Прифати го
дијабетесот
- Одново и секогаш
одново започнувај од почеток;
- Да живееш значи да
учиш се нови и нови нешта, да ги примаш и
отфрлаш, да го промениш мислењето;
- Информирај се за
твојата состојба од книги и списанија,
уште подобро ако се вклучиш во клубовите
и курсевите за обука на дијабетичари;
- Изучувај ги
методите за самоконтрола и постојано
развивај ја самодисциплината;
- Ако бурата на
емоции застрашува да те однесе, сподели
ја болката со блиските
- Разговарај со други
што страдаат, разменувај искуства;
- Искажувај ги гласно
чувствата или запишувај ги-тоа
ослободува;
- Не се измачувај или
вообразувај дека сето тоа треба да го
понесеш сам;
- Сознанието дека има
и други кои страдаат и се борат исто може
да ти помогне. И пред се-биди чесен кон
себеси и не се оптоварувај дополнително
со грижа на совеста;
- Ти носиш
одговорност само пред себеси и пред никој
друг;
- Прими ја твојата
здравствена состојба сериозно и не
заборавај дека таа бара постојано
внимание. Ако го имаш на ум тоа постојано,
грешките во начинот на живот нема да
предизвикаат грижа на совеста. При
ваквото однесување ќе имаш доволно сили
да ги поправиш грешките (особено во
исхраната) и нема да ја трошиш целата
енергија во непотребно чувство на вина;
- Појави
самочувство;
- Не ја сокривај
болеста. Таа не е заразна;
- Подари си одмор, не
претерувај со работа. Задоволи се со
пониски постигнувања, тоа влева нови сили;
- Определи си го
животот. Ти сам треба да решиш какви цели
треба да постигнеш. Само тогаш другите-семејството,
пријателите, консултантите за дијабетес,
лекарот ќе можат да ти помогнат и да ти го
олеснат патот кон целта;
- Модерната
концепција за обука на дијабетичарите ја
има истата цел: секој човек да се
чувствува здрав и силен, за да биде во
состојба да се справи сам со проблемите
кои ги поставува дијабетесот, да превзема
решенија, да оди во права насока;
- Основното мото не
напразно гласи: ЖИВЕЈ СО ДИЈАБЕТЕСОТ
АКТИВНО И БЕЗ ГРИЖИ.