Хигиена на
стапала
- Потребно е
секојдневно миење на нозете (посебно во
летниот период) со благ (детски) сапун и
млака вода. По миењето нозете треба добро
да се избришат, водејќи сметка да не се
притиска многу на кожата, бидејќи може да
дојде до нејзино прскање и појава на рани;
- Така исушената и
избришана кожа на стапалата треба да се
намачка и истрие со некое билно масло или
благ крем за кожа, со цел да се омекне, да
се излупи орожениот дел на кожата и да се
избегне триењето и сушењето. Притоа треба
да се внимава да не настане надразнување
на кожата;
- Во случај кожата да
омекнала повеќе, треба да се масира со
благ раствор на алкохол, отприлика еднаш
неделно;
- Миењето и
масирањето се врши секогаш од врвовите на
прстите па нагоре. Ако имате проширени
вени, треба да се масираат само прстите на
нозете и тоа многу нежно. Не треба никогаш
да се масираат потколениците;
- Ако ноктите на
прстите се кревки, кршливи и суви,
потребно е омекнување на ноктите. Тоа
треба да се стори на следниот начин:
потребно е секоја вечер да се држат
нозете во млака вода по половина час, како
би омекнале. Потоа кожата околу ноктите
треба да се намачка со некоја билна маст
или крем за нозе за да остане мека;
- Ноктите треба да се
скратуваат секогаш во права линија и само
до границата на меките ткива. Во никој
случај да не се сечат аглите на ноктите;
- Чевлите треба да
се од мека кожа, со ниска петица, а бројот
и формата точно да одговараат на
физичката форма на стапалата;
- Чорапите треба
да бидат дебели, широки и направени од
материјал којшто би одржувал нормална
температура на стапалата;
- Новите чевли во
почетокот не треба интензивно да се носат,
со цел да се избегне појавата на
плускавци, што секако носи нови и
поголеми проблеми и компликации.