За Сатанизмот


Сите поими како што се на пример Христијанството, Исламот, Хиндуизмот, Гностицизмот, Будизмот и многу други многу јасно се дефинирани за разлика од поимот Сатанизам. Постојат разни објаснувања на тој поим. На пример христијанските организации учат дека сите нехристијански религии, како и сите форми на христијанство кои не се под директна контрола на нивната организација, се поттикнати од Сатаната и според тоа се некакви форми на сатанизам. Од тоа произлегува комичен податок дека околу 75% од популацијата ја чинат сатанисти. Исто така се тврди дека многу позитивни учења и групации како New Age, Гностицизам, Јога, Wicca, разни паганизми се директни сатанистички организации кои прават завера со основна намера да му служат на Сатаната. Таквите дефиниции создаваат голема збрка која му угодува на "ловот во матно", на искривување на фактите и политичко пресметување со неистомислениците.
Затоа за да дадеме основни информации за овој поим, ќе ги поделиме сите форми на Сатанизам во неколку основни форми на појавување, занемарувајќи ги притоа сите празноверија и толкувања од типот "секој што не е со нас има рогови и опаш".
1. Религија Сатанизам
2. Готички Сатанизам
3. Малолетнички Сатанизам
4. Други форми на појавување на поимот Сатанизам

Религија Сатанизам
Сатанизмот како религија го подразбира Сатаната како апстрактен принцип на природата, а многу ретко како личност т.е. супериорно битие. Иако претставува одговор на христијанството од големите организации и една форма на опозиција на доктрините од тие организации, таа нема нешто заедничко со христијанските поими Бог, Сатана, Пекол, демони или зло. Сатанистите кои ја прифаќаат идејата за постоење на Сатаната како личност, не искажуваат вера и преданост слично на христијаните или припадниците од некои други големи религии.
Според многу христијански автори, иако без сериозни докази, творец на модерниот, религиски Сатанизам е Алистер Кроули. Иако поголемиот дел од неговите "гревови" денес е нормално секојдневие, Кроулиевата работа била шокантна во негово време и за тогашните прилики, а неговото учење и пракса е спротивно од темелните интереси на големите христијански организации, но исто така е и во потполна спротивност со основните поставки на сатанизмот. Сатанистите како и христијаните потполно ги негираат основните поставки на Телемата, религијата установена од Кроули, стремежот за самоспознание, доаѓање до мистични искуства и спроведување на спознаените Вистини во животот, стопување на Вишото и Нижото, издигнување над личноста т.е Егото и стопување со Универзумот. Етикетата за прв и најголем сатанист би можеле да ја добијат многу луѓе кои постоеле пред или после Кроули, но бидејќи е најзначаен противник на христијанските доктрини, со радикално нови учења и големо влијание таа му припадна нему.
Вистински татко на денешниот Сатанизам е Anton Szandor LaVey кој после проучување на разни магиски и магички вештини, психологија итн., во 1969 г. од era vulgaris ја објавува Сатанска Библија (Satanic Bible), потоа Сатанска Вештерка (Satanic Witch) и Сатанистички ритуали (Satanistic rituals), покрај купот наслови исполнети со празноверија, овие се речиси единствени издржани извори кои говорат за сатанизмот на денешнината.
Според Сатанистичките учења Сатаната има предхристијанска-паганска форма на Ѓавол или египетскиот бог Сет; луѓето го создале поимот на Бог, а сатанистот не треба да го прифати глупавиот - веќе создаден облик туку сам да си најде за себе погоден облик, бидејќи Бог не е личност, туку сила на природата која тој ја доживува на свој начин. Пеколот и Рај не постојат - тоа се лаги и измислици. Треба да се ослободат и задоволат анималните страсти, да се биде насочен на уживање во земските задоволства, на моќ и вештина кон нивно придобивање. Се тежнее кон сила, самостојност, лукавост и интелигенција, се негира самоспознанието, вредноста на мистичното искуство, духовниот развој, хуманизмот. Во односите со околината, кај сатанистите важи политика на однос од аспект на моќ и возвраќање со иста мерка - пријателство за пријателство, а непријателство за непријателство, додека одмаздољубивоста е на висока цена. Животот е свет, строго е забрането убивање, самоубиства, ритуални жртвувања, иако ни најголемите непријатели не смеат да се убијат туку само да се онеспособат и евентуално да се мачат. Човекот се сфаќа како еден вид на животно, поспособно и поопасно од другите и токму тоа го одвојува од нив. Се користат магиски пракси и ритуали за развивање и користење на моќта за помагање на себе и на своите пријатели, а и за онеспособување на непријателите.
Денешните сатанисти главно се здружени во три основни организации: Црква на Сатаната (Church of Satan), Храмот на Сет (Temple of Set) и Црквата на Сатанистичкото Откровение (Church of Satan Revelation), во т.н. "grottoe" или "temple" како што ги нарекуваат, пародирајќи ги на тој начин христијанските храмови и вештерските "coverne". Исто така се појавуваат и во неколку минорни групи. Тешко е да се одреди бројот на сатанистите денес, поради вообичаеното прикривање на нивните членови од прогони, но според некои извори на американската војска се проценува дека има 10-20 илјади во САД.
Односот на сатанистите спрема нивните непријатели - христијаните и припадниците на останатите големи религии е потценувачки, ги сметаат за смешни и малку вредни суштества кои се измачени од стравот, омразата и глупоста и кои единствено можат да се сожалуваат.
Сатанистите, за себе говорат дека се најдобри пријатели на христијанските организации на кои им овозможуваат да останат во бизнисот.


Готички Сатанизам
Готичкиот Сатанизам е измислена крајно злобна религија, замислена најверојатно од страна на високи авторитети на Католичката Црква во средниот век, во текот на големиот прогон на паганските религии, кои заостанале од предхристијанските времиња, познат како "Лов на Вештерки". Во текот на 15 век во Католичката Црква настанала голема хистерија насочена против сите постоечки религии и заедници на подрачјето од нејзината доминација, во кои се видела опасност за егзистенцијата на Црквата заради постоењето на можност поединците сами да си ја изберат религијата на која што ќе и припаднат. Таквата политика се стопила со феноменот на старата христијанска омраза спрема жените, која настанала како последица на политиката од "евнусите" - потиснување на сексуалноста, ефикасно орудие за кршење на самодовербата и самостојноста на поединецот; а на која природна препрека и била машката страсност и женската заводливост. Женската заводливост, поради провоцирањето на машката страст, била најголем непријател на христијанскиот аскетизам, а истата во сите пагански и други религии била многу поприродно прифатена; со тоа е создаден темел за еден од најголемите геноциди во историјата на човештвото.
Доминиканските свештеници Kramer i Sprenger, во 1486 г. e.v. ја напишале книгата "Malleus Maleficarum" кој станува главно обвинение за геноцидот. Според нивните тврдења сатанистите, главно се жени поради нивната интуитивност, перфидност, ориентираност кон земското, одмаздољубивост и интелектуална заостанатост спрема машките. Бог, бидејќи бил машко, многу подобро ги заштитил машките од кривоверство. Понатаму, сатанистите убиваат, трујат и шират зараза меѓу животните, фрлаат маѓии заради кои кравите не даваат повеќе млеко, предизвикуваат импотенција, стерилност, абортуси и мртвороденост на децата, ноќе летаат со метли и учествуваат во сексуални оргии, пијат крв и јадат месо од оние кои не се крстени во Католичката Црква или од нив произведуваат сапун, а нивните коски ги користат како свои магиски оружја, им нудат деца на демоните, фрлаат уроци на луѓе со поглед, со изговарање на враџбини, предизвикуваат громови да ги погодат луѓето и нивните куќи; ги кршат христијанските крстови каде и да ги сретнат итн.
Во 1620 г. e.v. Guazzo го пишува "Compendium Maleficarum" уште една значајна книга во историјат на "Ловот на Вештерки" во која се опишува како сатанистите јаваат на јарци низ воздухот, се премазуваат со магиски масла и летаат или исчезнуваат, ја менуваат формата во животинска и повторно во човечка, му го менуваат полот на луѓето и животните; играат, пејат, јадат и пијат во присуство на Сатаната кој е во форма на црн јарец; ги осакатуваат, убиваат, готват и јадат сопствените колеги сатанисти итн.
Врз основа на информациите од тие книги, инквизиторите ги изнудувале дотичните признанија со крајно сурови мачења до смрт или со признавање на наведените гревови. Ако некој би ги издржал сите маки и умрел, а не го признал горенаведеното, би бил прогласен за праведен, а неговата смрт би била грев на инквизиторовата душа и тоа би бил среќен крај на испитувањето.
Сепак, постепено јакнел отпорот спрема Католичката Црква, што довело до пад на нејзината моќ и влијание и како последица на тоа Црквата морала да ги напушти методите на отворено насилство со цел да се одржи на власт. Пред крајот на периодот на "Лов на Вештерки", кој во Европа траел до 1792 г. e.v. (а во Латинска Америка и до 1830 г. e.v.), воведен е и концептот "Црна Миса" спрема која наводно сатанистите правеле пародија на Католичката Миса и така ја осквернавувале. Според таа конструкција, во причеста мочта и нечистата вода го заменуваат виното, ..леб ја заменува хостијата, мисата наводно се изговара на локалниот јазик кој е профан и според тоа под власта на Сатаната, а не на Божјиот латински. Текстот наводно се чита наназад. Храмот е опремен со украден и скршен крст, еден од присутните верници е жртвуван на Сатаната и таа миса е потполно спротивна на "божјата" католичка миса.
И ден денес некои луѓе, посебно во христијанските цркви, а особено во Евангелистичката црква, веруваат во постоење на таков вид на Сатанизам, но разните испитувања како полициски и други покажуваат неоснованост на таквите сомнежи. Секој најден облик на сатанизам потпаѓа под категоријата Малолетнички Сатанизам или некој вид на измама.


Малолетнички Сатанизам
Малолетничкиот Сатанизам е социолошки феномен, форма на младешки бунт испреплетен со младешка страст по мистиката, моќта со незадоволен религиски инстинкт. Се манифестира во многубројни форми поради непостоење на било каков систем на учење или сериозна организација. По правило го практикуваат млади помеѓу 14-20 години, во краток период, земаат разни информации од литература на католички и евангелистички извори, книгите на LaVey за магија, магика и било какви извори со сензационалистички призвук. Често се вклучени во разни форми на вандализам, како што се цртање графити со разни сатанистички симболи, уништување на гробишта, наркоманија, мали криминални дела како насилничко однесување, ситни кражби и сл.
Бројот на младите кои се вклучени во вакви активности не може да се одреди поради непостоење на било какви стабилни организации и по правило заради краткиот период на занимавање со таквите активности.


Други облици на појавување на поимот Сатанизам
Постојат разни други форми на појавување на поимот Сатанизам кои е тешко да се набројат, а особено да се анализираат, но може да се забележи дека главнината на таквите појави се поврзува со привлекување на публицитет. На пример во еден период од 70-тите и 80-тите години, многу често рок групите во својот имиџ земаа провокативни симболи на Сатанизмот. Често наоѓаме книги и хорор филмови преполни со детали со потекло од Готичкиот Сатанизам, поединци кои успеваат да привлечат внимание на весници и телевизии претставувајќи се како Сатанисти итн.
Повремено имаме случаи на изјави од тешки криминалци и сериски убијци за наводно вршење на своите дела под влијание на Сатаната, но по правило истрагата покажува слаба упатеност во Сатанизмот и прво покажува дека нивните знаења за Сатанизмот се одредени од христијанските преданија и неможност да ги докажат своите тврдења, што упатува на заклучок дека се работи за обид за избегнување и ублажување на казната заради психички проблеми.
Исто така повремено се појавуваат и случаи на сериозно растроени личности кои се убедени во тоа дека се под влијание на Сатаната, под чија команда вршат разни, според христијанскиот морал, неморални дела или пак криминални дела, кај кои по правило се забележува идентификација со христијанските претстави на Сатанизмот, а што е посебно интересно, како и големо влијание на формирање на карактерот од страна на христијанските организации, што е материјал за опширна студија на магиското делување на христијанските организации и не е директно предмет на овој приказ.
Со поимот сатанизам се врзуваат многу дезинформации и негативен публицитет, нешто заради неупатеност, нешто заради методи на создавање баук кој служи како мотив за собирање на припадниците на сопствените организации, кои во своето учење не можат да осигураат доволно силни поттици за инстинктивно собирање на поголем број на луѓе. Сатанизмот во суштина не доведува до можност за религиозно исполнување - спознание на Вистинската Волја и остварување на Големото Дело и поради тоа не може да добие преодна оценка како потполна религија, туку како минорна појава, како во минатото така и денес и не го заслужува публицитетот кој му се придава.



документи