ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЕКТОТДИЕТАЛНИОТ ЛЕБПОДОБРА ХРАНА ЗА ЛУЃЕТО СО ДИЈАБЕТЕС

 

ПРОЕКТОТ Е ДОНИРАН ОД СВЕТСКА БАНКА

 

            Проектот беше замислен да со една комплексна кампања за дијабетот со едукација кај оние луѓе кои ќе учествуваат во него и преку консумирање на диетален леб и мерење на нивото на крвниот шеќер се докаже претпоставката дека нивото на шеќер во крвта се намали и се дискутираат резултатите кои ќе се добијат после завршувањето на проектот.

            Во проектот учествуваат 40 испитаници од кои 32 ќе консумираат диетален леб и ќе го мерат нивото на шеќер во крвта, а 8 испитаници ќе мерат само шеќер без да консумираат диетален леб. Условот беше сите де се придржуваат спрема дадените упатства за пропишаната претходна диета и терапијата да ја примаат онака како ја одредил лекарот.

            Испитаниците мереа шеќер 2 пати неделно во вторник и петок.

            На почетокот од проектот се направија контакти со претпријатието за диететски производи–„Виталис и во соработка со нив се набавија житарици од еколошки чисти подрачја и стари видови кои виреат на овие подрачја.

            Се изврши мелење и истите се донесоа во ЗГДОП.Виталис за сметка на ЗГДОП набави и природни адитиви, а вршеше и контрола на брашното.

            После набавката на мини-пекарите се побараа рецепти за изработка на диетален леб и стручниот тим на ЗГДОП се договори да се подготвуваат 4 врсти на лебинтегрален, ржан, пченкарен и диетален.

            Се направи обука на учесниците на проектот за користење на мини-пекарата и за улогата на долгите влакна во исхраната на човекот.

            При секој нов вид на леб се вршеше обука за припремање на состојките и значењето на токму тој вод на житарици и адитиви што се ставаат во него. Испитаниците беа поделени во две групи, инсулино-зависни и независни, но и постари од 40 години и под 40 години.

            За цело време на проектот се вршеше едукација во врска со дијабетот како поединечна за време на мерењата, така и групна за време на состаноците на ЗГДОП и се разменуваа мислења за квалитетот, вкусот и количината на леб што се консумира и за резултатите од мерењата.

            Резултатите добиени при мерењата беа подобри од предвидените.

            Во почетокот имаше минимални подобрувања, но со текот на времето овие резултати се подобруваа кај сите, но кај оние што консумираа диетален леб резултатите беа многу подобрикај нив во просек нивото на гликемија се намали за 1,9% додека кај другите за 0,9%. Најдобри резултати се постигнаа кај инсулино-независните и постари од 40 години–2,4%, најлоши кај децата–0,7%, што е за очекување заради многуте фактори како пубертетот, психичката компонента и друго.

            Како заклучок можеме да кажеме дека консумирањето на диетален леб значително го намалува нивото на гликемија во крвта, но и големо влијание има и едукацијата на луѓето со дијабетес што би можело да се дискутира како за поединечен проект во иднина.