Златен Збор

Добре дојдовте во сајтот на нашиот училиштен весник "Златен Збор". Да не ви зборуваме многу, слободно разгледајте го сајтот и уживајте во него.
Ние сме ученици од битолското основно училиште "Гоце Делчев". Сајтот е направен за време на издавањето на седмиот број од весникот кој излегува еднаш годишно, обично во месец мај. Во него има содржини од сите области (компјутери, техника, љубов, филм, музика, спорт...). Весникот секоја година се издава од членовите на новинарската секција. Оваа година одговорна беше професорката Емилија Прчкова. Со нејзина помош, весникот беше успешно издаден. Рубриките се пишувани од учениците, и затоа ние многу се гордееме со она што го подготвивме. Во креирањето на весникот можат да учествуваат ученици од V до VII одделение, а нашите соученици - Албанци имаат своја страница со творби на својот мајчин јазик.
Новинарската секција има соработка со членовите и на другите секции кои активно работат во нашето училиште. Во нашата страна можете да најдете информации за секциите