
-
Како
Што Си Ти
Татко Во
Мене И Јас Во
Тебе
Така
И Тие Да
Бидат
Во
Нас Едно
Јас Сум Во
Нив И Тие Се
Во Мене, За Да
Бидат Во Се
Едно
3 *
Вистина Вистина ти велам, ако некој не се роди
од горе, не може да го види Царството
Божјо. Ако некој не се роди од Вода и Дух не може да влезе во Царството Божјо,
зошто роденото од тело, тело е, а роденото од Дух, Дух е. Затоа не се чуди што
ти реков, вие треба да се родите од горе. Ветерот дува каде што сака и гласот
негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди. Така е со секој човек
роден од Дух Ние зборуваме за она што знаеме и сведочиме за она што сме
виделе а вие нашето сведоштво не го примате. Кога за земни работи ви зборував
не верувавте, како ќе поверувате ако би ви говорел за небесните ? Никој не се
искачи на Небото освен Синот Човечки кој слезе од Небо и кој пребива на
Небото. И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината така треба да се
издигне и Синот Човечки, и секој што верува во Него да не загине но да има
живот вечен. Зошто Бог толку го возљуби светот што го даде својот единороден
Син и секој што верува во него да не погине но да има живот вечен. Оти Бог не
го испрати својот Син во Светот за да му суди на Светот, туку светот да се
спаси преку него. Кој верува во Него нема да биде суден, а кој не верува тој е
веќе осуден, оти не поверувал во Името на единородниот Син Божји. А овој суд е
за тоа што светлината дојде на светот но на луѓето им омиле повеќе мракот
отколку светлината оти нивните дела беа лоши. Зошто секој што прави зло ја
мрази Светлината и не оди кон светлината за да не бидат осудени неговите дела
оти се лукави. А оној што твори Вистина оди кон Светлината за да се видат
неговите дела бидејќи се по Бога извршени 4 *
Кога би го знаела дарот Божји и кој е оној што ти вели дај ми да пијам ти сама
би побарала од него и Он би ти дал вода жива. Секој што пие од оваа вода
повторно ќе ожедни а кој пие од водата што ќе му ја дадам јас нема никогаш да
ожедни. Таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.
Жено, верувај ми дека иде часот кога ни во оваа планина ниту во Ерусалим ќе се
поклонувате на Таткото. Вие му се клањате на она што не го знаете а ние се
клањаме на она што го знаеме, зашто спасението е од Јудејците. Но иде време и
дошло веќе кога вистинските поклоници ќе му се поклонуваат на Таткото со Дух и
Вистина зашто Таткото сака такви да бидат оние кои му се клањаат. Бог е Дух и
оние што му се клањаат треба да се поклонуваат со Дух и Вистина
5 * Синот не може да прави ништо сам од себе
ако не го види Таткото да прави оти она што го прави Он тоа истото го прави и
Синот зашто Таткото го сака својот Син и му покажува се што прави сам и ќе му
покаже дела поголеми од овие за да се чудите вие. Оти како што Таткото
воскреснува од мртви и оживува така и Синот ги оживува оние кои што сака.
Таткото не суди никого но целиот суд му го предаде на Синот. И сите да го
почитуваат Синот како што го почитуваат Таткото. Кој не го почитува Синот тој
не го почитува ни Таткото кој што го пратил. Вистина Вистина ви велам кој го
слуша словото мое и верува во Оној кој ме пратил има живот вечен и нема да
дојде на суд а преминал од смрт во живот. Вистина
ви зборувам иде часот и дошол веќе кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот
Божји и штом го чујат ќе оживеат. Оти како што Таткото има живот во себе така
му даде и на Синот да има живот во себе. И му даде власт да осудува оти е Син
Човечки. Не чудете се на ова зошто иде часот кога сите кои што се во гробовите
ќе го чујат гласот на Синот Божји и ќе излезат: Кои правеле добро ќе
воскреснат за живот а кои правеле зло ќе воскреснат за осудување. Но јас ништо
не можам да правам сам од себе. Како што слушам така и судам и мојот суд е
праведен. Оти не ја барам вољата моја а вољата на Таткото кој што ме прати.
Ако јас сведочам сам за себе, сведоштвото мое нема да биде вистинско но има
друг што сведочи за мене и знам дека е вистинско тоа сведоштво со кое Он
сведочи за мене. Вие пративте при Јована и тој ви посведочи за Вистината, само
јас не го примам сведоштвото од човек туку го кажувам ова за да се спасите
вие. Тој беше светило што гори и свети а вие малку време сакавте да се
порадувате на неговата Светлина. Но јас имам поголемо сведоштво од Јовановото
оти делата што ми ги даде Таткото да ги извршам, самите тие дела што ги
извршувам јас сведочат за мене дека ме пратил Таткото и Таткото кој ме прати
сам сведочи за мене, а вие ни гласот негов никогаш не сте го чуле ниту лицето
негово сте го виделе. И зборовите негови не се во вас зошто не верувате во
оној кого го пратил Он. Прегледајте го писмото зошто вие мислите дека преку
него ќе имате живот вечен. И тоа сведочи за мене. Но не сакате да дојдете при
мене за да имате живот. Од луѓе слава не примам но ве разбрав дека во себе
Љубов Божја немате. Јас дојдов во името на мојот Татко и не ме примате а некој
друг ако дојде во свое име него ќе го примите. Како можете вие да поверувате
кога примате слава еден од друг а славата што е од Единиот Бог не ја барате.
Немојте да мислите дека јас ќе ве обвинувам пред Таткото. Има кој да говори
против вас. Мојсеј на кого вие се надевате. Оти ако му бевте верувале на
Мојсеја и мене ќе ми поверувавте зошто тој пишуваше за мене. Ако на неговите
напишани работи не поверувавте како тогаш ќе им поверувате на моите зборови
6 * Не Мојсеј ви даде леб од небото а мојот
Татко ви дава Вистински Леб од Небото, зошто Лебот Божји е оној кој слегува од
Небото и му дава живот на светот. Јас сум Лебот на животот. Кој доаѓа при мене
нема никогаш да огладне и кој верува во мене нема никогаш да ожедни, но ви
реков дека вие и ме видовте и повторно не верувате. Се што ми дава Таткото ќе
дојде при мене а кој доаѓа при мене нема да го избркам надвор оти слегов од
Небото не да ја извршувам мојата воља туку вољата на Таткото кој ме прати, а
вољата на Таткото кој ме прати е оваа: Од се што ми дал да не погубам ништо
туку да го воскреснам во последниот ден. Вољата на оној што ме прати е: Секој
што ќе го види Синот и поверува во него да има живот вечен и јас ќе го
воскреснам во последниот ден. Не гневете се помеѓу себе. Никој не може да
дојде при мене ако не го привлече Таткото кој ме прати и јас ќе го воскреснам
во последниот ден. Кај пророците е напишано: И ќе бидат сите од Бога научени.
Секој што чул од Таткото и се научил доаѓа при мене, но тоа не значи дека
некој го видел Бога освен оној кој е од Бога. Само Он го видел Таткото.
Вистина Вистина ви велам. Кој верува во мене има живот вечен. Јас сум лебот на
животот. Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа. А ова е леб што
доаѓа од Небото и оној кој јаде од него нема да умре. Јас сум живиот леб што
слезе од небото. Кој јаде од овој леб ќе живее вечно а лебот што ќе го дадам
јас е моето тело што ќе го предадам за живот на светот. Ако не го јадете
телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта негова не ќе имате живот во себе.
Кој го јаде моето тело и ја пие мојата крв има живот вечен и јас ќе го
воскреснам во последниот ден. Зошто моето тело е вистинска храна и мојата крв
е вистинско питие. Кој јаде од моето тело и пие од мојата крв ќе биде во мене
и јас во него. Како што ме прати живиот Татко и јас живеам преку Таткото, така
и тој што јаде од мене ќе живее преку мене. Ова е лебот што слезе од небото. А
не како Татковците ваши што јадеа мана и изумреа. Кој јаде од овој леб ќе
живее довека. Зар ова ве соблазнува? Ами ако го видите Синот Човечки да се
вознесува горе каде што бил порано ? Духот е тој што оживува. Телото ништо не
помага. Зборовите што ви ги кажав се Дух и Живот 7
* Учењето мое не е мое а на оној што ме прати. И ако некој сака да ја врши
вољата негова ќе разбере дали е ова учење од Бога или јас сам од себе
зборувам. Кој говори сам од себе тој ја бара својата слава. А кој ја бара
славата на Оној што го пратил, Он е вистина и во него нема неправда. Зар не ви
даде Мојсеј закон. Но никој од вас не го исполнува законот. Кој е жеден нека
дојде при мене да пие. Кој верува во мене од неговата утроба како што е речено
во писмото ќе потечат реки од жива вода 8 * Јас
сум Светлина на светот. Кој врви по мене нема да оди во темнина а ќе има
светлина во животот. Макар што сведочам сам за себе моето сведоштво е
вистинско зошто знам од каде сум дошол и на каде одам. А вие не знаете од каде
сум дошол и на каде одам. Вие судите по телото. Јас не судам никому. И ако
судам јас мојот суд е вистински, зошто не сум сам туку јас и Таткото кој ме
прати. А во законот ваш е напишано дека сведоштвото на двајца луѓе е
вистинско. Јас сум што сведочам за себе и Таткото кој ме прати сведочи за
мене. Вие не ме знаете ни мене ни мојот Татко, ако ме знаевте мене ќе го
знаевте и мојот Татко. Јас си одам и ќе ме барате, и во својот грев ќе умрете.
Јас каде што одам вие не можете да дојдете. Вие
сте од долните а јас сум од горните. Вие сте од овој свет, јас не сум од овој
свет. Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови. И навистина ако не
поверувате дека сум јас, ќе умрете во гревовите свои. Многу имам за вас да
зборувам и да судам, но оној што ме прати е вистински и она што сум чул од
него тоа и му го кажувам на светот. Кога ќе го издигнете Синот Човечки тогаш
ќе узнаете дека сум јас и дека ништо не правам сам од себе туку како што ме
научи мојот Татко така и зборувам. Оној што ме прати е со мене, Таткото не ме
остави сам оти секогаш го вршам она што му е угодно. Ако вие остантете при
моето слово навистина ќе бидете мој ученици и ќе ја познаете Вистината и
Вистината ќе ве ослободи. Секој што прави грев роб му е на гревот, а робот не
останува вечно дома. Синот останува вечно. И ако Синот ве ослободи навистина
ќе бидете слободни. Знам дека сте семе Авраамово, но сакате да ме убиете зашто
словото мое не може да се смести во вас. Јас го кажувам она што сум го видел
кај мојот Татко а и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот Татко. Ако
бевте деца Авраамови вие ќе ги вршевте делата Авраамови, а сега сакате да ме
убиете мене човекот, кој ви ја кажав Вистината што ја чув од Бога. Авараам
така не правеше. Вие ги вршите делата на својот Татко. Ако Бог беше ваш татко
тогаш ќе ме сакавте мене бидејќи јас сум излегол и доаѓам од Бога оти не сум
дошол сам од себе, а Он ме прати. Зошто не ги разберете моите зборови ? Затоа
што не можете да ги слушате поуките мои. Вашиот татко е ѓаволот и вие сакате
да ги исполнувате желбите на својот татко. Тој е човекоубиец од почетокот и не
стои во Вистината зошто во него нема Вистина. Кога зборува лага говори од себе
зошто е лажец и татко на лагата. А бидејќи јас Вистината ви ја кажувам не ми
верувате. Кој од вас може да ме укори за неправда ? Ако ли, пак, вистина
зборувам тогаш зошто не ми верувате. Кој е од Бога тој ги слуша зборовите
Божји. А вие не ги слушате зошто не сте од Бога. Во мене нема бес туку го
почитувам својот Татко а вие ме безчестите. Но јас не ја барам славата своја а
има друг што ја бара и кој што ќе суди. Вистина Вистина ви велам. Кој ќе ги
запази зборовите мои нема да види смрт довека. Ако се славам сам, тогаш
славата моја е ништо. Мојот Татко е, што ме прославува и за кого вие велите
дека е ваш Бог. Но не го познавате, а јас го знам. И ако кажам дека не го
познавам ќе бидам лажец како вие. Но јас го знам и го пазам словото негово.
Авраам таткото ваш би се зарадувал да го види мојот ден. И го виде и се
зарадува. Јас постојам уште пред
да се роди Авраам 9 * За суд дојдов јас во овој
свет. За да прогледаат слепите а оние што гледаат да станат слепи. Да бевте
слепи грев немаше да имате а сега велите оти гледате, затоа гревот ви останува
10 * Кој не влегува низ вратата во овчото трло
а прескокнува од другата страна, крадец е и разбојник. А кој влегува низ
вратата пастир е на овците. Нему вратарот му отвара и овците го слушаат гласот
негов и тој ги вика своите овци по име и ги изведува. И кога ќе ги изведе
овците свои оди пред нив и овците одат по него бидејќи му го познаваат гласот
негов, а по туѓ човек не одат туку бегаат од него оти гласот на туѓиот не го
познаваат. Јас сум вратата на овците. Сите, колку што дојдоа пред мене крадци
се и разбојници, но овците не ги послушаа. Јас сум вратата. Кој ќе влезе преку
мене ќе се спаси и ќе влезе и ќе излезе и пасиште ќе најде. Крадецот доаѓа
само да украде да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот вечен и да
имаат изобилие. Јас сум добриот пастир. Добриот пастир си ја полага душата
своја за овците. А наемникот кој не е пастир и кому овците не се негови виде
ли волк да иде ги остава овците и бега и волкот ги разграбува и ги распрснува
овците. Наемникот бега зашто е наемник и не се грижи за овците. Јас сум
добриот пастир и ги знам моите и моите ме знаат мене. Како мене што ме познава
Таткото така и јас го познавам Таткото и душата своја ја полагам за овците
свои. И други овци имам што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам и ќе
го чујат гласот мој и ќе биде едно стадо и еден пастир. Затоа ме љуби Таткото
зошто јас душата своја си ја полагам за да ја примам пак. Никој не ми ја отима
туку јас сам од себе ја давам. Имам власт да ја дадам и власт имам да ја
примам. Оваа заповед ја примив од својот Татко. Ви реков и не верувате, делата
што ги вршам јас во името на мојот Татко, тие сведочат за мене. Но вие не
верувате оти не сте од моите овци како што ви реков. Моите овци го слушаат
мојот глас и јас ги познавам и тие одат по мене. И јас ќе им дадам живот вечен
и никогаш нема да загинат и никој не ќе ги отме од раката моја. Мојот Татко
што ми ги даде е поголем од сите и никој не може да ги грабне од раката на
мојот Татко. Јас и Таткото Едно Сме. Многу добри дела ви јавив од мојот Татко.
За кое од тие дела фрлате камења на мене? Не е ли напишано во вашиот закон:
Јас реков Богови сте. Ако Он ги нарече Богови оние кон кои беше упатено
словото Божјо и не можеше да се урне писмото. А на оној ли кого го освети
Таткото и го прати во светот вие велите: Хулиш на Бога, дека реков јас сум син
Божји. Ако не ги вршам делата на мојот Татко не верувајте ми. А ако ги вршам
макар што мене не ми верувате, на делата мои поверувајте за да разберете и
поверувате дека Таткото е во мене и јас сум во него 11
* Нели дванаесет часови има во денот. Кој оди дење не се сопнува зошто ја
гледа светлината на овој свет, а кој оди ноќе се сопнува оти нема светлина во
него. Јас сум воскресението и животот. Кој верува во мене и да умре ќе живее и
секој што живее и верува во мене нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?
12 * Дојде часот да се прослави Синот Човечки.
Вистина Вистина ви велам ако зрното пченично што паднало на земја, не умре
останува само. А ако умре ќе донесе голем плод. Кој ја сака душата своја ќе ја
загуби, а кој ја мрази душата своја на овој свет ќе ја запази за живот вечен.
Кој ми служи мене нека врви по мене и каде што сум јас таму ќе биде и мојот
слуга и кој ми служи мене него ќе го уважува и мојот Татко. Душата сега ми се
нажали и што да кажам ? Татко, избавиме од овој час. Но заради тоа и дојдов на
овој час. Татко, прослави го името свое. (Тогаш дојде глас од небото: И го
прославив и пак ќе го прославам) Не заради мене беше овој глас но заради вас.
Сега е судот на овој свет. Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран надвор и
кога јас ќе бидам издигнат од земјата сите ќе ги привлечам кон себе. Уште
малку време светлината е со вас. Одете дури има светлина за да не ве опфати
мракот. А кој оди по мрак не знае каде оди. Додека ја имате светлината
верувајте во светлината за да бидете синови на светлината. Кој верува во мене
не во мене верува а во Оној кој што ме пратил и кој ме гледа мене го гледа
Оној што ме пратил. Јас како Светлина дојдов во светот така што никој кој
верува во мене да не остане во темнина. И ако некој ги чуе зборовите мои и не
поверува, јас нема да го судам оти не дојдов да му судам на светот туку светот
да го спасам. Кој што се откажува од мене и не ги прима зборовите мои има кој
да го суди: Словото што го кажав
тоа ќе го осуди во последниот ден. Зошто јас сам од себе не зборувам, но
Таткото кој ме прати он ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. И знам
дека заповедта негова е живот вечен. А она што зборувам јас го зборувам така
како што ми рече Таткото 13 * Вие ме нарекувате
учител и Господ и право велите бидејќи јас сум таков. Ако јас Господ и учител
ви ги измив нозете тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете.
Затоа ви дадов пример да правите и вие така како што ви направив јас. Вистина
Вистина ви велам. Нема слуга поголем од својот гоподар ниту пратеник поголем
од оној што го пратил. Кога го знаете ова блажени сте ако го извршувате. Кој
го прими оној што го праќам јас мене ме прима а кој ме прима мене го прима
оној што ме пратил. Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во него.
Ако Бог се прослави во Него и Бог ќе го прослави во себе и веднаш ќе го
прослави. Деца, уште малку сум со вас. Ќе ме барате и како што им реков на
Јудејците дека каде што одам јас вие не можете да дојдете и вам ви велам сега.
Нова заповед ви давам. Да се љубите еден со друг. Како јас што ве возљубив,
така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте мои
ученици, ако имате Љубов помеѓу себе 14 * Да не
се плаши срцето ваше. Верувајте во Бога и во мене верувајте. Во домот на мојот
Татко има многу места за живеење. А да немаше јас ќе ви кажев. Одам да ви
приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место пак ќе дојдам и ќе ве
земам вас при себе за да бидете и вие каде што сум јас. А каде одам јас
знаете, и патот го знаете. Јас сум патот, вистината и животот. Никој не доаѓа
при Таткото освен преку мене. Ако ме бевте познавале, ќе го познававте и мојот
Татко. А од сега го познавате и сте го виделе. (Филип му рече: Господи покажи
ни го Таткото и доста ни е) Толку време сум со вас и не си ли ме познал Филипе
? Кој ме видел мене го видел Таткото. И како ти велиш покажи ни го Таткото. Не
верувате ли дека јас сум во Таткото и дека Таткото е во мене. Зборовите што ви
ги кажувам од себе не ги зборувам. А Таткото кој е секогаш во мене, Он ги врши
делата. Верувајте ми дека јас сум во Таткото и Таткото е во мене. Ако ли не,
тогаш верувајте во мене заради делата. Вистина вистина ви велам: Кој верува во
мене делата што ги вршам јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши. Оти
јас си одам при својот Татко, и што и да посакате од Таткото во мое име ќе ви
го направам, за да се прослави Таткото во Синот. Ако посакате нешто во мое име
јас ќе го направам. Ако ме љубите, пазете ги моите заповеди. Јас ќе го помолам
Таткото и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека, Духот на
Вистината кого светот не може да го прими оти не го виде ниту го познава, а
вие го познавате зашто во вас е, и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци,
ќе дојдам при вас. Уште малку и светот веќе нема да ме гледа, а вие ќе ме
гледате, зошто јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден вие ќе разберете дека
јас сум во мојот Татко и вие сте во мене, и јас сум во вас. Кои ги има
заповедите мои и ги пази, тој е оној што ме љуби, а кој ме љуби мене, возљубен
ќе биде од мојот Татко, и јас ќе го возљубам и ќе му се јавам сам. Ако некој
ме љуби ќе го пази Словото мое и мојот Татко ќе го возљуби и ќе дојдеме при
него и живеалиште во него ќе направиме. Кој не ме љуби, не го запазува Словото
мое, а Словото што го слушате не е мое, туку на мојот Татко, кој ме прати. Ова
ви го реков бидејќи сум со вас, а Утешителот пак, Духот Свети, кого што
Таткото ќе го испрати во мое име, Он ќе ве научи на се и ќе ви напомни за се
што сум ви зборувал. Мир ви оставам, мирот свој ви го давам. Јас ви го давам
не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше ниту да се бои. Чувте
дека јас ви реков: Одам од вас и пак ќе дојдам при вас. Но ако ме љубевте мене
ќе се зарадувавте што реков одам при мојот Татко, зошто мојот мојот Татко е
поголем од мене. И сега ви кажав уште пред да се изврши. И кога ќе се изврши
да поверувате 15 * Јас сум вистинска лоза.
Мојот Татко е лозарот. Секоја прачка во мене која што не дава плод Он ќе ја
исече, и секоја која што дава плод ќе ја очисти за да принесе повеќе плод. Вие
сте веќе чисти преку словото кое ви го проповедав. Бидете во мене и јас ќе
бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе ако не е на
лозата, така и вие ако не бидете во мене. Јас сум лозата, а вие прачките и кој
што е во мене и јас во него, тој ќе даде многу плод. Оти без мене не можете да
направите ништо. Ако некој не остане во мене ќе биде исфрлен надвор како
прачката и ќе се исуши а такви ќе ги соберат и во оган ќе ги фрлат и ќе
изгорат. Ако останете во мене и зборовите мои во вас тогаш што и да посакате
барајте и ќе ви биде. Со тоа ќе се прослави мојот Татко ако вие принесувате
многу плод и ако бидете мои ученици. Како што ме возљуби Таткото, и јас ве
возљубив вас. Бидете во мојата Љубов. Ако ги запазите моите заповеди ќе
останете во Љубовта моја како што јас ги запазив заповедите на мојот Татко и
останувам во Љубовта негова. Ова ви го реков за да остане радоста моја во вас.
И радоста ваша да биде полна. Ова е моја заповед. Да се љубите еден со друг
како што ве возљубив јас. Никој нема поголема Љубов од оваа,
да ја положи душата своја за своите пријатели. Вие сте
ми пријатели ако го вршите она што ви заповедам јас. Не ве нарекувам веќе
слуги зошто слугата не знае што работи Господарот, туку ве нареков пријатели
оти ви кажав се што сум слушнал од мојот Татко. И вие не ме избравте мене но
јас ве избрав вас и ве поставив да одите да принесувате плод и плодот ваш да
остане па што и да посакате од Таткото во мое име да ви даде. Оваа заповед ви
ја давам. Да се љубите еден со друг. Ако светот ве мрази знајте дека мене
светот уште пред вас ме замрази. Да бевте од овој свет тогаш светот ќе го
љубеше своето. Но бидејќи не сте од светот туку јас ве избрав од светот затоа
светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков јас: Ниеден слуга не е
поголем од својот Господар. Ако мене ме гонеа, и вас ќе ве гонат. Ако моите
зборови ги запазеа и вашите ќе ги запазат. Но сето ова ќе ви го прават заради
моето име. Оти не го знаат Оној кој што ме пратил. Да не бев дошол и да не бев
им зборувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев.
Кој ме мрази мене го мрази и мојот Татко. Ако не бев направел меѓу нив дела
какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат. А сега и видоа и ме
замразија мене и мојот Татко. Но нека се изврши словото напишано во нивниот
закон дека ме замразија без вина. А кога ќе дојде Утешителот, кого што ќе ви
го испратам јас од Таткото, Духот на Вистината, кој излегува од Таткото, Он ќе
сведочи за мене. А и вие ќе сведочите бидејќи од почетокот сте со мене
16 * А сега одам кај оној кој што ме прати. И
никој од вас не ме праша каде одиш. Но затоа што ви го кажав ова срцата ваши
се исполнија со тага. Но јас вистината ви ја кажувам. Подобро е за вас јас да
си отидам оти ако не си отидам Утешителот нема да дојде при вас. Ако заминам
ќе ви го пратам. А он кога ќе дојде ќе го изобличи светот за грев, за правда и
за суд. За грев дека не веруваат
во мене, за правда оти јас си одам при својот Татко и веќе нема да ме видите,
а за суд зошто кнезот на овој свет е осуден. Имам уште многу да ви кажувам но
сега не можете да носите, а кога ќе дојде Он, Духот на Вистината ќе ве упати
во секоја Вистина но од себе нема да зборува а ќе говори што чуе, и ќе ви ја
каже иднината. Он мене ќе ме прослави зошто од моето ќе земе и ќе ви јави. Се
што има Таткото мое е. Затоа и ви реков дека од моето ќе земе и ќе ви јави.
Уште малку и нема да ме гледате и по малку пак ќе ме видите зошто си одам при
Таткото. Вистина вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а
светот ќе се зарадува, и вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се
претвори во радост. Жена кога раѓа има болки оти дошло времето нејзино, но
штом ќе го роди детето од радост не ги помни веќе болките зошто се родил човек
на светот. Па така и вие. Сега сте нажалени но јас пак ќе ве видам. И ќе се
зарадува срцето ваше и радоста ваша никој нема да ви ја одземе. И во тој ден
нема да ме прашате за ништо. Вистина вистина ви велам. Што и да посакате од
Таткото во мое име, ќе ви даде. Досега ништо не сте барале во мое име. Барајте
и ќе добиете за да биде радоста ваша полна. Ова во параболи ви го кажував но
ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам туку откриено ќе ве
известам за Таткото. Во тој ден ќе побарате во мое име и не ви велам дека
Таткото ќе го помолам за вас оти Таткото сам ве милува зошто вие ме засакавте
и поверувавте дека јас сум излегол од Бога. Излегов од Таткото и дојдов во
светот, сега го оставам светот и одам при Таткото. Ете иде часот и настапува
веќе за да се разбегате секој при своите а мене сам да ме оставите. Но јас не
сум сам бидејќи Таткото е со мене. Ова ви го реков за да имате мир во мене. Во
светот ќе имате маки само не бојте се зашто јас го победив светот
Молитва на Господ Исус Христос †