После
смртта на Crowley во 1947, со тестамент тој му ги остави сите авторски
права, кои беа сеуште неополномоштени, и книжевни остатоци на О.Т.О,
а за негов наследник како Надворешен водач на Редот (OHO) беше назначен
Karl Germer т.е Frater Saturnus X0. Germer долго време служеше како
Главен Сеопшт Ризничар на Редот и Crowley-иев легат во С.А.Д., а
Crowley уреди сиот гореспоменат имот да биде испратен кај Germer
во новиот Главен Штаб на О.Т.О. во Њујорк. Неговата голема позиција
во Редот, почитта и некои би рекле стравот од неговото командување
овозможија тој да биде прифатен од сето членство како Crowley-иев
природен наследник.
Germer беше роден во Германија во 1885. Тој имаше истакната војна
кариера во И Светска Војна и беше активен во влијателното Германско
движење Пансофија во 1920-еттите. Неколку години подоцна, кога Нацистите
ја презедоа контролата, тој беше уапсен поради неговите врски со
Слободното Ѕидарство и Aliester Crowley. Додека беше во злогласниот
Берлински затвор Alexander-platz и подоцна во Белгискиот концентрационен
логор, тој издржа голема немаштија рецитирајќи ги Светите Книги
по сеќавање нанапред и наназад се додека не достигна Знаење и Разговор
со неговиот Свет Ангел Чувар. Тој трудољубиво го помагаше Crowley
особено во последните години од Crowley-евиот живот.
Гермер беше смирен човек оддаден на самоизолација. Редот престана
да иницира нови членови под негово водство. Неговата политика беше
речиси исклучителна концентрација на издавачката програма. Некои
пријатни резултати беа остварени, вклучувајќи ги Магика Без Солзи,
Евангелие по Свети Бернард Шо, Ревидираната 777, Визија и Глас (со
коментари) и Книга на Лаги (со коментари).
Germer умре во 1962 без да именува наследник. Неговиот неполноважен
тестамент упатуваше само имотот на Редот да биде разделен помеѓу
"водачите" на Редот. Наредните години немаше недостиг
од баратели за раководната функција во Редот. Објавениот документ
(не е приложен овде) говори сам за себе. Со малку работно истражување
инволвираните страни можат да ги научат деталите за себе.
Ние (и од неодамна Владата на С.А.Д го легализира нашето мислење)
сметаме дека наследството му е предадено на Мајор Grady Louis McMurtry,
Калифот Хименеус Алфа. Неговото водство на Редот се потпира на неколку
прилично јасни писма за овластување од самиот Crowley. Тие се сретнаа
кога McMurtry беше млад Поручник во текот на II Светска Војна. Тој
беше примен во О.Т.О. во 1941 год. во Агапе Ложата преку Jack Parsons.
IX степен го прими директно од Crowley и му беа доверени документи
за овластување во случај на нужност да ја преземе целокупната работа
на Редот во Калифорнија (како што беше порано наведено, единственото
функционално О.Т.О. тело во тоа време.) Crowley додатно го назначи
McMurtry како негов личен претставник во С.А.Д., чиј авторитет треба
да се смета исто како да е од Crowley. Овие две овластувања (charters)
датираат од 22 Март 1946 и 11 Април 1946, беа подложни само на одобрување,
вето или ревизија од Karl Germer.
Гермер беше добро запознат со овие овластувања бидејќи беше присутен
на состанокот во Агапе Ложата на кој McMurtry ги презентира. Двајцата
потоа кореспондираа во однос на плановите за легално инкорпорирање
на Редот во Калифорнија. Во писмо до McMurtry, датирано на 24 Мај
1946 Germer пишува, "Сакам целосно да бидеш информиран, со
обѕир на тоа што си одговорен пред 666 (т.е Crowley ) за Калифорниските
активности, дека секој чекор што ќе одлучиш да го преземиш треба
да има мое одобрување." Без обѕир на нивните можни разлики,
никаде не постои ниту најмала сугестија дека Germer размислувал
да стави вето или да ги ревидира овластувањата на McMurtry.
Шест месеци пред неговата смрт, Crowley му пиша на McMurtry на 17
Јуни 1947. Тој наведе дека морал да бара негов природен наследник
кој би можел да биде McMurtry, покрај тоа што Гермер е природен
Калиф кој треба да се следи.
McMurtry не се согласуваше со политиката на Гермер да не се иницираат
нови членови. Тој се пресели во Washington D.C во 1961, најмногу
за да избегне директна конфротација со Germer околу ова прашање.
Таму учеше Политички Науки на Универзитетот Џорџ Вашингтон додека
работеше како Аналитичар по Менаџмент за Владата. Исто така го раководеше
Шекспировото Друштво од Вашингтон. Во 1969 година тој дозна за кражбата
од 1967 на Библиотеката од Редот од домот на Г-ѓа Germer, при која
таа беше брутално претепана. Тој веднаш ја откажа Владината Служба
и се врати во Калифорнија да започне истрага, реактивирајќи го неговото
овластување од Crowley како Суверен Голем Сеопшт Инспектор на Редот.
Резултатите од неговото широко истражување беа испратени до соодветните
авторитети, како и до г-ѓа Germer и формулираат дел од поглавјето
за Соларната Ложа во книгата "Фамилија" на Ed Sander's.
О.Т.О.
ПОД КАЛИФАТ
Кога
McMurtry стана свесен за критичната состојба во која навлезе Редот
после смртта на Гермер, тој беше приморан да се повика на документите
за овластување во итен случај од Crowley. Неговиот прв јавен чин
беше средувањето на публикацијата на Crowley/Harris Thoth Tarot
карти во 1970.
Овој шпил има моќ да му помогне на Магичарот во призивањето на енергиите
од Новиот Еон - визуелно средство за програмирање на свеста. Во
1983 тој ја издаде "Свети Книги на Телема". Оваа колекција
документи од класа А ги сочинува темелните списи на Телемитската
религија. Двете публикации заедно го содржат суштинското наследство
на пророкот, зборовите и сликите на Новиот Еон.
Во следните 15 години, откако McMurtry го презеде водството, Редот
најмногу се разви, со Ложи, Оази и Кампови во С.А.Д., Канада, Англија,
Јужна Америка, Германија, Балканот, Нов Зеланд и Австралија. Редот
е како лотус која се отвора на зраците од Новоеонското Сонце.
Денес сеуште се соочуваме со проблеми сепак "Постои успех"
и ние непрестајно работиме. Редот го исполни критериумот за промулгација
на Конституцијата од О.Т.О во С.А.Д. . Иако некои сугестии од Отворено
Писмо до Оние Кои Ќе Посакаат да се Придружат на Редот (види infra)
се покажуваат застарени во овие денови на премногу одредби ( навистина
слободен железнички транспорт!) ние ги презентираме овие списи за
да можеме повторно да ја потврдиме нашата верност на поставените
принципи. Структурата која е замислена во овие документи е наша
реалност и наша цел. Нивните зборови нека бидат водич на оние кои
се избрани.
ПОСТСКРИПТУМ
Во
текот на пишувањето на овој напис, 12 Јули 1985 е.в., нашиот Возљубен
Калиф Хименеус Алфа го прослави големиот празник. На денот од неговата
смрт Редот беше информиран за правната победа во Федералниот Суд
на С.А.Д., кој го потврди нашето ексклузивно поседување на сите
имиња, заштитни знаци, ознаки и авторски права кои се препишани
од Crowley на Ordo Templi Orientis.
На 21 Септември нашиот нов Калиф беше прокламиран. Неговата посветеност
на принципите кои се опишани на наредниве страни, не уверува дека
тие ќе бидат имплементирани потполно и брзо. Неговиот прв акт на
придржување до водството од Уставот (Конституцијата) беше да ја
прифати одеждата на тајност која му следува на X0 и на Надворешниот
Водач (OHO) во Книга 52 ( види infra). Неговата почит кон претходникот
и неговата лоза го поттикна да го одбере името Хименеус Бета. Претходно
беше член на Тријадата Човек на Земјата, а фактот на неговото издигнување
до Frater Superior е доказ за магиската прикладност на сегашната
манифестација на Редот. Како што е напишано во Книга 194: "Наследувањето
на високата функција на OHO (Outer Head of the Order) е одлучено
на начин која овде нема да биде кажан; но ова можеш да го научиш,
О Брате Магичар, дека тој може да биде одбран дури и од степенот
на Минервал. И овде лежи најсвета Мистерија."
Наскоро после изборот, новиот Калиф ја реактивира Агапе Ложата како
Интернационална Голема Ложа на Редот, лоцирана во Њујорк.
Нова фаза од нашиот развој започна и ние гледаме со нестрплив поглед
во иднината.
Љубовта е закон, љубов под волја.
FRATER AD VERITATEM IX0
Голем Сеопшт Секретар
New York City
Зимски Солстициум An IIIxv
|