АКТИВНОСТИ НА КОИ СЕ ЗАЕБАВАВМЕ


ФОТОГРАФИИ КНИГА НА ПОСЕТИТЕЛИ АКТИВНОСТИ  KOНTAKT

 

СЛАВНА ЛИСТА
ЛИНКОВИ

Од 15 до 21 април 2002 година во Охрид, во Хотелот „Бевли„ се одржа еден страшно добар семинар каде што јас (Норик) и мојот нов другар од Ростуше, Хелмер, научивме да Kрадиме сајтови како овој што сега го гледате. Имавме страшно ОК даскали, кои ни кажаа дека за еден сајт да биде супер, треба најпрво да биде ОПАСЕН, СТРАШЕН, и ептен ЗАЕБАН, а истовремено да работат сите линкови. Нели е тешко??!?!. Но, со ваша помош ние ќе сватиме дали навистина работат линковите. Овој текст го пишувам со премногу емоции, целиот во трепет, а само што се разбудив пред 15-20 мин , такада уште сум поспан, па ако има грешки , поправете си ги, за да не ви пречат.

Прееска кога седнав да го пишувам овој текст, сакав да ви кажам страшно јак виц, ама додека чекав да се отвори Word-од, вицот го заборавив, но ако навистина толку ви е до вицеви, слободно одетеси од овој сајт.

Односно, ние двајца одлучивме да изградиме сајт со кој ќе ги наведеме нашите главни актовности во времетраење на семинарот. А меѓу главните беше играта МАФИЈА, која нас „чесни граѓани„ не претвори во „мафијаши„ од тешка категорија, типот на Дон Кореоне Кларакузи.

Па редно е да спомнам некое има тука, да не испадне дека јас и Хелмер сме единствени. Би го спомнал Цезар и Шлаке како главни даскали, а за другите повеќе среќа другиот пат.

 


 

Мафија

 

  - Како што кажав, мафија е една од најопасните игри, која е пожелно да се игра навачер. Зашто?!?!? - Не знам, ама поинтересно е. Ако некој од вас дознае, нека слободно ми каже, нормално ако ме најде хахаха. Е сега не знам дали ви е криво што јас го пишувам овој текст, и ви одам по живци, а вие седите дома, покрај вашите не знам колку инчни монитори и не сте во можност да направите ништо, затоашто имате работа со мафијашка банда која може вечер да помине покрај вашите домови, и да ве ликвидира. Затоа не се обидувајте да го критикувате овој сајт ни во најмала рака, оти сме поврзани со некаква си шпиунажа од Океанското подземје (не ги знам ни јас како се викаат, ама опанси се), а слушнав дека синоќа некое рипче многу пиело вода во Океанот, и утредента го нашле отруено, наводно, Ајкулата испуштила некаков си нуклеарен гас, а уствари она си го изела рипчето па за коските не знам.

 

 


© Copiryght МАФИЈА 2002

сите права, слики и текстови мафијашки се заштитени