Наум Јософов

Роден е во 1886 година, во Охрид. Бил активен учесник во борбите за време на Илинденското востание, а потоа повеќе години бил четник во четата на војводата Иван Алабакот. За време на Хуриетот бил војвода во Ѓавато, Битолско. Потоа, како војвода во Охридско, учествувал во борбите против српската војска за време на Балканските војни.

Решителен и храбар до безумие, Н.Јосифов многу ранети четници на грб ги носел и извлекувал од смртта.

По Првата светска војна живеел во Бугарија, но оттаму со чета, неколку пати навлегол во Охридско.

<< Претходна | Следна>> | Именик