Крсте Петков Мисирков

Роден е на 6/18 ноември во с. Постол, Ениџевардарско, во 1874 година. Основното 6 годишно образование го добил во грчко училиште, средното во градовите Шабац и Белград (1895), а високо во Санкт Петерсбург, Русија (1897), каде дипломира на Историско – филолошкиот факултет во 1902 година. Мисирков е еден од основачите на Тајниот македонски-одрински кружок (ТМОК) во Петерсбург на 12 ноември 1900 година и негов претседател. Извесно време бил професор во Машката гимназија во Битола, а потоа, во градовите Бердјанск и Одеса (Русија, односно Украина). Кон крајот на есента 1903 година, во Софија, излегува од печат неговата книга „За македонцките работи“. По Првата светска војна дошол во Бугарија, каде извесно време со семејството живеел и работел во Софија, а подоцна во Копривштица како професор, односно директор на Гимназијата.

Умре на 26 јули 1926 година и е погребан во Софија.  

<< Претходна | Следна>> | Именик