Лечење на
плускавци
- Плускавците
настануваат како последица на триењето
на кожата и притискањето на прстите,
најчесто од носење на тесни чевли и
чорапи. За заштита од појавата на
плускавци, треба да се носат пригодни
чевли, кои не стегаат и не предизвикуваат
триење;
- Со цел да се
отстранат истите, нозете треба да се
чуваат во млака вода со благ сапун околу 10
минути, а потоа да се симне орожнатиот дел,
триејќи внимателно со крпата или турпија
за таа намена. Во никој случај да не се
кинат или корнат;
- Строго е забрането
да се сечат плускавците. Доколку е тоа
непоходно, треба да се обратите до
стручно лице (лекар или педикир);
- За да се спречи
појава на плускавци на петицата на
стапалото, потребно е да се применат
следниве мерки: вежби со виткање на
ножните прсти неколку пати во денот, при
одењето најпрво да се гази на прстите, а
потоа на петицата на стапалото, носење на
чевли со поголем број и ниска потпетица;
- Правилното
спроведување на претпазителни мерки и
другата терапија, имаат исклучително
големо значење дури и во случаите на
оштетувања на кожата, кои се на прв поглед
незначителни;
- Во случај на појава
на секакво црвенило, пликови, бол или оток
треба што побрзо да се побара лекарска
помош, затоа што секоја раничка на кожата
нелекувана исправно, може да премине во
чир или гангрена (изумирање на одреден
дел од ткивото) и да се појави потреба од
хируршки зафат;
- Доколку се појави
лупење на кожата и јадеж меѓу прстите или
промена на бојата на ноктите со
задебелување, задолжително треба да се
јавите на лекар;
- Ако се појави
некаква рана, таа треба да се заштити со
стерилна газа, а во никој случај не смее
да се премачкува со јодна тинктура.