Кратка биографија на Тоше Проески
Роден на 25.01.1981 година во Прилеп
Дебитантски настап: Мел Фест-1996 година
Потоа следуваат настапите на Мак Фест 1997 година и Охридски Трубадури 1998 година.
Во март 1999 година започнува соработката на Тоше со АВАЛОН Продукција.
Во мај 1999 година излегува деби албумот на Тоше "Некаде во ноќта". Истата година следува голема македонска турнеја и голем концерт на Скопското лизгалиште.
Во јуни 2000 година излегува неговиот втор албум "Синот божји". Следува повторно македонска турнеја и забележителни настапи на фестивали надвор од Македонија. На фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови, СРЈ, со песната "Тајно моја" го освои второто место додека на фестивалот "Славјански базар" во Белорусија ја освои гран-при наградата со истата песна.
Во март 2001 година Тоше станува првиот музичар што пет дена по ред одржува самостојни концерти во Универзалната Сала во Скопје.
Во октомври 2001 година Тоше Проески одржа самостоен концерт во најрепрезентативната концертна сала во СРЈ- белградскиот "Сава центар".
Во тек се подготовките на новиот албум на Тоше. Овој албум се работи со една нова екипа во која се вклучени Пере и Франц од Нокаут, Венко Серафимовски, Игор-Харе, Роберт Саздов и др. Според плановите овој албум би требало да се појави на пазарот кон средината на декември 2001 година.
Dizajn: Tawa Mitkovi}