението, твојот благослов нека биде на народот твој.

Пс 4 Кога викам чуј ме Боже правдо моја. Во маката моја дај ми простор. Помилувај ме и услишија молитвата моја. Синови човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце, до кога ќе сакате суета и ќе барате лага? Знајте дека Господ го запазил својот светија, Господ слуша кога викам кон него. Не грешете гневејќи се, размислете во срцата свои и на постелите свои и смирете се. Принесете жртва за правда и надевајте се на Господ. Мнозина велат: Кој ќе ни покаже што е добро? Покажи ни ја светлината на лицето свое Господе. А мене ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку кога ќе се роди во изобилие пченица и вино. Затоа мирно легнувам и спијам оти ти Господе си ми влеал надеж да живеам без опасност.

Пс 5 Чуј ги Господе зборовите мои разбери ги поплаките мои. Чуј го гласот на моето молење Цару мој и Боже мој, наутро чуј го гласот мој, наутро застанувам пред тебе и во тебе гледам. Оти ти си Бог кој не сака беззаконија, за лошиот нема место при тебе. Безбожниците нема да излезат пред очите твои, ти ги мразиш сите што вршат неправда. Ти ќе ги уништиш сите лажливци, од крвопиец и лукав Господ се гнаси. А јас според твојата голема милост ќе влезам во твојот дом и ќе се поклонам во твојот свет храм со страв пред тебе. Господе упатувај ме во твојата правда поради непријателите мои, патот твој пред мене порамни го. Зашто во устата нивна нема вистина, во срцето им е измама, грлото им е отворен гроб, а на јазикот дволичност. Казни ги Боже нека пропаднат тие и мислите нивни поради многуте нечесни работи отфли ги, бидејќи те огорчија тебе. Па нека се зарадуваат сите кои се надеваат на тебе вечно да се радуваат оние што ти ги закрилуваш, и да се радуваат со тебе оние што го сакаат името твое. Оти ти Господе го благословуваш праведникот и со оружјето на милоста своја го закрилуваш.

Пс 6 Господе не карај ме во јароста своја и не казнувај ме во гневот свој. Смилувај се на мене Господе оти сум немоќен, исцели ме Господе бидејќи коските мои се потресени, душата моја е возбудена. А ти Господе до кога? Обрни се Господе, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста своја, бидејќи мртвите не те спомнуваат тебе, во пеколот кој ќе те слави тебе? Се уморив воздивнувајќи, секоја ноќ го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја. Од скрб ми се помрачи окото мое, остарев поради сите мои непријатели. Одстапете од мене вие сите кои вршите неправда оти Господ го чу гласот на мојот плач. Господ ја чу молбата моја Господ ќе ја прими молитвата моја. Нека се посрамат и уплашат сите мои непријатели, да се повратат и веднаш да се засрамат.

Пс 7 Господе Боже мој на тебе се надевам спаси ме од сите што ме гонат и избави ме, да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргне душата, ќе трга а ќе нема кој да спасува. Господе Боже мој ако го направев тоа, ако има неправда во рацете мој, ако зло вратив на оние кој поради правда ме напаѓаат, тогаш нека одпаднам од непријателите мои, нека ја гони непријателот душата моја и нека ја стигне и нека го згази животот мој на земјава и телото мое во прав нека го претвори. Стани Господе во гневот свој кранисе притв жестината на непријателите твои. Стани Господе ти кој заповедаш. И многу народ ќе се собере околу тебе и ти издигни се над него високо. Господ им суди на народите. Суди ми Госопде според правдата моја и според чистината моја. Да престане злобата на грешните а праведникот исправи го ти Боже кој ги испитуваш срцата и утробите праведно. Помош очекувам од Бог кој ги спасува оние кој се со чисти срца. Бог е праведен судија и силен и долготрпелив и не се гневи секој ден. Но ако не се покаете Он ќе го очисти своето оружје, ќе го затегне својот лак и ќе го насочи, и затега смртна стрела а стрелите свои ги вжарува. И ете кај безбожникот се повеќе неправда, па се зачна злоба а тоа роди беззаконие, па си копа и ископа јама и падна во јамата што ја направи, и злобата негова му падна на главата негова а врз неа и неправдата негова слезе. Го прославувам Господ поради правдата негова и му пеам на Господ севишниот.

Пс 8 Господе Госоде наш колку е чудесно Името твое по целата земја. Си ја издигнал славата своја над небесата. Од устата на младенците и доенчињата си ја создал похвалата своја заради непријателите твои, за да го срушиш непријателот и одмазникот. Кога ќе ги погледнам небесата дела на прстите твои, па месечината и ѕвездите што си ги поставил ти, што е тоа човек та се сеќаваш на него, или синот човечки па го посетуваш? Си го направил малку помал од ангелите но со слава и чест си го венчал и си го поставил над делата од рацете твои и се си подчинил под нозете негови. Овците и воловите сите и ѕверовите полски, птиците небесни и рибите морски, се што се движи по морските патишта. Господе Господе наш колку е чудесно Името твое по целата земја.

Пс 9 Те прославувам тебе Госоде со сето срце свое, ги известувам сите чудеса твои, се радувам и се веселам во тебе, му пеам на Името твое севишно. Кога се вратија непријателите мои се сопнаа изгубија сила и погинаа од лицето твое. Бидејќи донесе пресуда за мене и ме одбрани, седна на престолот свои судија праведен. Им запрети на народите и загина нечестивиот, името му го затре во сите векови. Непријателот остана сосема без оружје, градовите му ги разруши и погина споменот за нив. Но Господ секоаш живее, го подготвил престолот свој за суд, Он ќе и суди на вселената по правда, на луѓето ќе им суди право. И ќе му биде Господ прибежиште на сиромавиот, помошник во право време во невоља. Па нека се надеваат на тебе оние кои го знаат Името твое бидејќи не ги оставаш оние кои те бараат. Пејте му на Господ кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата негови, бидејќи Он се одмаздува за крв, ја помни, не ги заборава пискотите на неволниците. Смилувај се Господе на мене, погледај како страдам од непријателите мои, ти кој ме избавуваш од вратата на смртта. За да ги кажувам сите похвали за тебе пред вратите на ќерката Сионска и да го прославувам спасениото твое. Попаѓаа народите во јама што сами ја направија, во замка која сами ја наместија се фати ногата нивна. Го познаа Господ кој суди, во делата на рацете негови грешникот се заплетува. Ќе се вратат во пеколот сите грешници и сите народи кој Бог го забораваат. Зашто нема за секогаш да биде заборавен сиромавиот, и надешна на бедните нема никогаш да престане. Стани Господе за да не се засили човекот и народите да примат суд пред тебе. Постави Господе законоположник над нив за да разберат незнабожците дека се луѓе. Зошто Господе се одалечуваш и не сакаш на неволните во право време да им помогнеш? Кога нечесниот се разбеснува ги мачи бедните бездушно и тие паѓаат во замките негови. Бидејќи грешникот се гордее со желбата на душата своја и одбива да биде благословен. Грешникот го дразни Господ за многуте негови гревови, вели дека Он не истражува, нема Бог пред него. Патиштата негови се секогаш криви а судовите твои се многу високи за да мисли на нив и така над непријателите се гордее. И во срцето свое си вели: Нема да минувам од род во род без зло. Устата му е полна со клетви измами и навреди, под јазикот негов тежина и пропаст. Седи во заседа со богати, потајно убива невини, очите негови демнат бедни. Седи скришум како лав во пештера со намера да фати беден, и кога ќе фати го сплетува во својата мрежа. Се смирува прилегнува и тогаш бедниот паѓа совладан па вели во срцето свое: Бог заборавил, го свртел лицето свое за да не го види крајот. Стани Господе Боже мој, нека се крене раката твоја, не ги заборавај засекогаш бедните твои. Зошто безбожникот го разгневува Бог, зошто во срцето свое да вели: Бог не испитува? Но ти гледаш оти ги забележуваш маките и навредите на бедниот, бедниот тебе ти се предава, тебе ти се остава сиромавиот и сиракот, биди им помошник. Сотри ја мишката на грешниот и лукавиот па да се бара и да се најде безбожноста негова. Господ е вечен цар во сите времиња, ќе ги снема народите од земјата негова. Господе ти ги слушаш желбите на бедните, засили ги срцата нивни, отвори го увото свое. Дај правда на сиракот и на смирениот па да престане човекот на земјата да дава страв.

Пс 10 На Господ се надевам, зошто да и речете на душата моја: Одлетај во гората своја како птица? Но ете грешните го затегнаа лекот, ја притегнаа стрелата своја на тетивата па од мрак да стрелаат на чистите по срце. Ти што си направил тие го разрушија. Што може праведникот да прави? Господ е во својот свет храм, Господ е на престолот небесен, очите негови гледаат на сиромавиот, веѓите негови ги испитуваат синовите човечки. Господ го испитува праведниот, а безбожниот и оној што сака неправда ја мрази душата своја. На грешните ќе пушти дожд од разгорен јаглен оган и сулфур а силен ветер ќе им биде дел во чашата нивна. Зашто Господ е праведен ја сака правдата, лицето негово ќе го гледаат праведните.

Пс 11 Спаси ме Господе зашто не остана праведен зашто се намалија верните меѓу синовите човечки. Суета му кажува секој на ближниот свој, од дволично срце устите зборуваат лага. Нека ги истреби Господ сите соблазниви усти и јазик што се возвеличува, оние што зборуваат: Јазикот свој ќе го величиме, устата ни е со нас, кој е господар над нас? Заради страдањата на сиромавите и офкањата на бедните ќе се кренам сега, вели Господ. Ќе го спасам оној кого сакаат да му напакостат. Зборовите на Господ се зборови чисти сребро во огин исчистено од земја седум пати пречистено. Ти Господе ќе не одбраниѓ и ќе не запазиш од овој род и довека. Нечесните одат наоколу според возвишеноста своја, многу си им допуштил на синовите човечки.

Пс 12 До кога Господе сосема ќе ме забораваш, до кога ќе го одвраќаш лицето свое од мене? До кога ќе размислувам до душата своја и ќе жалам во срцето свое дење и ноќе? До кога непријателот мој ќе се издига над мене? Погледај чуј ме Господе Боже мој, просвети ги очите мој за да не заспијат некако со сон смртен, да не рече непријателот мој: Го надвив. Гонителите мој ќе се зарадуваат ако почнам да премалувам. А јас се надевам на твојата милост, срцето мое ќе се зарадува заради спасението од тебе, ќе му пеам на Господ кој ми направи добрини и ќе го воспевам името на севишниот Господ.

Пс 13 Рече безумниот во срцето свое: Нема Бог. Се развратија луѓето извршија гнасни дела, нема кој да прави добро. Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки за да види има ли кој го разбира и го бара Бог. Сите се застранија сите станаа лоши нема кој да прави добро нема дури ни еден. Зар нема да се вразумат сите што вршат безаконија, кои така го јадат народот мој како што јадат леб и кои не го привикуваат Господ. Таму ќе се уплашат тие од страв, каде што нема страв зашто Господ е во родот на праведните. Вие се подигрувате со сиромавиот но Господ е негова надеж. Кој ќе му даде од Сион спасение на Израилот? Кога Господ ќе ги врати заробените од својот народ тогаш нека се зарадува Јаков и нека се  развесели Израилот.

Пс 14 Господе кој може да престојува во твоето живеалиште? Кој може да се настани во твојата света гора? Оној што оди непорочно што врши правда и во срцето свое говори вистина, кој не клевети со јазикот свој не прави зло на ближниот свој и не го навредува ближниот свој. Ништожен е пред него оној што е злобен. Господ ги слави оние што се плашат од него, кој кога се колне на својот ближен не порекнува, кој не го дава среброто свое со лихва и не прима поткуп против невин. Кој така постапува нема никогаш да се поколеба.

Пс 15 Пази ме Господе зашто на тебе се надевам. Му реков на Господ: Ти си Господ мој моите добра тебе не ти се потребни. На светиите кои се на земјата негова им направи многу добрини и се што сакаа да имаат. Се намножи немоќта на оние што одат кон криви жртви, јас нема да ги принесувам нивните крвави преливи и со устата своја нема да ги спомнам нивните имиња. Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си оној кој го воспоставуа наследството мое, меѓите ми паднаа најубавото зашто наследството ми е најубаво. Ќе го благословувам Господ кој ме вразумува па дури и ноќе ме учи мојот внатрешен глас. Секогаш го гледав пред себе Господ зашто он е од мојата десна страна за да не се поколебам. Заради тоа се возрадува срцето мое и воскликна јазикот мој па дури и телото мое ќе почива во надеж. Оти ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот ниту светецот твој да види распаѓање. Ти ми ги покажа патиштата на животот со радост ме исполнува твоето лице, вечно блаженство е во твојата десница.

Пс 16 Послушај ја Господе правдата моја чуј го гласот на молбата моја, примија молитвата моја што не излегува од лажлива уста. Од твоето лице нека излезе судот за мене. Очите мои нека ја видат вистината. Ти го искуша срцето мое ме посети ноќе со оган ме провери и не најде неправда во мене. Човечки дела нека не зборува устата, моја поради зборовите на устата твоја чекорев по патиштата тешки. Утврди ги стапките мои на патиштата твои за да не ослабнат нозете мои. Кон тебе викам зашто ти ќе ме чуеш Боже. Приклони го увото свое кон мене и чуј ги зборовите мои. Покажи ја твојата чудесна милост ти кој ги избавуваш оние кои се надеваат на тебе од оние што се противат на твојата десница. Пази ме како зеница на окото, засолниме под сенката на твоите крила, од лицето на нечестивите кои ме напаѓаат од непријателите на душата моја што ме опкружуваат. Тие срцето свое го затворија, наоколу со устата своја гордо зборуваат. Гонејќи ме сега ме опколуваат, тие ги управија очите свои за да ме соборат на земја. Тие се како лав подготвен за лов и како лавче кое стои во потајни места. Стани Господе пресретни ги и обори ги, спаси ја душата моја со твојот меч од нечестивиот, од оние Господе кои ги има малку на земјата, раздели ги во нивниот живот и од она што е сокриено твое ќе се наполни стомакот нивни. Откако се наситија синовите нивни од вишокот оставија и за децата свои. А јас пред лицето твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата твоја.

Пс 19 Нека те послуша Господ во тежок ден, да те заштити Името на Бога Јаковов. Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те подкрепи. Нека си спомне за секоја твоја жртва, и сепалениците твои да бидат примени. Да ти даде Господ и она што ти Срце сака и сите твои помисли да ги исполни. Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во Името на нашиот Бог ќе се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби. Сега знаеме дека Господ го спасува својот помазаник, го слуша од светите свои небеса, спасението е во силата на неговата десница. Едни со коли други со коњи а ние со Името на Господ нашиот Бог се фалиме. Тие се сопнаа и паднаа а ние се кренавме и стоиме прави. Господе спаси го Царот и послушај не кога ти се молиме

Пс 20 Господе со твојата сила ќе се весели Царот и за спасението од тебе безмерно ќе се радува. Ти му даде она што срцето негово посака и молбата на устата негова не ја одфрли зашто ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења. Тој побара од тебе живот а ти му даде долголетие во векови вечни. Голема е славата негова поради спасението од тебе. Ти го покри со чест и величие. Ќе положиш на него вечен благослов развеселувајќи го со радоста на Лицето твое зашто царот се надева на Господ и во милоста на севишниот не се сомнева. Раката твоја ќе ги најде сите твои непријатели, десницата твоја ќе ги најде сите што те мразат. Кога ќе се разгневиш ќе ги направиш како огнена печка, гневот Господов ќе ги погуби и оган ќе ги проголта. Ти ќе го уништиш плодот нивни на земјата и семето нивно меѓу човечките синови зашто смислија против тебе зло, се договорија но не можеа ништо да направат. Ти ќе ги поставиш како цел а од твоите лакови ќе пуштиш стрели во лицето нивно. Издигни се Господе со твојата сила. Ние ќе воспеваме и ќе ја прославуваме твојата моќ.

Пс 22 Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува. Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тивки води. Ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името свое. Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото. Зошто ти си со мене. Твојот жезал и твојата палка ме смируваат. Си приготвил пред мене трпеза пред погледот на очите од непријателите мој. Си ја помазал главата моја со елеј и чашата твоја ме напојува со блаженство, и милоста твоја така да ме придржува преку сите денови на мојот живот и јас ќе престојувам во Домот Господов многу дни

Пс 37 Господе во јароста своја не карај ме и во гневот свој не казнувај ме зашто стрелите твои се забија во мене и твојата рака тежи врз мене. За телото мое нема лек од твојот гнев во коските мој нема мир од гревовите мој зашто беззаконијата ја надвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа. Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое. Настрадав и се стопив сосема. Цел ден натажен одам бидејќи одвнатре горам од оган, нема лек за телото мое. Господе прд тебе се сите мои желби и мојата воздишка не е сокриена од тебе. Срцето ми се возбуди и ме напушти силата моја и светлината на очите мои, и неа ја нема во мене. А оние што ја бараа душата моја зборуваа лошо и без основа и секој ден кроеа сплетки, а јас пак како глув не слушав и сум како нем кој не ја отвора устата своја, станав како човек што не слуша и што во устата своја нема прекор зашто на тебе Господе се надевав. Ти ќе ме послушаш Господе Боже мој оти си реков: да не се погордеат над мене моите непријатели и кога ми се поколебаа нозете мои, тие изговорија лоши зборови над мене. Готов сум да паднам и јадот мој е секогаш пред мене. Беззаконието свое го признавам и се смирувам поради гревот мој. А непријателите мој живеат и се посилни стануваат од мене и се намножија оние што неправедно ме мразат, па враќајќи ми зало за добро бидејќи бев за правда тие ме отфлија како мртовец. Не оставај ме Господе Боже мој, не отстапувај од мене. Побрзај да ми помогнеш Господе Спасителу мој.

Пс 50 Помилувај ме Боже поради големата твоја милост и заради големата твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Најнапред измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене. Пред тебе единствениот згрешив и пред тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш. Ете во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Но ти ја засака вистината во срцето и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајна премудрост твоја. Пороси ме со испоп и ќе бидам чист, измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати. Сврти го лицето свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене Боже, и Дух вистински обнови во мене. Не одфрлувај ме од лицето свое и Светиот Дух не одземај го од мене. Врати ми ја радоста спасувајќи ме и со својот моќен Дух зацврсти ме. Беззакониците ќе ги научам да одат по твоите патишта и безбожниците кон тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта Боже на моето спасение и јазикот мој ќе се зарадува на твојата правда. Господе, отвори ја устата моја и устата моја ќе ја објави похвалата твоја. Оти да сакаше жртва јас ќе ти ја принесев, но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бог е смирен дух, срце понизно и смирено Ти Боже не одфрлуваш. Господе направи му добро на Сион според благоволението свое воздигни ги ѕидовите Ерусалимски. Тогаш ќе ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици, тогаш на твојот олтар ќе принесуваат телци

Пс 62 Боже мој кон тебе поранувам, за тебе зажедне душата моја. Колку пати за тебе копнее телото мое на земјава пуста неплодна и безводна. И така се појавив во светилиштето твое за да ја видам твојата сила и твојата слава. Зашто милоста твоја е подобра од животот, устата моја ќе те фали. Така ќе те благословувам во животот мој и во твое Име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и елеи се наситува душата моја и со радосен глас ќе те фали устата моја. Кога ќе се сетам на тебе во постелата моја во утринските часови за тебе размислувам зашто ти си ми помошник и во сенката на твојата закрила ќе воскликнувам. Кон тебе се приближи душата моја твојата десница ме поддржува. А оние кои залудно го побараа мојот живот ќе слезат во пеколот. Ќе бидат поразени со силата на мечот ќе станат плен за лисите. А царот ќе се зарадува во Бога и секој ќе се фали кој во него се колне бидејќи ќе им се затне устата на оние што говорат неправда. Размислувам за тебе за време на ноќните стражи зашто си мојата помош и под сенката на твојата закрлила ќе се зарадувам. Кон тебе се приврза душта моја, твојата десница ме поддржа.

Пс 87 Господе Боже на моето спасение дење те призивам и ноќе сум пред тебе за да дојде пред тебе молитвата моја, приклониго увото свое кон молбата моја, Господе, зашто душата моја е полна со јад и животот се приближи до адот. Се изедначив со оние што слегуваат во гроб, станав како човек без помош, слободен меѓу мртите, како фрлени и ранети што лежат во гроб за кои ти веќе не се сеќаваш, тие се оттурнати од твојата рака. Ме положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка. Ја истури врз мене твојата јарост и со сите свои бранови ме поразуваш. Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив, затворен сум и не можам да излезам. Очите мои ослабеа од сиромаштија, цел ден викам кон тебе Господе, ги протегам рацете кон тебе. Зар на мртовци ќе правиш чуда? Зар сенките ќе се кренат и ќе те слават? Зар во гроб некој ќе кажува за твојата милост и за твојата вистина, во местото на распаѓањето? Зар во темнината ќе ги познаат твоите чудеса и во земјата на заборавот твојата правда? Но јас повикав кон тебе Гопсоде и наутро молитвата моја те испреварува. Зошто Господе ја отргнуваш душата моја и го одвраќаш лицето свое од мене? Јас сум несреќен и од младини се мачам, се возгордев, се смирив и изнемоштен сум. Над мене се надви твојата јарост, твоите заплашувања наполно ме скршија. Секој ден ме опкружуваат како вода, сите заедно ме опседнуваат. Ти го оддалечи од мене ближниот и непријателот, моите познати не се гледаат. Господе Боже на моето спасение, дење и ноќе те повикувам тебе. Нека влезе пред твоето лице мојата молитва, наклони го увото кон мојата молба.

Пс 102 Благословувај го душо моја Господа, и целата моја внатрешност да го благословува неговото Свето Име. Благословувај го душо моја Господа и не заборавај ги сите негови добрини, на оној кој ги очистува сите твои беззаконија, кој ги исцелува сите твои болести. Кој го избавува од распаѓање твојот живот, кој те овенчува со милост и со добрини. Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ќе се обновува твојата младост. Господ им дава милост и суд на сите онеправдани. Он му ги покажа своите патишта на Мојсеј, на Израилевите синови барањата свои. Дарежлив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. Он не се гневи до крај ниту вечно се лути. Он не ни направи ништо според нашите беззаконија и не постапи според нашите гревови, зашто колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од него. Колку е далеку исток од запад, толку ги одалечил он од нас нашите беззаконија. Како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние што се бојат од него. Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека ние сме земја. Деновите на човекот се како трева, како полски цвет, така прецутува тој. Ќе дувне ли над него ветер и веќе го нема, и местото веќе нема да се познава. А милоста на Господ е од век до век спрема оние кои се бојат од него и правдата негова е од синовите на синовите кои го чуваат заветот негов и ги помнат заповедите негови за да ги исполнуваат. Господ го поставил својот престол на небото и царството негово владее над се. Благословувајте го Господ сите ангели негови, моќни по сила, кои го извршуваат неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот негов. Благословувајте го Господ сите негови војски, негови служители кој ја исполнувате вољата негова. Благословувајте го Господ сите негови дела по сите места на неговото владеење. Благословувај го душо моја Господа.

Пс 134 Фалете го Името Господово, фалете го слуги Господови, Алилуја. Вие кои стоите во домот Господов во дворовите од домот на нашиот Бог. Фалете го Господа зашто е Господ добар, пејте му на Името негово зашто тоа е мило. Зашто Господ го избра Јаков, Израилот за свое наследство. Бидејќи познав дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови. Се што посака Господ создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни. Доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Он кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни. Оној кој ги порази првенците во Египет од човек до добиток, покажа знаци и чудеса среде тебе Египет на фараонот и на слуги негови. Порази многу народ и истреби силни цареви. Сион царот аморејски и Ог царот васански и сите цареви ханански и му ја даде нивната земја во наследство на својот народ Израилот. Господе Името твое е вечно, Господе споменот за тебе е од род во род зашто Господ ќе му суди на својот народ и ќе биде милостив над слугите свои. Идоли на незнабожците се среброто и златото, дело на раце човечки. Имаат уста но не говорат имаат очи но не гледаат. Имаат уши но не слушаат ниту пак во устата нивна има здив. Слични на нив нека бидат и оние што ги прават и сите кои на нив се надеваат. Доме Израилев благословувај го Господ. Доме Аронов благословувај го Господ. Доме Левиев благословувај го Господ. И вие кој се плашите од Господ благословувајте го Господ. Нека е благословен Господ од Сион кој  живее во Ерусалим.

Пс 135 Славете го Господ зашто е добар зашто е вечна милоста негова, Алилуја. Славете го Бога на Боговите зашто е вечна милоста негова. Славете го Господ над Господарите зашто е вечна милоста негова. Единиот кој прави големи чудеса зашто е вечна милоста негова. Кој премудро го создаде небото зашто е вечна милоста негова. Кој ја утврди земјата врз водите зашто е вечна милоста негова. Единиот кој ги создаде големите светила зашто е вечна милоста негова. Сонцето да управува со денот зашто е вечна милоста негова. Месечината и ѕвездите да управуаат со ноќта зашто е вечна милоста негова. Кој го порази Египет и првородените негови зашто е вечна милоста негова. Кој го изведе Израилот од средината нивна зашто е вечна милоста негова. Кој го раздвои црвеното море.. и го преведе израилот среде него.. а фараонот и војската негова го фрли во црвеното море.. кој го преведе својот народ преку пустината.. кој ги порази големите цареви.. и ги погуби силните цареви.. и Сион царот аморејски.. и Ог царот васански.. и му ја даде земјата во наследство.. во наследство на својот слуга Израилот.. кој се сеќава на нас во нашата смиреност.. и не избавува од непријателите наши.. и кој дава храна на секое тело.. славете го небесниот Бог..

Пс 142 Господе послушај ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради твојата вистина. Послушај ме поради твојата правда и не стапувај во суд со твојот слуга зашто пред тебе нема да се оправда ниту еден од живите. Непријателот ја прогонува душата моја го понизил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени, одпадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое. Се сетив на дамнешните дни и размислував за сите твои дела, расудував за делата на твоите раце. Ги протегнав кон тебе рацете мои, душата моја е жедна за тебе како сува земја. Послушај ме поскоро Господе, духот мој малакса, не одвраќај го лицето свое од мене за да не заприлегам на оние кои слегуваат во гроб. Соопшти ми ја утрената милост твоја зашто на тебе се надевам Господе. Покажи ми го Господе патот по кој да одам зашто кон тебе ја вознесувам душат моја. Избавиме Господе од моите непријатели зашто при тебе прибегнав. Научи ме да ја исполнувам вољата твоја зашто ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат. Заради твоето име Господе ќе ме оживиш, поради твојата правда ќе ја избавиш од невоља душата моја. Според милоста твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите кои ја измачуваат душата моја зашто јас сум слуга твој. Послушај ме Господе по твојата правда и не влегувај во суд со твојот слуга. Твојот благ Дух нека ме води во земјата на правдата.

Пс 148 Се што диши нека го фали Господ. Фалете го Господ на небесата, фалете го на височините. Тебе ти прилега песна на Бог. Фалете го сите ангели негови, фалете го сите војски негови. Тебе ти прилега песна на Бог. Фалете го сонце и месечино, фалете го сите звезди и светила, фалете го небеса над небесата и водите над небесата. Нека го фалат Името на Господ зашто Он рече и тие се јавија, заповеда и се создадоа. Ги постави засекогаш и за вечни времиња. Даде наредби кои нема да се нарушат. Фалете го Господ од земјата вие сите али и бездни. Огнот и градот снегот и мразот и ти бурен ветру кој го исполнуваш словото негово. Гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри, ѕверови и сиот добиток влекачи и птици крилати, цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии, момчиња и девојки старци со децата, сите нека го фалат Името на Господ зашто само неговото Име е возвишено, него нека го фалат на Небото и Земјата. Он ќе ја подигне силата на својот народ. Он ги прославува сите свои светии, синовите израилеви, на народот кој му е близок.

Пс149 Запејте му на Господ нова песна, похвала за него да се чуе во храмот на светиите. Нека се весели Израилот на својот Создател. А синовите на Сион нека се радуваат на својот Цар. Нека го фалат Името негово во оро, со тимпани и со гусли нека го слават зашто Господ го сака својот народ и ќе ги возвиши кротките спасувајќи ги. Ќе се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои. Славословиа за Бог ќе има во устите нивни и двоостар меќ во рацете нивни, за да извршат одмазда на народите, за казна над племињата, да ги врзат во вериги царевите нивни и нивните властелини со железни окови на рацете.

Пс 150 Фалете го Бога во неговата Светиња, фалете го во цврстината на силата негова. Фалете го поради неговите сили, фалете го поради многуте величија негови. Фалете го со трубен звук, фалете го со псалтир и гусли. Фалете го со тимпани и во ора, фалете го на струни и со свирка, фалете го со милозвучни кимвали, фалете го со кимвали громогласни. Се што диши нека го фали Господ. Алилуја.

  

 

        
 

Сите Теми и Линкови на Тивка Светлина
www.oocities.com/tivkasvetlina



 

1