|
Мајстор Therion 666
LIBER LII: "МАНИФЕСТОТ НА О.Т.О." за првпат е печатен
околу 1912 e.v., а повторно во THE EQUINOX, Vol. III, No. 1, 1919
e.v. Репринтот е објавен во THE EQUINOX, Vol. III, No. 10, 1986
e.v.
МАНИФЕСТОТ НА О.Т.О е прифатен и како А.'. А.'. публикација, но
не е класиран.
МАНИФЕСТ НА О.Т.О.
МИР, ТОЛЕРАНЦИЈА, ВИСТИНА:
ПОЗДРАВ НА СИТЕ ТОЧКИ ОД ТРИАГОЛНИКОТ:
ПОЧИТ КОН РЕДОТ.
ДО СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ: ПОЗДРАВ И ДОБРО ЗДРАВЈЕ.
Прави
што ти е волја и тоа нека биде целиот закон
1.
О.Т.О. е тело од иницијанти во чии раце се концентрирани мудроста
и знаењето од следните тела:
а.
Гностичка Католичка Црква.
б. Ред на Витезите од Светиот Дух.
ц. Ред на Илуминати.
д. Ред на Храмот (Витези Темплари).
е. Ред на Витези од Св. Јован.
ф. Ред на Малтешки Витези.
г. Ред на Витези од Светиот Гроб.
х. Скриена Црква на Светиот Грал.
и. Херметичко Братство на Светлината.
ј. Светиот Ред на Розиниот Крст на Хередом.
к. Редот на Светиот Кралски Свод на Енох.
л. Древен и Првобитен Ритуал на Масонеријата (33 степени).
м. Ритуал на Мемфис (97 степени).
н. Ритуал на Мизраим (90 степени).
о. Древен и Прифатен Шкотски Ритуал на Масонерија (33 степени).
п. Сведенборшки Ритуал на Масонерија.
љ. Ред на Мартинисти.
р. Редот Sat Bhai, и многи други подеднакво значајни Редови, иако
помалку славни.
О.Т.О. не го вклучува А... А... иако е во близок сојуз со тоа возвишено
тело.
О.Т.О. на ниеден начин не ги прекршува привилегиите на правилно
овластените Масонски тела.
2. Бидејќи дисперзијата на првобитната тајна мудрост довела до конфузија,
Поглаварите на овие Редови одлучиле да се здружат и да ги централизираат
своите активности, исто како што може белата светлината, што е поделена
во призмата, повторно да се соедини.
О.Т.О. го отелотворува целокупното тајно знаење од сите Ориентални
Редови; неговите Поглавари се иницијанти од највисок ранг и се препознати
како такви од сите оние кои се способни за такво препознавање во
сите земји од светот.
Во старите времиња телата кои се здружиле во О.Т.О вклучуваа такви
луѓе како што се:
Fohi
Hippolytus
Laotze
Merlin
Siddartha
Arthur
Krishna
Titurel
Tahuti
Amfortas
Ankh-f-n-khonsu
Percivale
Herakles
Mosheh
Orpheus
Odysseus
Vergilius
Mohammed
Catullus
Hermes
Martialis
Pan
Apollonius Tyanaeus
Dante
Simon Magus
Carolus Magnus
Manes
William of Schyren
Basilides
Frederick of Hohenstaufen
Valentinus
Roger Bacon
Bardesanes
Jacobus Burgundus Molensis
King Wu
Ko Hsuen
Christian Rosenkreutz
Osiris
Ulrich von Hutten
Melchizedek
Paracelsus
Khem
Michael Maier
Menthu
Jakob Boehme
Johannes Dee
Francis Bacon
Sir Edward Kelly
Andrea
Thos. Vaughan
Robertus de Fluctibus
Elias Ashmole
Chau
Comte de Chazal
Saturnus
Sigismund Bacstrom
Dionysus
Molinos
а во поново доба:
Wolfgang von Goethe
Friedrich Nietzsche
Sir Richard Payne Knight
Hargrave Jennings
Sir Richard Francis Burton
Karl Kellner
Forlong Dux
Eliphas Levi
Ludovicus Rex Bavariae
Franz Hartmann
Richard Wagner
Cardinal Rampolla
Ludwig von Fischer
Papus (Dr. Encausse)
Имињата на женските членови никогаш не се откриваат.
Не е дозволено овде да се открие името од било кој жив старешина.
Карл Келнер беше тој, кој повторно ја оживеа надворешната организација
О.Т.О. и го иницира планот, сега среќно завршен, за доведување на
сите окултни тела под една управа.
Буквите О.Т.О. се за Ordo Templi Orientis (Ред на Источниот Храм,
или Ориентални Темплари), но тие исто така имаат тајно значење за
иницијантите.
3. Редот е интернационален и има постоечки ограноци во сите цивилизирани
земји од светот.
4. Целите на О.Т.О. можат во потполност да ги разберат само неговите
највисоки иницијанти; но може отворено да се каже дека тој поучува
Херметичка Наука или Окултно Знаење, Чиста и Света Магика на Светлината,
Тајни на Мистично постигнување, Јога во сите форми, Gnana Јога,
Radja Јога, Bhakta Јога и Hatha Јога, како и сите други гранки од
тајната Мудрост на Древните.
Во неговите гради лежат Големи Мистерии; неговиот ум ги реши сите
проблеми на филозофијата и животот.
Тој ја поседува тајната на Каменот од Мудреците, Еликсирот на Бесмртноста
и Универзалниот Лек.
Уште повеќе, тој поседува Тајна со помош на која е можно да се оствари
вечниот сон за Братство на Луѓето.
Тој исто така поседува, во секој значаен населен центар, тајно Засолниште
(Collegium ad Spiritum Sanctum) каде членовите можат да се прикријат
со цел да го изведуваат Големото Дело без вознемирување.
Тие куќи се тајни тврдини на Вистината, Светлоста, Силата и Љубовта
и нивната положба се открива единствено под завет на тајност на
оние кои се овластени за да можат да ги користат.
Исто
така тие се храмови на вистинско обожување, посебно посветени од
страна на Природата за да го манифестираат од човекот она што е
најдобро во него.
5. Авторитетот на О.Т.О. е концентриран во O.H.O. (Outer Head of
the Order - Надворешен Водач на Редот) или Frater Superior. Името
на личноста која ја држи оваа служба никогаш не се открива, освен
на неговите непосредни претставници.
6. Авторитетот O.H.O. во земјите од англиското говорно подрачје
е со повелба ополномоштен како Најсвет, Најславен, Најпросветен
и Најмоќен Baphomet X' Rex Summus Sanctissimus 33', 90', 96', Претходен
Голем Мајстор на Соединетите Американски Држави, Голем Мајстор на
Ирска, Јона и Сите Британии, Голем Мајстор на Витезите од Светиот
Дух, Суверен Голем Заповедник на Редот од Храмовници, Најмудар Суверен
на Редот од Ружиниот Крст, Голем Зерубабел на Редот од Светиот Кралски
Свод на Енох, итн. итн. итн., Национален Врховен Општ Мајстор ad
vitam О.Т.О.
7. Националниот Голем Општ Мајстор ad vitam има асистенција од двајца
главни офицери, Големиот Општ Ризничар и Големиот Општ Секретар.
Постојат многу други офицери, но тие не се од важност за оние на
кои им е наменет овој манифест.
8. Сето Знаење што е дисперзирано низ телата споменати во 2-иот
параграф е прочистено и сконцентрирано во следните степени.
00
Минервал.
I0 M.
II0 M..
III0 M.'.
P.'. M.'.
IV0 Придружник на Светиот Кралски Свод на Енох.
Принц на Ерусалим.
Витез на Истокот и Западот.
V0 Суверен Принц на Ружиниот Крст.
(Витез на Пеликан и Орел).
Член на Сенатот на Херметични Витези, Витези на Црвениот Орел.
VI0 Славен Витез (Темплар) од Редот Кадош, и
Придружник на Светиот Грал.
Голем Инквизитор Управител, Член на Големиот Трибунал.
Принц на Кралската Тајна.
VII0 Многу Сјаен Суверен Голем Сеопшт Инспектор.
Член на Врховниот Голем Совет.
VIII0 Совршен Првосвештеник на Илуминатите.
IX0 Иницијант на Светилиштето на Гнозата.
X0 Rex Summus Sanctissimus
(Врховен и Пресвет Крал).
Секој
маж и жена кои се полнолетни, слободни и со добра препорака, имаат
неопозиво право (на пристап) до III0.
После
тоа напредувањето се дозволува само преку повик од соодветните управувачки
тела.
О.Т.О. иако е Academia Masonica, не е Масонско Тело кога станува
збор за "тајните" во онаа смисла како што вообичаено се
сфаќа тој израз; и поради тоа во никој случај не е во конфликт ниту
ги крши правилните привилегии на Големата Обединета Ложа на Англија,
ниту било која Голема Ложа во Америка, ниту било каде што ќе биде
препознаена истата.
10.
Апликациите за прием во Редот можат да се извршат лично во седиштето
помеѓу 10 и 12 часот на пладне преку недела, или преку писмо до
Големиот Општ Секретар. Во првиот случај, апликантите
треба да приложат дваесет долари кои ги овластуваат до Третиот Степен;
во другиот случај, тие треба да бидат приложени со апликацијата.
Првата Годишна Членарина се плаќа при преземањето на Третиот Степен;
ако тој се прими после 30. јуни, се плаќа само половина од износот.
Постарите членови плаќаат членарина на 1. јануари, меѓутоа, Братот
се смета добро стоечки и не ги губи своите права, доколку ја изврши
својата уплата до 1. март. Во случај да не ја исполни својата обврска
до овој датум тој престанува ipso facto да биде член на Редот, но
може повторно да стане, ако ги плати заостатоците и додатни пет
долари. Ако тоа не го направи до наредната година, тој може повторно
да стане член единствено под посебни услови и со писмена согласност
на Големиот Национален Општ Мајстор ad vitam .
11. Конституцијата, Потврдите за Управа, Повелбите, полномоштвата
и сите други документи им се покажуваат на кандидатите после нивното
издигнување во IV', доколку тие го посакаат тоа.
12. Покрај бесплатните потврди за членство, посебни дипломи за урамување
се достапни на сите членови по еднообразна цена од десет долари.
Посебните дипломи за IX' се дваесет и пет долари.
13. Привилегиите на членовите од О.Т.О. се многу бројни. Ова се
главните:
а.
Тие не само што имаат пристап, туку и се поучуваат на целокупното
скриено знаење кое е сочувано во Светилиштето од почетокот на неговото
манифестирање.
Во нижите степени конечните тајни се навестуваат и се пренесуваат
преку симболи, под превез и преку сакрамент.
На овој начин интелигенцијата на иницијантот се воведува во игра,
така што оној кој правилно го користи знаењето од нижите степени
може да биде одбран и повикан за вишите, каде што сите работи отворено
се објавуваат.
б. Тие стануваат учесници во струјата од Универзалниот Живот во
Слобода, Убавина, Хармонија и Љубов која пламти во срцето на О.Т.О.,
а Светлината од ова Возвишено Братство неосетно се повеќе и повеќе
ги просветлува како се приближивуаат до неговото централно Сонце.
ц.
Тие сретнуваат личности кои најдобро ги надополнуваат нивните сопствени
природи и пронаоѓаат неочекувана помош и братство во целиот свет,
без обзир каде патуваат.
д. Тие стекнуваат право на престој во тајните куќи од О.Т.О., постојано
или за поголем или помал период од годината, во склад со нивниот
ранг во Редот; или ако се Петти или некој од помалите степени, стануваат
кандидати за повик во тие куќи.
е. Знаењето за Припремата и Употребата на Универзалниот Лек е ограничено
на членовите од IX0; но тоа може заради наклоност од Националниот
Голем Опш Мајстор во посебни околности да се предаде на членовите
од VIII0и VII0, а во случај на посебна нужност и на членовите од
нижите степени.
ф.
Во V0 сите членови свечено се обврзуваат да донесат брзо и совршено
решение на сите душевни, телесни или имотни неволји во кои ќе го
најдат секој припадник од тој степен. Во вишите степени Врските
на Братството уште повеќе се зајакнати. На тој начин Редот овозможува
совршен систем на осигурување против сите невољи и несреќни случаи
во животот.
г. Членовите на IX0 стануваат со-сопственици на Имотот и Добрата
од Редот, така што постигнувањето на тој степен подразбира враќање,
со камата, на сите уплатени обврски и членарини.
х. Редот им дава практична помош во животот на достојните членовите,
дури и од нижите степени, така што тие, иако на почеток сиромашни,
стануваат способни да ги плаќаат релативно високите членарини од
VII0, VIII0 и IX0. При издигнувањето во IV0 секој Придружник може
да пополни извештај за својата состојба, и да укаже во која насока
му е потребна помош.
14. При одбирање членови за напредување, се обраќа внимание на нивната
верност кон Редот, нивната интелигенција во сфаќањето на природата
од учењето на Редот, нивната ревносност во ширењето на принципите
од Редот онолку колку што ги сфаќаат, иако секогаш со дискреција
која е нераздвоива од правилното чување на тајни, и со сите оние
квалитети на храброст, чест и доблест без кои човек не го заслужува
своето име.
15.
O.H.O. им е познат само на членовите од VIII0 и IX0. Националниот
Голем Општ Мајстор ad vitam не е достапен како таков на ниедна личност
која не го достигнала VI0.
Сета комуникација се извршува преку адресата на Големиот Општ Секретар,
а сите чекови се испраќаат кај Големиот Општ Ризничар.
Издадено
по Одредба,
L.
Bathurst, IX0
Голем Општ Секретар.
|
|