Харалампие - Рампо Пешков

Роден е во Прилеп, во познато трговско семејство. На 17-годишна возраст стапил во редовите на Организацијата. Со пројавената храброст, станал нејзин терорист и познат агитатор. Рампо ја извршил смртната казна врз шпионот Ташко Филипов во 1897 година. Како трговец со ортоми, Рампо ја крстосувал цела Македонија и секаде ги ширел идеите на Македонската револуционерна организација.

Во 1901 година бил откриен, фатен од турската власт, затворен и подложен на тортура. Умрел во турскиот затвор во 1902 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик