- Главна
-
Документи
|
|
-
Прво обожавај ги
Бесмртните Богови, бидејќи се одредени и наложени од
Законот.
-
Почитувај ја
заклетвата, потоа Хероите полни со добрина и светлина..
-
На сличен начин
почитувај ги Терестријалните Дајмони, давајќи им го обожавањето кое
законски им следува.
-
Исто почитувај ги
твоите родители и оние кои се најблиску поврзани со тебе.
-
Од останатиот свет
направи го пријател оној што се истакнува со својата доблест.
-
Секогаш обрати
внимание на неговите благи наговарања и огледај се по примерот на
неговите доблести и полезни акции.
-
Избегни го колку
што е можно мразењето на пријателот за мала грешка.
-
(И разбери дека)
моќта блиску се граничи со нужноста.
-
Знај дека сиве
овие работи се така ко што ти кажав; и навикни се да ги надминеш и
победиш овие страсти:
-
Прво лакомоста,
мрзливоста, сладострасноста и гневот.
-
Не прави ништо
лошо ни во присуство на други ниту скришно;
-
Но пред се
почитувај се себеси.
-
Следно, запази
праведност во твоите постапки и зборови.
-
И привикни се да
не се однесуваш при секоја околност без правила и без разум.
-
Но секогаш направи
ја оваа опсервација дека е наложено од судбината сите луѓе да умрат.
-
И добрата и
богатствата се несигурни; па како што можат да бидат стекнати така може
и да бидат изгубени.
-
Во однос на сите
несреќи што луѓето ги снаоѓаат од божествената судба,
-
Поднеси ја
трпеливо твојата судбина, каква и да била и никогаш немој да негодуваш
околу тоа.
-
Ами настојувај да
направиш с# што можеш за да ја поправиш.
-
И сфати оти
судбината не им испраќа голем дел на вакви несреќи на добрите луѓе.
-
Постојат меѓу
луѓето многу видови на размислувања, добри и лоши;
-
Немој да им се
восхитуваш премногу лесно, ниту да ги отфрлаш.
-
Но ако лагите
напреднале слушни ги со благост и вооружи се со трпеливост.
-
Забележи го добро
во секоја прилика она што ќе ти го кажам:
-
Не дозволувај
ниеден човек ниту со зборови, или со дела некогаш да те заведе.
-
Ниту да те намами
да кажеш или направиш нешто што не е полезно за тебе.
-
Консултирај се и
промисли пред да делуваш за да не би направил будалести акции.
-
Зашто му доликува
само на мизерен човек да говори и делува без размислување.
-
Но прави го она
што нема да те измачува отпосле, ниту ќе те принуди на покајување.
-
Никогаш не прави
нешто што не го разбираш.
-
Ами научи го она
што треба да го знаеш и на тој начин ќе водиш пријатен живот.
-
На ниеден начин
немој да го занемаруваш здравјето на твоето тело.
-
Но дај му пиење и
месо во соодветна мерка исто и вежби кои му се потребни.
-
Сега под мерка
подразбирам нешто што нема да ти создава тешкотија.
-
Навикни се на
начин на живот кој е уреден и пристоен без луксузи.
-
Избегнувај ги сите
работи што ќе причинат завист.
-
И немој да се
однесуваш расипнички како некој што не знае што е пристојно и чесно.
-
Немој да бидеш ни
алчен ниту скржав; соодветната мерка е одлична во овие работи.
-
Прави само работи
што не можат да те повредат и промисли пред да ги направиш.
-
Никогаш не
дозволувај да заспиеш по твоето одење во кревет,
-
Се дури разумно не
ги испиташ сите твои акции во текот на денот.
-
Каде погрешив? Што
направив? Што пропуштив, а требаше да го направам?
-
Ако во ова
испитување откриеш дека некаде се погрешил, прекори се остро за тоа;
-
А ако си направил
некое добро радувај се.
-
Практикувај ги
потполно сите овие работи; медитирај на нив добро; треба да ги сакаш со
сето твое срце.
-
Тие ќе те постават
на патот на божествената доблест.
-
Се колнам во оној
кој го пренесе во нашите души Светиот Кватернион, изворот на природата,
чија причина е вечна.
-
И никогаш немој да
започнуваш некоја работа пред да им се помолиш на боговите за да го
постигнеш она што си го наумил.
-
Кога ова ќе ти
стане навика,
-
Ќе го осознаеш
уредувањето на Боговите и на луѓето.
-
Дури и колку
далеку различните битија се распространети, од што се содржани и што ги
поврзува заедно.
-
На тој начин ќе
сознаеш дека според Законот, природата на овој универзум е подеднакво во
сите работи,
-
Па така нема да се
надеваш на она на кое не треба да се надеваш; и ништо од светот нема да
ти биде скриено.
-
На сличен начин ќе
сознаеш дека луѓето доброволно си ги навлекуваат врз себе несреќите и по
свој слободен избор.
-
Колку ли се
несреќни! Тие ниту гледаат ниту сфаќаат дека нивното добро е близу до
нив.
-
Малкумина знаат
како да се спасат од своите несреќи.
-
Таква е судбината
што го заслепува човештвото и му ги одзема сетилата.
-
Како огромен
цилиндер се тркалаат напред и назад и секогаш се напаствувани од
безбројни несреќи.
-
Зашто фатална
вродена борба ги следи насекаде, отфрлајќи ги горе-долу; ниту пак ја
забележуват.
-
Наместо да ја
провоцираат и подгреваат тие треба преку попуштање да ја избегнат.
-
Ох Јупитер, наш
Татко! Ти би ги спасил сите луѓе од сите зла што ги мачат,
-
Покажи им од кој
дајмон можат да имаат помош.
-
Но биди храбар;
расата човечка е божествена.
-
Светата природа им
открива најскришни мистерии.
-
Ако таа ти ги
додели нејзините тајни, лесно ќе ги изведеш сите работи кои ти ги
наложив.
-
И преку лекување
на твојата душа, ти ќе ја избавиш од сите зла, од сите измачувања.
-
Но апстинирај од
меса кои ги забранивме во прочистувањата и спасението на душата;
-
Направи правилно
разликување на нив и испитај ги сите работи добро.
-
Секогаш да бидеш
воден и насочуван од разбирањето кое доаѓа одозгора и кое треба да ги
држи уздите.
-
И по
ослободувањето од твоето смртно тело кога ќе стигнеш во најчистиот Етер,
Ти
ќе станеш Бог, бесмртен, нераспадлив и Смртта веќе нема да има власт над
тебе.
|