Ладни
стапала
- Треба да се прекине
со пушење, бидејќи никотинот
предизвикува грчење на крвните садови и
со тоа го смалува доводот на нозете (стапалата);
- Треба да се
обезбеди доволно топлина (со носење топли
чорапи и друга топла облека, особено во
зима), бидејќи студот предизвикува исто
така грчење на крвните садови и го
намалува доводот на крвта;
- Забрането е носење
на циркулаторни подврски (ластик, кружни
врвци за чорапи, чорапи со тесен ластик и
слично), бидејќи истите вршат притискање
на крвните садови и на оневозможуваат или
нарушуваат крвната циркулација;
- При седење нозете
не смеат да се држат вкрстени, бидејќи на
тој начин се врши притисок на крвните
садови и слабее циркулацијата;
- Ако се постелните
прекривачи тешки, потребно е да се стави
перниче над стапалата;
- Не треба да се
ставаат никакви лекови на стапалата без
претходна консултација на лекар, затоа
што некои од тие лекови се особено јаки,
штетни и може да доведат до оштетување на
нежната кожа на стапалата и до слаба
циркулација, а со тоа и до несакани
последици;
- Не треба да се
ставаат локално топли облоги без
претходна консултација со лекар, како на
пример шише со топла вода, термофор, топли
крпи или слично, бидејќи и умерената
топлина може да доведе до оштетување на
кожата, доколку циркулацијата е нарушена
и ослабена.
- Доколку кожата на
стапалата е влажна, постои склоност да се
развие атлетско стапало. Во овој случај
чевлите и чорапите се посипуваат
превентивно со талк;
- Препорачлива е
секојдневна масажа на нозете (посебно во
зимскиот период), заради обезбедување на
подобра циркулација.