Д О Б Р Е Д О Ј Д О В Т Е
Добредојдовте на интернет порталот на Здружението на граѓани со дијабетес на општина Прилеп. Планираме ова да биде место во глобалната мрежа каде што сите оние кои имаат потреба од било какви информации поврзани со дијабетесот, ќе можат да ги најдат истите токму на овие страници. Исто така добредојдени се секакви замерки и совети од Ваша страна со што заеднички ќе се потрудиме да ги направиме овие страници да бидат едно виртуелно место за информирање и дружење. Отворени сме за соработка од секаков вид што би придонела за развивање на едно повисоко ниво на едукација на сите нас кои се занимаваме со оваа проблематика
Напоменуваме дека материјалите што се сместени на овие страни не се лично мислење на ЗГДОП и дека тие треба да Ви послужат само како информативни вести и совети во проблематиката со дијабетесот.
Се извинуваме ако ненамерно сме направиле некој пропуст во содржините и Ве замолуваме за разбирање од Ваша страна.
Ви благодариме за посетата и за разбирањето што го покажувате.
Пријатен престој.