|
Cara
Soror,
Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Еве
го првиот извадок од ветениот есеј на М. Жерар Омон1; изворниот
наслов е "Трите Школи на Магиката". (Немој да се лутиш
што не е во форма на лично писмо).
Денес значењето на поимот "Магика" се сфаќа погрешно.
Направени се многу обиди да се дефинира, но веројатно најдобрата
дефиниција на нашата намера за историско-идеолошко излагање ќе биде
оваа: Магиката е Наука за Неизмерното.
Тоа е едно од многуте ограничени одредувања на тој збор; приспособено
е на сегашната намера.
Треба особено да се нагласи дека Магиката, која е толку често измешана
со популарното сфаќање на религијата, нема никаква врска со неа.
Таа е всушност, точна спротивност на религијата; таа е дури и поголем
и понепомирлив непријател на религијата од Природната Наука.
Дозволете ни оваа разлика јасно да ја одредиме.
Магиката ги истражува законите на Природата со намера да ги употреби.
Таа се разликува од "световната" наука само по тоа што
секогаш е понапред од неа. Како што покажа Фрејзер, Магиката е наука
во експериментален стадиум; но таа може да биде, а често и е, повеќе
од тоа. Тоа е наука, која поради оваа или онаа причина не може да
им биде изнесена на непосветените.
Наспроти тоа, религијата се обидува да ги игнорира законите на природата,
за кои смета дека ги создала претпоставена моќ или да ги избегне,
повикувајќи се на таа претпоставена моќ. Затоа религиозниот човек
е неспособен да разбере што се, всушност, законите на природата.
(Тие се генерализирања на редот од набљудуваните факти).
Историјата на Магиката никогаш не била сериозно разгледувана. Првата
причина е таа што единствено иницираните, кои се заветувани со молчење,
знаат многу за неа; второ, секој историчар говорел за некои повеќе
или помалку конвенционални идеи на Магиката, а не за самата Магика.
Меѓутоа, Магиката го водела светот уште пред настанувањето на историјата,
макар и само заради тоа што Магиката секогаш била мајка на науката.
Затоа, од огромна важност е да се направи некој напор, да се разбере
нешто од неа; и затоа не е потребно извинување за пишувањето на
овој краток преглед на нејзиниот историски вид.
Секогаш постоеле, барем во сржта, три главни Школи на Филозофска
пракса. (Го користиме зборот "филозофски" во неговата
стара добра автентична смисла, како во фразата "Филозофските
Трудови на Кралското Друштво за Унапредување на Знаењето").
Вообичаено е тие три Школи да се опишуваат како Жолта, Црна и Бела.
Прво, потребно е да се предупредат читателите дека тие во ниеден
случај не смеат да се мешаат со расните разлики во бојата на кожата;
а уште помалку се однесуваат на вообичаените симболи, како на пример:
жолти капи, жолти одежди, црна магија, бело вештерство (witchcraft)
и слично. Опасноста е уште поголема, зашто овие аналогии се често
исто толку залажувачки, колку што е и доказот од нивното испитување.
Овие Школи претставуваат три потполно различни и спротивни теории
на Универзумот, а оттука и пракси на спиритуална наука. Магиската
формула на секоја Школа е исто толку прецизна како и тригонометриската
теорема. Секоја зема за основа одреден закон на Природата, а работата
се усложнува поради фактот што секоја Школа во одредена смисла,
ги признава формулите на останатите две, само што ги гледа на некој
начин како непотполни, секундарни или илузорни. Сега, како што ќе
се потврди подоцна, поради природата на своите постулати Жолтата
Школа стои настрана од другите две. Но, Црната и Белата Школа секогаш
се повеќе или помалку во активен судир; поради тоа што токму во
овој момент тој судир се приближува до кулминација, потребно е да
се напише овој есеј. Адептите на Белата Школа сметаат дека денешната
опасност за човештвото е толку голема, што се подготвени да ја напуштат
својата традиционална политика на молчење, со намера да ги приклучат
во своите редови профаните луѓе од сите нации.
Ние поседуваме одреден мистичен документ,2 кој можеме накратко да
го опишеме, заради погодност, како Апокалипса, чии клучеви ги поседуваме
благодарение на интервенцијата на Мајсторот, кој се појави во овој
Судбоносен миг. Тој документ се состои од низа визии во кои слушаме
гласови од разни Интелигенции, чија природа тешко би можеле да ја
одредиме, но кои, во најмала рака се надарени со далеку поголемо
знаење и моќ од она што сме навикнале да го сметаме за вообичаено
за човечкиот род.
Мораме да цитираме извадок од еден од најважните документи. Учењето
е претставено, како што е вообичаено меѓу Иницираните, во форма
на парабола. Оние, кои постигнале макар и среден степен на просветлување
се свесни дека слепата вера на верникот и грубото неверување на
оние, кои се потсмеваат во однос на фактите, се само детинштини.
Секој настан во Природата, вистински или лажен, поседува спиритуално
значење. Тоа и само тоа значење поседува некоја филозофска вредност
за Иницираниот.
Ортодоксните не треба да бидат шокирани, а просветлените не треба
да чувствуваат презир, кога ќе дознаат дека извадокот, кој имаме
намера да го цитираме, е парабола заснована на најнепристојната
од библиските легенди, а која се однесува на Ное. Таа едноставно
& служи на својата цел заради погодноста на тој Свет Текст.
Следуваат извадоци од Визијата:
"И гласот воскликна: проклет да е оној што ќе ја разоткрие
голотијата на Севишниот, зашто тој е пијан од виното, кое е крв
на адептите. И БАБАЛОН го успала на своите гради, побегнала, оставајќи
го гол и ги повикала да се соберат нејзините деца, велејќи: "Дојдете
со мене да се исмејуваме на голотијата на Севишниот".
Првиот адепт ја покрил Неговата срамота со покривач, одејќи наназад
и беше бел. Вториот адепт ја покри Неговата срамота со покривач,
одејќи настрана и беше жолт. А третиот адепт се исмеа на Неговата
голотија, одејќи напред и беше црн. И тоа се трите големи школи
на Маговите, кои се исто така тројцата Магичари, кои патувале во
Витлеем; а бидејќи не поседуваш мудрост, нема да знаеш која школа
преовладува, ниту дали се тие три школи една".
Сега сме подготвени да ги проучиме филозофските основи на овие три
Школи. Меѓутоа, мораме да предупредиме против премногу буквална
интерпретација, па дури и на оваа парабола. Би можеле да се посомневаме,
од причини, кои ќе станат очигледни во понатамошното истражување
на доктрините на Трите Школи, дека оваа парабола ја измислила една
Интелигенција од Црната Школа, која била свесна за својата расипаност
и сакала да ја претвори во праведност преку алхемијата на нејзиното
фалење. Интелигентниот читател ќе забележи подмолен обид да се изедначи
доктрината на Црната Школа со видот на црна магија, кој обично се
нарекува Дијаболизам. Со други зборови, самата парабола е пример
на една крајно суптилна црномагиска операција, а контемплацијата
за ваквите замисли не доведува до сфаќање за запрепастувачките змиски
постапки на Магичарите. Профаниот читател нека не премине преку
овие суптилни работи како да се ништожни глупости. Токму измамата
од овој вид ја одредува цената на компирот.
Оваа дигресија веројатно не е толку неоправдана, како што може да
се чини по првото читање. Внимателното проучување може да ја открие
природата на мисловните процеси, кои обично ги користат тајните
Мајстори на човечкиот род за да ја одредат неговата судбина.
Кога сите ќе престанете да се смеете, ќе ве замолам да го споредите
реалното дејствување произведено врз текот на човечката судбина
од Цезар, Атила и Наполеон од една страна; и Платон, Енциклопедистите
и Карл Маркс3 од друга.
Жолтата Школа на Магиката ја смета, со потполна научна и филозофска
непристрасност, реалноста на Универзумот како факт. Бидејќи и самата
е дел од тој Универзум, таа ја сфаќа својата немоќност да ја промени
и во најмал степен неговата целина. Вулгарно речено, таа не се обидува
да се издигне над тлото, потегнувајќи се за своите чорапи. Поради
тоа, таа на феноменот не му спротивставува никаква реакција, било
да е омраза или симпатија. Ако дури и се обиде да влијае на текот
на настаните, го прави тоа на единствен можен интелигентен начин;
тежнее да го намали внатрешното триење.
Останува, значи, во длабока контемплативна состојба. Ако ги употребиме
термините на западната филозофија, во нејзиното гледиште постои
нешто од стоицизмот на Зенон; или Пиквикијанизмот4 и ако смеам да
го употребам изразот - од Епикур. Идеалната реакција на феномените
е совршената еластичност. Поседува нешто од ладнокрвноста на математиката;
и поради тоа се чини дека е чесно да се каже, заради елементарната
студија, дека Питагора е нејзин најадекватен претставник во европската
филозофија.
Меѓутоа, по откривањето на Азиските мисли, не ни е потребно да земаме
идеи од втора рака. Жолтата Школа на Магиката има свој совршен класичен
текст, Тао Те Кинг.5
Невозможно е да се пронајде религија, која адекватно ја претставува
мислата на ова мајсторско дело. Не само поради религијата што како
таква е спротивна на науката и филозофијата, туку и поради самата
природа на начелото на Жолтата Школа дека нејзините Следбеници не
сакаат да се впуштаат во просветлување на толпата луѓе, кои ги сметаат
за безнадежни будали.
Истовремено, бидејќи теоријата на религијата сама по себе е ткиво
од лаги, единствената вистинска сила на било која религија, потекнува
од поткраднувањето од Магиската доктрина; а бидејќи религиозните
личности по правило се потполно бескрупулозни, следува дека секоја
религија тежнее да содржи делови од Магичката доктрина, украдени
повеќе или помалку на среќа од една или друга Школа, во зависност
од можностите.
Затоа читателот најсериозно нека се чува од обидите да ги сфати
овие работи со помош на примамливите аналогии. Таоизмот има исто
толку малку врска со Тао Те Кинг, колку што има врска Католичката
Црква со Евангелието.
Тао Те Кинг застапува свесна неактивност, или подобро несвесна неактивност,
со цел да го намали нередот на светот. Неколку цитати од текстот
треба да ја објаснат суштината на таа доктрина.
X:3
"Овде е Мистеријата на Доблеста. Тоа создава с# и храни с#;
сепак не се приврзува за нив; изведува с#, но не знае за тоа, ниту
го разгласува истото; тоа управува со с#, но без свесна контрола".
XXII:2
"Затоа Мудрецот се концентрира на една Волја, а тоа е како
светлина за целиот свет. Прикривајќи се, тој свети; повлекувајќи
се, тој привлекува внимание; понижувајќи се, тој добива сила да
ја оствари својата Волја. Затоа што не се бори, никој не може да
му се спротивстави".
XLIII:1
"Најмеката супстанција ја лови најтврдата. Несупстанционалноста
продира каде што нема отвори. Ова е Доблеста на Инерцијата.
XLIII:2
"Ретки се оние, кои го постигнуваат; чиј говор е Тишина, чие
Дело е Инерција".
XLVIII:3
"Оној што привлекува кон себе с# што е под Небото, го прави
тоа без напор. Оној што прави напор не е способен да привлече".
LVIII:3
"Мудрецот е четириаголен и избегнува агресија; неговите агли
не нанесуваат повреда на другите. Тој се движи по права линија и
не скршнува од неа; тој блеска, но не заслепува со својот сјај".
LXIII:2
"Заврши ги големите работи додека се мали, тешките работи додека
се лесни; зашто сите работи, колку и да се големи и тешки имаат
почеток кога се мали и лесни. Така, мудриот човек исполнува најголеми
задачи не преземајќи нешто значајно".
LXXVI:2
"Така крутоста и тврдоста се знаци на смртта; еластичноста
и приспособливоста на животот".
LXXVI:3
"Затоа, не е победник оној кој ја истакнува својата сила; слично
како што цврстото стебло може да биде урнато".
LXXVI:4
"Затоа, крутото и тврдото имаат пониско место; на мекото и
еластичното местото им е на врвот".
Засега,
мислам дека е доволно наведено за овој дел од есејот.
Љубовта
е закон, љубов под волја.
Братски,
666
|