ПРВ КАМП ЗА ВОЗРАСНИ ДИЈАБЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА



            ЗГДОП за првпат во Македонија организираше камп за постарите членови на едно здружение на граѓаби со дијабетес.


            Овој камп се одржа во Охрид на 14 и 15 јуни 2002 година. На истиот учествуваа 30 членови на Клубот на ЗГДОП, двајца лекари и еден активен волонтер во ЗГДОП.


            Покрај водите на Охридското Езеро, во хотелот на Тутунски Комбинат-Прилеп, учесниците на овој камп имаа можност да се дружат, да разменуваат искуства, да ги кажат отворено своите проблеми и меѓусебно да се корегираат во начинот на живот со дијабетес.


            Исто така беа одржани две предавања за начинот на исхрана и за новостите во лекувањето на дијабетесот, а на овој камп беше одржана и brainstorming сесија од која беа извлечени следните насоки за растењето и развојот на ЗГДОП, со цел Прилеп да има уште поквалитетно здружение што ќе придонесе за поквалитетен живот на дијабетичарите во овој град.


            Учесниците имаа можност да ја проверат својата гликемија, да ја корегираат терапијата со помош на стручните лица и да прашаат се што ги интересира во врска со дијабетесот.


            Од овој камп потекна идејата да ЗГДОП се пријави на конкурсот за добивање на најпрестижната награда во Македонија-„11 Октомври“.


Покрај другото учесниците имаа можност за посета на Охрид, Свети Наум и Отешево.
Целокупната организација и финансиска конструкција беше на терет на ЗГДОП, која најде сили и средства бесплатно да донесе на овој камп дел од своите членови.


Генерален спонзор на кампот беше фондацијата ИТЗ и USAID.

 

Фотографии од кампот