За Слободата на Жената

"Тука е и Марија, која е хулење на БАБАЛОН, зашто таа се затворила, и поради тоа таа е Кралица на сите оние зли ѓаволи кои одат по Земјата, токму оние кои ги виде како мали црни дамки на Небото од Уранија. А сите тие се изрод на Хоронзон".

Ова "затворање" е она што е одвратно, тоа е слика на смртта. Тоа е спротивно на движењето кое е Бог.
Жените во христијанството се одржуваат во невиност за пазарот, како и стразбуршките гуски кои клукаат на масата се додека на им поцрнат џигерите. Природата на жената била искривувана, надежите на нејзината душа изигрувани, нејзиното природно задоволство ограничувано, нејзиниот ум бил труен, и сето тоа е правено за да се подлизува на исцедените непца од сенилните банкари и амбасадори.
Зошто машките инсистираат на "невиноста" на жените?
1. За да би ја задоволиле сопствената суета.
2. За да би си дале најмногу шанси да: а) не подлегнат на венерични болести,
b) ги пренесат на потомците своите благородни особини.
3. За да ја задржат моќта над нивните робови со знаењето кое го поседуваат.
4. За да можат што подолго да ги држат во послушност со одвраќањето од блудење. Сексуално задоволената жена е најдобар помошник; незадоволена или разочарана жена е вистинска душевна куга.
5. Во примитивните друштва, за да се заштитат од препад и неверство.
6. За да го прикријат својот притаен срам во областа на сексот.

Ние телемитите велиме дека "Секој маж и секоја жена е ѕвезда". Ние не ги залудуваме и не им ласкаме на жените: ние не ги потценуваме и не ги малтретираме. За нас жената е самостојна, апсолутна, оригинална, независна, слободна, самооправдана, точно онолку колку и мажот.
Ние не го осуетуваме нејзиното движење, на Божицата! Ние не полагаме некое право на нејзината волја; не го одвраќаме нејзиниот развоен пат, за да господариме со нејзините желби, или пак да ја одредуваме нејзината судбина. Таа е свој единствен судија; ние не бараме ништо повеќе освен да и ја понудиме нашата сила, зашто нејзината вродена слабост ја демне силата. Дури и повеќе, треба премногу жар за да се штити нејзиното слободно движење; зашто таа со својата самодоверба најдобро знае како да победи и да се избори за својот напредок!
Ние не ја сакаме како робинка; ние ја сакаме слободна и кралска, било ноќе кога нејзината љубов во нашите раце, бие битка со смртта , било дење, кога нејзината верност јава покрај нас во борбата на животот.
"Нека пред мене застане жената опашана со меч!"
"Во незе е сета моќ дадена".
Така вели оваа наша Книга на Законот. Ние ја почитуваме жената во чистотата на нејзината сопствена природа; ние не го узурпираме правото да ја критикуваме. Ние и пожелуваме добредојде како на наша сојузничка, ја повикуваме да дојде слободно во нашиот логор, блескава, опашана со меч.
Добредојде ,ти жено, те поздравуваме како ѕвезда ! Добредојде на лумпување и на веселба! Добредојде во борба и на гозба! Добредојде на бдеење и победа! Добредојде во војна со сите свои рани! Добредојде во страст и громогласна смеа! Добредојде во мир со своите свечени паради! Добредојде на трпеза и в кревет! Добредојде на фанфари и триумф; добредојде на тажење и смрт!
Ние телемитите сме оние кои вистински ја сакаат и почитуваат жената, кои ја сметаат подеднакво безгрешна и бесрамна како што сме и ние самите; а оние кои велат да ја презираме тоа се оние кои бегаат од замавот на нашата сабја со која ги скинуваме зарѓаните окови од нејзините нозе.
Дали жената ја нарекуваме курва? Да, навистина и амин, таа тоа и е; сиот воздух трепери и гори додека викаме, радосно и страсно.
О вие! Зарем не ја презиравте и осрамотивте со вашиот потсмев, и со вашиот злобен шепот? Не е ли "курва" -вистината за незе, име на ужас кое и го дадовте поради сопствениот страв од незе, со кој кукавиците меѓусебно се тешат, со потајно намигнување на окото и со движење на раката?
Но ние не се плашиме од незе; ние извикнуваме курва, додека нејзините војски ни се ближат. Ние настапуваме во нашите оклопи и со нашите мечови. Земјата одекнува од целата таа бука!
Има ли било каков сомнеж во победата? Ги гледам вашите робовски орди кои лазат, уплашени од самите себе, заплашени со своите сопствени робови, непријателски, презрени и недоверливи, со тактика на ној, опосум и сипа, зарем нема да пропаднете и да побегнете безобзирно пред нашиот прв јуриш, додека со вперени копја на страста јаваме храбро, заедно со нашите сојузници, курвите, кои ги сакаме и радосно ги поздравуваме, нашите слободни пријателки кои се на наша страна во битката на животот.
Книгата на Законот е повелба на жените; зборот Телема го отвори катанецот на нејзиниот "појас на невиноста". Вашата камена Сфинга најпосле оживеа; да знаеш, да сакаш, да смееш и да молчиш.
Да јас Ѕверот, со мојата Скерлетна Жена која ме јавна, гола и крунисана, пијан од нејзиниот златен пехар на развратот, однесувајќи се со неа како со пријателка во креветот, се спарив на плоштадот, и со викање го објавив тој збор дека секоја жена е ѕвезда. А со тој збор е прогласена слободата на жената. Разни будали, шарлатани и кокетери го слушнаа мојот глас. Лисицата во жената го слушна лавот во мажот; загриженост, плашливост, лесномисленост, дволичност - тоа веќе не е во мода.
Залудно насилничкиот, грубијански и фалбаџиски маж, свештеникот, адвокатот или социјалниот цензор, ќе го мршти челото за да измисли некој нов трик за припитомување; еднаш засекогаш цела традиција е срушена; помина модата на бесење на јаже, истерување, каменување, пресекување на носеви, врзување на појаси, мачење на задното седиште од колата, бичување, изложување на срамниот столб, заѕидување, судови за развод, евнуси, хареми, осакатување на паметта, куќен притвор, исцрпување од служење, заглупување со суеверие, друштвени прогони, застрашување со божјиот гнев, дури и лукавства на создавање и охрабрување на проституцијата - сето тоа за да може една класа на жени да се држи во амбис, под полициска стега, а друга на неговиот раб, на милоста на машката чизма, која е спремна да ја згази на првиот знак на непослушност или неможност да го задоволи.
Машката комора за мачење содржува(ла) неисцрпна разновидност на орудија. Од една страна убиство, сурово и директно, се до фино но помачно гладување; од друга страна морални агонии, од насилното одвојување на детето од дојките до закани од ривалката, ако служењето ја упропастило нејзината убавина.
Најмоќен мажу, твојата врвна борбена вештина сепак не беше најлукава, чија цел беше да ги соединиш сопствените сестри на жената против незе самата, да се употреби нивното познавање на женската психологија и суровоста на нивната љубомора за да те одмаздат зашто ти самиот немаш доволно ни мудрост ни инает тоа да го направиш?
И така жената, телесно слаба, со измачена душа, морално ограничена со својот херојски завет да ја спаси расата, без обзир на цената, беспомошна и нескршлива, ги издржала сите овие работи, издржала низ многу епохи. Нејзината жртва не била бучна и спектакуларна, со крстот на врвот од брдото, со видена светлина и огромни чудеса кои се одглас на небесното одобрување. Таа страдала и триумфирала во најсрамна тишина; без пријатели, без следбеници, без никој да и помогне или да ја пофали. Наместо благодарност имала само сентиментални ласкања, и сознанието дека суров и ладен презир престојува во машките срца, кој тие не го криеле.
Таа се мачела, смешно и одвратно, и ја дала сета своја убавина и младешка снага за да искуси болест, слабост, смртни закани избирајќи да живее живот на крава - за да може така човештвото да го преброди морето на времето.
Таа знаела дека мажот бара од незе да му служи на неговите најосновни инстинкти. Во неговото вистинско младичко време таа немала ни најмал удел, а сета нејзина плата бил неговиот негрижлив презир.
Таа на тој начин била од памтивек газена, но така успевала да го покори и времето. Нејзината тишина била симбол на нејзиниот триумф.
Но сега јас Ѕверот, сакам да го изговорам следниот збор: Не си ти само жена заколната на целта која не е твоја; ти си сама ѕвезда, и во себе ти си цел за себе. Не си ти само мајка на луѓето, или курва нивна; робинка на нивните потреби за живот и љубов, не учествувајќи во нивната светлост и слобода; туку ти си мајка и курва во име на твоето сопствено задоволство; зборот кој му го кажувам на мажот ти го велам подеднакво и тебе; Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон!
Навистина, свештенику, адвокату, и цензору! Зарем нема повторно да се соберете во тајност, ако во вашите залихи од маѓионичарски трикови нема веќе ниту еден кој не сте го испробале, или пак во вашето лукавство ниедна новоизмислена справа која би можела да го спаси вашиот гусарски брод од тонење?
Тоа и досега ви беше многу лесно да го направите! Колку е разорна таа магика која е содржана во првата теза на Книгата на Законот, дека "секоја жена е ѕвезда".
Ах! Јас, Ѕверот сум оној кој го извика тој збор толку снажно и со тоа ја оживеав убавината.
Вашите трикови, вашите опојни дроги, вашите измислици, вашите хипнотички пси, нема да ви бидат од корист. Донесете одлука да бидете слободни луѓе, храбри како што сум и јас, достојни на жените кои се исто толку храбри и слободни! Зашто, јас Ѕверот, дојдов да прогласам крај на злото од старото доба, крај на измамите и мачењата на кутрите и слаби животни сведени на тоа срамно ниво да служат на тоа срамно задоволство.
Суштината на мојот збор е да објавам дека жената е самостојна, спрема себе и за себе; и јас и го давам ова незапирливо оружје, кое е израз на самата незе и на нејзината волја низ сексуалност, под потполно исти услови како и на мажите.
Убиството веќе не е закана; економското оружје стана безопасно откако се откри дека женската работа во индустријата е исплатлива; социјалното оружје е, од друга страна потполно во нејзини раце.
Најдобрите жени отсекогаш биле сексуално слободни, исто како и најдобрите мажи; единствено треба да се отстранат казните за да се открие тоа. Да дозволиме синдикалните организации да ја подржат секоја онаа личност која економски се обогатила на основа на сексот. Нека социјалните организации го слават во јавноста она што нивните членови го практикуваат приватно.
Многу домашни несреќи автоматски ќе исчезнат, бидејќи нивната главна причина е сексуалното незадоволство на сопругите, односно грижите (или други видови на ментална напнатост) доколку тие решат да ги земат работите во свои раце.
Злочинот на абортусот ќе ги изгуби своите мотиви, во сите случаи освен во оние исклучителните. Уценувачите ќе се ограничат на комерцијални и политички престапи, намалувајќи го така својот удел на две третини можеби и повеќе. Друштвените скандали и зависти ќе имаат тенденција на исчезнување. Ќе биде полесно да се пронајдат и да се победат сексуалните болести кога нема да ни биде срам да признаеме дека ги имаме.
Проституцијата (со сиот свој придружен криминал) полека ќе исчезнува зашто ќе престане да им носи прекумерни профити на оние кои од незе имаат корист. Бавењето на јавноста со сексуалните прашања повеќе нема да прихранува морални болести и лудило, кога на задоволувањето на сексуалниот нагон ќе се гледа како на задоволување на глад. Искрено говорење и пишување за сексуалните прашања ќе го растера незнаењето кое залажува толку многу несреќни луѓе; правилните мерки на претпазливост против актуелните опасности ќе ги заменат непотребните и апсурдни мерки на претпазливост против имагинарните и вештачките опасности. Шарлатаните кои тргуваат со стравот ќе бидат отстранети од бизнисот.
Сето ова ќе следи како светлината после ноќта, штом жената,искрена кон самата себе, ќе открие дека не може да биде грешна за ниеден човек.
Модерната жена нема да биде глупа, роб и жртва повеќе; ами жена која ќе се предава слободно за свое сопствено задоволство,без барање противуслуга, ќе ја здобие почитта од своите браќа и отворено ќе ги презира "невините" т.е поткупливите сестри, баш како што машките денес ги презираат "мамините синови", "мекушите" и "лигушите". Љубовта треба да се разведе конечно и неотповикливо од друштвените и финансиските договори, посебно од бракот. Љубовта е спорт, уметност, религија, ако сакате; голем панаѓур.
"Необесчестената Марија" треба да биде "растргната на тркала" затоа што черечењето е единствен метод кој е прикладен за незе; а RV , тркало, претставува име за женскиот принцип. (Види Liber D ). Нејзините родени сестри се оние кои треба да ја казнат за злочинот на негирање на сопствената природа, а не мажите кои треба да ја искупат, зашто како што е горе наведено, машкото лажно чувство на вина, неговата себичност, и неговиот кукавичлук, најпрвин ја присилија да хули на самата себе, и така ја понижија во нејзините сопствени очи, но и во неговите. Допуштете му тој да се посвети на својата сопствена работа, да се искупи, тој сигурно има полни раце работа! Жената ќе се спаси ако само се остави тоа да го направи. Јас тоа го гледам, јас, Ѕверот, кој го видов и го гледам просторот исполнет со ѕвезди, кој го гледав и го гледам Телото на нашата Божица Нуит, сепроникнувачки, изгубен во Неа, за да откријам дека не постои душа која не е потполно нејзина. Жено! Ти не привлекуваш, вечно, нагоре и напред;и секоја жена, е меѓу жените, жена; една ѕвезда од сите Нејзини ѕвезди.
Те гледам, жено; стоиш осамена; Првосвештеница си на љубовта на олтарот од животот. А мажот е жртва.
Под тебе радувајќи се ,лежи тој; со восхит умира, согорувајќи во здивот на твоите бакнежи. Да, ѕвезда јуриша со жар кон друга ѕвезда; огинот експлодира, се разлева по небото.
Постои крик на непознат јазик. Тој оддекнува низ храмот на универзумот; во еден негов збор е смрт и екстаза, и твоето име на честа, о ти која си самата за себе Првосвештеница, Пророчица, Царица и Божица чие име значи мајка и курва!


документи