ПРВ НАЦИОНАЛЕН КАМП ЗА ЈУВЕНИЛЕН ДИЈАБЕТ ВО МАКЕДОНИЈА

 

            Под покровителство на Сојузот на Здруженија на граѓани со дијабетес на Македонија во организација на Клиниката за детски болести (оддел ендокринологија) и Здружението на граѓани со дијабетес на општина Прилеп во терминот 15,16,17, Март во хотелот на Тутунскиот комбинат  Прилеп во Охрид се одржа првиот камп за деца на ниво на Македонија за деца на возраст од 5 до 11 години за кој генерален спонзор беше Ново Нордиск А/С Скопје.

            Планот за стручната работа на кампот (предавања, мени, мерење на гликемија, корекција на терапија, тајминг на активностите и слично) го направија стручните луѓе од Клиниката за детски болести (оддел за ендокринологија) од Скопје.

            Стручниот дел од кампот  го раководеше Проф.Д-р. Мирјана Кочова од Детската клиника  (оддел ендокринологија) во Скопје, а и помагаа лекарите  Д-р Златко Савоски - специјализант по интерна медицина и Д-р Роза Ковилоска - педијатар и двајцата од Прилеп и сестрите (Гордана Ристевска и Тања Мирчевска) од Детската клиника (оддел ендокринологија) во Скопје и сестрата  Виолета Златановска од Клиниката за ендокринологија од Скопје.

            Во програмата за работа на кампот беа предвидени едукативни предавања на теми од областа на дијабетот (исхрана, самоконтрола, корекција на терапија, прифаќање на дијабетот и слично) со интерактивен пристап.

            Делот околу техничката организација (превоз, исхрана, сместување, организација на живеењето во кампот и слично) го раководеа луѓето од Здружението на граѓани со дијабетес на општина Прилеп (Милан Башески) кои што имаат искуство во организирање на вакви кампови (ова Здружение организираше камп за деца од Прилеп, прилепско и Крушево во 2000 и 2001 година).

            Интересна новина во организирање  на   камповите    беше    воведување     на „тутори“ (кои што беа адолесцентите со дијабет: Дејан Кумпаниоски, Цвете Серафимоски и Наташа Стаменковска) кои што ги исполнија очекувањата и во многу допринесоа за успешната организација на кампот.

            Специјален гостин на кампот беше г-дин Кирил Бабамов - претседател на Сојузот на Здруженија на граѓани со дијабетес на Македонија.

            Учесници на кампот беа и двајца вработени во НовоНордиск А/С (Д-р. Томче Прошев  и Д-р. Александар Арников)

            Заради возраста на учесниците на кампот присуствааше  и еден од нивните родители.

            Учеството на кампот беше спонзорирано од Ново Нордиск А/С Скопје  и беше бесплатно за сите  поканети учесници.

Врз основа на искажувањата на учесниците и направената анкета на крајот од

кампот, тимот кој што го водеше кампот на мислење е дека кампот ги оправда очекувањата и предлага на спонзорите и на сите заинтересирани и во иднина да се организираат вакви и слични кампови.

Организирање на вакви кампови пред се оправдано е заради тоа што децата и нивните родители се запознаваат меѓу себе и разменуваат искуства, се дружат, проблемот на дијабетот се социјализира и учесниците се осеќаат равноправни, учесниците се запознаваат со новостите од светот во поглед на дијабетот и многу други придобивки.

                На мислење сме дека треба да ги споменеме новостите кои што прв пат ги спроведовме на овој кампа, а тоа се :

·         Имавме тутори кои што се примерни адолесценти и кои што практично претставуваа пример за децата ;

·         Родителите и децата во извонредни услови имаа можност за меѓусебно запознавање и размена на искуства ;

·         Менито за исхрана (квалитет, квантитет, тајминг) припремена од стручни луѓе од клиниката за детски болести ;

·         Совети по потреба од Проф.Др Кочова во врска со сите проблеми;

·         Интерактивен пристап на наставата во кампот со можност за учество на сите заинтересирани;

 

Фотографии од камповите