(Franηois) Rabelais  (1494-1553 e.v.)


 

Француски Францисканец (подоцна Бенедиктанец) монах, класичен научник, лекар, хуманист и хуморист, автор на монументалната, револуционерна сатира Гаргантуа и Пантагруел, современик на Улрих вон Хутен и Парацелзиус и еден од наголемите писатели во историјата на Европа. Делата на Рабле се вклучени во вториот дел од препорачаните дела на А... А....

Рабле е роден во Шинон, Турен. Кога имал 17 години, татко му, адвокат, го испратил во францисканскиот манастир Fontenay-le-Comte. Животот под строгите и конзервативни Францисканци го задушувал, а тие со неодобрување гледале на неговите изучувања на грчкиот јазик. Се спријателил со соседниот Бискуп од Maillezais, Geoffroy d'Estissac, кој му помогнал да се префрли во до некаде полибералниот Бенедиктански Ред, но монашкиот живот едноставно не бил погоден за овој љубопитен ум.

Во 1530 e.v. се запишал на медицина во Монтпелје и дипломирал по шест недели. Почнал со пракса во градската болница во Лион. Тој меѓу првите во Франција направил јавна дисекција, а исто така издал многу научни дела и популарни романси.

Можеби како инспирација од успехот на некои од неговите објавени дела, тој ја напишал и издал Horribles et espouantables faicts et prouesses du tres renommι Pantagruel во 1532 e.v., под псевдонимот "Alcofribas Nasier," едноставен анаграм на неговото име. Книгата била полна со безбожност и критика за естаблишментот и уште веднаш била осудена од Сорбона (Факултетот за Теологија во Париз). Тој отстранил неколку навредливи изрази и повторно ја издал, но дури по издавањето на уште позајадливата сатира, Gargantua, во 1534. Од тогаш постојано се потпирал на влијанието на неговите моќни пријатели за да ја избегне сенката на кладата.

Помеѓу 1534 и 1546, патувал многу со неговите добродетели, имено браќата Jean и Guillaume du Bellay (т.е. францускиот амбасадор во Рим и францускиот Гувернер на Пиемонт), и учел за својот докторат, кој го одбранил во 1537. Во овој период исто така се приврзал и за Кралскиот Двор, преку влијанието на неговите пријатели.

Ги издал “Третата Книга” и “Четвртата Книга” од Гаргантуа & Пантагруел серијата во 1546 и 1552 e.v.. И двете биле помалку зајадливо сатирични во однос на првите две книги, фокусирајќи се повеќе на филозофски прашања и едноставна комедија; сепак биле веднаш осудени од Сорбона поради еретички идеи, што и содржеле. По неговата смрт се појавиле две верзии на “Петата Книга”, а колку и дали воопшто нешто од оваа книга е всушност напишано од Рабле, останува непознато.

Првата Книга, Гаргантуа, содржи приказна за раѓањето и растењето на џиновско дете, Гаргантуа, и ги илустрира погледите на авторот за лошото образование (Средновековно) и доброто образование (Ренесанса), и за тоа како би требало да се однесува идеалниот хуманистички водач. Воведен е ликот на монахот воин, Friar Jean, со графички и детални анатомски описи на неговите подвизи во света борба. Поради неговите заслуги во војна, Принцот Гаргантуа го наградува Friar Jean со опатија според негова замисла, “Опатија на Телема”, чии жители се наречени Телемити и чие мото е Fay ce que vouldra, “Прави што ти е волја.” При изградбата на Опатијата, во темелите е пронајдена голема бронзена плоча, на која е испишана долга “Пророчка Гатанка”, која завршува со следниве зборови:

“Секој ќе си го добие своето судбинско следување.

Таква беше спогодбата. Колку е вреден за пофалба

оној кој ќе издржи дури до крајот!”

Втората Книга, Пантагруел, која всушност била напишана пред Гаргантуа, зборува за неверојатните авантури на синот на Гаргантуа, Пантагруел. Се појавува ликот на снаодливиот Панургија, кој на многу начини го претставува самиот автор. Делото сатирично ја напаѓа декаденцијата и интелектуалната осиромашеност на средновековна Европа, поздравувајќи ја Ренесансата која се наближува.

Третата Книга примарно се занимава со напорите на Пантагруел и сопатниците да најдат одговор на прашањето од Панургија, “Треба ли да се оженам?” Тие бараат совет од најразличен низ алегориски ликови и групи, истражувајќи ги прашањата за економија и статусот на жената. Сево ова се покажува неубедливо и тие прибегнуваат кон консултација со “Пророчиштето на Шишето”.

Во Четвртата Книга, сопатниците испловуваат во потрага по “Пророчиштето на Шишето”. На патот до таму, истражуваат бројни чудни острови населени со уште почудни суштества, а преку средбите со нив авторот сатирично третира бројни современи прашања, особено контроверзијата за авторитетот на Папата.

Петтата Книга го продолжува патувањето на Пантагруел и неговите сопатници, завршувајќи со пристигнувањето во Баханатскиот “Храм на Шишето”, над чии порти е запишано мотото En Oino Aletheia, “Во виното е Вистината”. Свештеничката Бакбук ги спроведува до Божественото Шише да ја добијат пресудата, која е Trinc; толкувано како покана да се пие од изворот на знаењето. (види Глава 208 од Liber Aleph).

Референци;

Crowley, Aleister; Liber Aleph vel CXI, The Book of Wisdom or Folly [Thelema Publishing, 1962], Samuel Weiser, York Beach, Maine 1991
France, Anatole; Rabelais, transl. by Ernest Boyd, Henry Holt & Co., NY 1928
Plattard, Jean; The Life of Francois Rabelais, Alfred A. Knopf, New York 1931
Rabelais, Francois; Gargantua and Pantagruel [1564], translated with an introduction by J.M. Cohen, Penguin, London 1955/1982
Schutz, A.H.; "Rabelais" in Collier's Encyclopedia, Bernard Johnston, Editor in Chief, P.F. Collier Inc., NY 1989

Прво отпечатен во Red Flame No. 2 -- Mystery of Mystery:  Пример на Телемитски Еклезијастички Гностицизам од Tau Apiryon and Helena; Berkeley, CA 1995 e.v.