П Р А Ш А Њ А И О Д Г О В О Р И
ШТО Е ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ?
Шеќерната болест е хронично пореметување предизвикано од недостаток или резистенција кон инсулин поради што има несоодветна контрола на нивото на гликоза во крвта кое е покачено
КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ НА ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ?
КОГА ТРЕБА ДА СЕ КОНТРОЛИРА ШЕЌЕРОТ?
ОД КАДЕ АЦЕТОН ВО УРИНАТА
И ШТО ЗНАЧИ ТОА?Ацетонот
е продукт кој се ослободува при липолизата (разложување на мастите) кога е намален инсулинот. Не учествува во нарушување на ацидобазната рамнотежа.
ДАЛИ ИСХРАНАТА (ДИЕТАТА) Е ОСНОВА НА ЛЕКУВАЊЕТО?
Диетата (правилната исхрана) и самоконтролата се основа во лекувањето. Диетета без правилна и контролирана исхрана не е од голема корист
.
КОИ ПРОДУКТИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ КОНСУМИРААТ?
Сите продукти што имаат голема концентрација на
шеќер. На пример мед, торти, многу леб, масти (во големи количини) и сите други висококалорични продукти, кои се богати со јаглени хидрати.
КОИ СЕ ПРИЧИНИ И ЗНАЦИ НА ХИПОГЛИКЕМИЈА?
Зголемено количество на инсулин во крвта
од предозирање или неадекватно внесување на храна (тип1), или внесување на голема доза на таблети од сулфонил уреа кај тип 2.Знаци на хипогликемија се отежнато мислење, конфузија, лоша координација, вртоглавица, исплашеност, абнормалности во однесувањето, кома, поматен вид, нарушен говор, свирење во ушите, тресење, нервоза, потење, бледило, уплашеност
.
ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ДО ТОА?
Да се земе коцка шеќер кога ќе се насетат симптомите, да се пие поголемо количество сок со доста шеќер (Пепси, Кока
Кола), а најдобро е да се има режим на правилна исхрана.
ШТО ДОБИВАМЕ СО НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА?
Спречување на компликациите од дијабетесот (оштетување на срце, бубрези, очи, крвни садови на нозе
–гангрена, оштетување на нервни завршетоци) и други компликации.
ДАЛИ ДИЈАБЕТОТ Е НАСЛЕДЕН ИЛИ НАСТАНУВА ОД ДРУГИ ПРИЧИНИ?
Дијабетесот настанува како резултат на генетички фактори и на многубројните фактори на средината (стрес) и повеќето етиолошки механизми кои не се познати, како и хормонски пореметувања, заболувања на панкреасот
–токсични неопластични и други.
Г
и очекуваме Вашите прашања преку електронска пошта, а наскоро и во рубриката „Прашај го докторот“.