(Miguel de) Molinos (1640- 1697 e.v.) T. Apiryon |
||
Шпански свештеник и мистик, главен експонент на Квиетизмот. Тој студираше теологија во Валенсија и се пресели во Рим по неговото ракоположување. Квиетизмот е форма на религиозен мистицизам, кој има примено влијание од Неоплатонизмот, и кој бара угаснување (смирување) на личната волја и пасивна контемплација како би се дозволила инфузија на Божествената Волја. Молинос веруваше дека неговата доктрина на Квиетизам е патот до Христијанското совршенство. Молинос го напиша Духовниот водич (The Spiritual Guide) во 1675 и тој е вклучен во Liber E и A:. A:. Дел 1 од листата на препорачан книги, и неопходен за читање при влезот на нивото искушеник од A:. A:. Crowley го опишува како “едноставен прирачник на Христијанскиот Мистицизам”. Тој предизвика голема сензација при издавањето и беше популарно дело како меѓу Протестантите така и кај Римските Католици. Во 1685 е.в. во врвот на неговата популарност, Молинос беше уапсен од папската полиција испитуван и на крајот осуден на доживотна робија заради ерес. Патот до внатрешниот мир прикажан од Молинос во Духовниот Водич е четирикратен: 1. молитва, 2. покорност, 3. често причестување; и 4. внатрешна мортификација. Молинос не советуваше повлекување од надворешните работи на животот ами бараше изведување на вообичаените животни активности со внатрешна концентрација и со посветување на Божјата Волја - еден вид на “виртуелна молитва”. Молинос ја избегнуваше спекулацијата или копнеењето по Господ како и надворешните умртвувања бидејќи сметаше оти се премногу поврзани со личната волја. Тој сметаше дека покорноста е неопходна за контемплативниот живот исто и корективна за тенденцијата на личната волја повторно да ја наметна својата доминација. Неговото апсење беше резултат на кампањата што ја водеа Езуитите против него, кои гледаа на прифатените учења на Квиетизмот не само како на закана за воспоставените практики на темпоралните амбиции на Црквата, ами исто и како водење кон антиномизам. Кога личната волја исчезнува, така оди учењето, ѓаволот може привремено да стане господар на контемплативното тело и да го присили да направи дела кои би изгледале вон контекст како да се гревови. Како и да е, вистинскиот грев според Квиетизмот би се состоел во повторното наметнување на личната волја преку свесното противење на поттикнувањата од ѓаволот. Референци:
Jackson, Samuel McCauley (Ed. in Chief); The New Schaff-Herzog
Encyclopedia of Religious Knowledge, Baker Book House, Grand Rapids,
MI 1953 |