|
Cara
Soror,
Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Што
е Магика? Зошто човек да ја студира или практикува? Сосема природно;
очигледни воведни прашања за секој предмет. Сигурно е дека мораме
сето ова да го направиме кристално јасно; не плаши се дека нема
да успеам да ја изнесам целата работа колку што е можно поконцизно,
но и целосно, убедливо и луцидно, во рамките на моите можности.
Во секој случај не треба да губам време за да ти кажувам што не
е Магика ; или да ти раскажувам како дошло до тоа овој збор погрешно
да се употребува за маѓионичарски трикови и за лажни чуда, кои се
изведуваат и до ден денес, без разлика, дали во рамките или надвор
од Римската верска заедница, пред празноглавиот собир на побожни
имбецили.
Прво, дозволи ми Евклидова метода и закопај го својот нос во Дефиницијата,
Постулатот и Теоремите, кои се дадени во мојата обемна (но, за жал!
премногу напредна и стручна) Расправа за овој предмет. Да почнеме!
I. ДЕФИНИЦИЈА.
Магиката
е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.
(Објаснување: Мојата Волја е да го известам Светот за некои факти
од моето знаење. Затоа земам "магиски оружја", перо, мастило
и хартија; пишувам "инкантации" - овие зборови на "магиски
јазик" т.е, она што можат да го разберат луѓето, кои сакам
да ги подучам. Понатаму ги повикувам "духовите" како што
се печатарите, издавачите, книжарите и така натаму и ги принудувам
да ја пренесат мојата порака на овие луѓе. На тој начин, составувањето
и дистрибуцијата е акт на МАГИКА со која предизвикувам Промените
да се остварат во согласност со мојата Волја1).
II.
ПОСТУЛАТ.
СЕКОЈА
сакана Промена може да биде постигната со примена на соодветен вид
и степен на Сила на соодветен начин преку соодветна средина на соодветен
предмет.
(Објаснување: Сакам да подготвам унца Златен Хлорид. Морам да земам
соодветен вид на киселина, нитро-хидрохлорна и ниту една друга,
во доволна количина и со соодветна Сила и да ја ставам во сад, кој
нема да се скрши, да протече или да корозира, т.е кој нема да предизвика
несакани резултати, со неопходна количина од Злато, итн. Секоја
Промена има свои услови. Според нашата сегашна состојба на знаење
и моќ некои промени не се можни во пракса; на пример, не можеме
да предизвикаме затемнување на Сонцето, или да преобразиме олово
во калај, или да создаваме луѓе од печурки. Но, теоретски е можно
во било кој објект да се предизвика било каква промена за која тој
објект е способен по природа; а условите се опфатени со гореспоменатиот
постулат).
III.
ТЕОРЕМИ.
1.
Секој намерен акт е Магиски Акт.2
(Објаснување: Види ја "Дефиницијата" горе).
2. Секој успешен акт е во согласност со постулатот.
3. Секој неуспех докажува дека еден или повеќе услови од постулатот
не биле исполнети.
(Објаснување: Можеби има грешка во разбирањето на случајот; исто
како што лекарот може да постави погрешна дијагноза и неговото лечење
да му наштети на неговиот пациент. Може да има грешка во примената
на правилен вид на сила, исто како што селанец може да се обидува
да гасне електрична светилка со дување. Може да има грешка во примената
на соодветен степен од силата, исто како што борачот има неправилен
зафат. Може да има грешка во примената на силата на соодветен начин,
исто како што се поднесува чек на погрешен шалтер во банката. Може
да има грешка во употребата на правилно средство, како во случајот
на Леонардо да Винчи, кога откри дека неговото ремек дело исчезнало.
Силата може да биде применета на несоодветен предмет; на пример,
човек се обидува да скрши камен, мислејќи дека е орев).
4. Првиот услов за предизвикување на секоја промена е потполно квалитативно
и квантитативно сфаќање на условите.
(Објаснување: Најраспространета причина за неуспех во животот е
непознавањето на својата Вистинска Волја, или на начинот на кој
треба да се изврши таа Волја. Човек може да се замислува себеси
сликар и да го потроши животот, обидувајќи се тоа и да биде; или
може да биде навистина сликар, а сепак да не успее да го сфати тоа
и да ги процени тешкотиите кои се својствени за таа кариера).
5. Втор услов за предизвикување на некоја промена е практичната
способност да се постават во правилно движење неопходните сили.
(Објаснување: Банкарот може да има совршен увид во дадената ситуација,
а сепак да нема одлучност или финансиски средства, кои се потребни
за да ја искористи).
6. "Секој човек и секоја жена е ѕвезда". Со други зборови,
секое човечко суштество по природа е самостојна единка со сопствен
карактер и сопствено движење.
7. Секој човек и секоја жена имаат пат, кој зависи делумно од личноста,
а делумно од околината, која е природна и неминовна за секој. Секој,
кој е истиснат од својот пат, или поради неразбирање на самиот себе,
или поради противење од околината, доаѓа во судир со поредокот на
Универзумот и поради тоа страда.
(Објаснување: Човек може да мисли дека негова должност е да работи
на одреден начин, со помош на вообразена претстава за себеси, наместо
да ја истражува својата вистинска природа. На пример, жена може
да се унесреќи до крајот на животот, мислејќи дека повеќе сака љубов
од општествената положба и vice versa. Некоја жена може да остане
со нечувствителен сопруг, а би била навистина среќна на мансарда
со љубовникот, додека друга може да прави од себе будала во романтично
бегство со љубовникот, кога нејзините единствени вистински задоволства
се во водењето на модните активности. Исто така, момчето може инстиктивно
да чувствува дека треба да оди на море, додека неговите родители
бараат да стане лекар. Во таков случај, тој ќе биде неуспешен и
несреќен во медицината).
8. Човекот, чија свесна волја е во судир со неговата Вистинска Волја
залудно троши сила. Тој не може да се надева дека успешно ќе влијае
на својата околина.
(Објаснување: Кога во некоја земја беснее Граѓанска Војна, таа не
е во состојба да преземе инвазија на други земји. Човекот, кој има
рак ја употребува својата храна подеднакво за себе и за непријателот,
кој е дел од него. Тој наскоро не успева да се спротивстави на притисокот
од својата околина. Во практичниот живот, човекот, кој го работи
она што совеста му вели дека е погрешно, ќе го прави тоа многу невешто.
На почетокот!)
9. Човек, кој ја извршува својата Вистинска Волја е потпомогнат
од инерцијата на Универзумот.
(Објаснување: Првиот принцип на успех во еволуцијата е дека личноста
треба да биде верна на својата природа и истовремено да се приспособи
на својата околина).
10. Природата е непрекинат феномен, оттука не знаеме како работите
се поврзани во сите случаи.
(Објаснување: Човечката свест зависи од својствата на протоплазмата,
чиешто постоење зависи од безбројните физички услови, кои се својствени
за оваа планета; а оваа планета е одредена од механичкиот баланс
на целиот материјален Универзум. Потоа, можеме да кажеме дека нашата
свест причински е поврзана со најоддалечените галаксии; па сепак,
не знаеме ни како се појавува, од или со молекуларните промени во
мозокот).
11. Науката ни овозможува да ја искористиме предноста на континуитетот
на Природата преку емпириска примена на одредени принципи, чие заемно
дејство вклучува во себе различни видови на идеи, кои се поврзани
една со друга на начин што е надвор од нашето сегашно сфаќање.
(Објаснување: Ние сме во состојба да ги осветлиме градовите со практични
методи. Ние не знаеме што е свеста и како е поврзана со работата
на мускулите; што е електричната енергија и како е поврзана со машините,
кои ја создаваат; а нашите методи зависат од пресметки, кои опфаќаат
математички идеи, кои немаат кореспонденции со Универзумот што ни
е познат3 ).
12. Човекот не ја знае природата на своето битие и својата моќ.
Дури и неговата претстава за неговите ограничувања е заснована на
искуството од минатото, и секој чекор во неговиот напредок го проширува
неговото царство. Затоа не постои причина да се поставуваат теоретски
граници4 на она што би можел да биде, или на она што би можел да
го направи.
(Објаснување: Пред две генерации се претпоставуваше дека е теоретски
неможно човек некогаш да го осознае хемискиот состав на неподвижните
ѕвезди. Познато е дека нашите сетила се приспособени да примаат
само бескрајно мал дел од можниот износ на вибрации. Современите
инструменти ни овозможија да откриеме некои од овие натсетилни (вибрации)
преку индиректни методи, и дури да ги искористиме нивните необични
особини за да му служат на човекот, како во случајот со зраците
на Херц и Рендген. Како што рече Тиндал, човек може во секој момент
да научи да ги перцепира и да ги искористи вибрациите од сите сфатливи
и несфатливи видови. Прашањето на Магиката е прашање на откривање
и искористување на досега непознатите сили во природата. Знаеме
дека тие постојат и не можеме да се сомневаме во можноста на менталните
и физичките инструменти, кои се способни да не доведат во врска
со нив).
13. Секој човек е помалку или повеќе свесен дека неговата индивидуалност
опфаќа неколку редови на постоење, дури и кога тврди дека неговите
суптилни принципи се само одлика на промените во неговото физичко
тело. Може да се претпостави дека сличен поредок важи за целата
природа.
(Објаснување: Човек не ја меша болката од забоболка со гниењето,
кое го предизвикува. Неживите предмети се чувствителни на некои
физички сили, како што се електричната и термичката спроводливост;
но ниту во нас ниту во нив - колку што знаеме - не постои некое
директно свесно перцепирање на овие сили. Според тоа, сите материјални
појави ги следат незабележливи влијанија; нема причина зошто да
не влијаеме на материјата со помош на овие суптилни енергии, како
што правиме со помош на нивните материјални основи. Всушност, ние
употребуваме магнетна сила за придвижување на железото и сончево
зрачење за репродуцирање на слики).
14. Човекот е способен да биде и да користи с# што перципира, зашто
сето она што го гледа на одреден начин е дел од неговото битие.
Така, тој може да го подјарми целиот Универзум за кој е свесен под
своја Волја.
(Објаснување: Човекот ја употреби претставата за Бог за да го наметне
своето однесување, за да се стекне со моќ над блиските, за да ги
оправда своите злосторства и за безброј други цели, вклучувајќи
ја и онаа да се реализира себеси како Бог. Тој ги употреби ирационалните
и нереални концепции од математиката за да му помогнат при составувањето
на механичките направи. Тој ја употреби својата морална сила за
да влијае на постапките дури и на дивите животни. Тој го употреби
својот поетски гениј за политички цели).
15. Секоја сила во Универзумот е способна да се преобрази во секој
друг вид со употреба на соодветни средства. Оттука, постои неисцрпна
резерва од секој посебен вид на сила, која може да ни биде потребна.
(Објаснување: Топлината може да биде преобразена во светлина и електрична
енергија, ако се користи да ја движи динамо-машината. Вибрациите
на воздухот можат да бидат употребени за убивање на луѓе, ако тоа
им го наредиме, откако со говор сме им ги разгореле воинствените
страсти. Халуцинациите, кои се поврзани со таинствените енергии
на сексот, резултираат во постојано продолжување на видот).
16. Примената на секоја дадена сила влијае на сите редови битија,
кои постојат во предметот врз кој е применета, без разлика на кој
од овие редови е директно влијаено.
(Објаснување: Ако удрам човек со кама, неговата свест, а не само
неговото тело, е под влијание на моето дело; иако камата, како таква,
нема директна врска со тоа. На сличен начин, моќта од моите мисли
може да влијае на умот од друг човек, така што ќе продуцира далекусежни
физички промени во него, или кај другите преку него).
17. Човекот може да научи да ја користи секоја сила, така што ќе
му служи за остварување на било која цел, користејќи ги гореизнесените
теореми.
(Објаснување: Човек може да употреби брич за да води сметка за својот
говор, употребувајќи го за да се пресече себеси штом непромислено
ќе изусти одреден збор. Тој може да ја постигне истата цел, ако
одлучи секој настан од неговиот живот да го потсетува на конкретна
работа, правејќи ја секоја импресија почетна точка на поврзани серии
од мисли, кои завршуваат на таа работа. Може, исто така, да ги посвети
сите свои сили на некоја посебна работа, одлучувајќи да не работи
ништо што е во спротивност со тоа и секој чин да го насочи кон остварување
на таа работа).
18. Тој може да ја привлече кон себе секоја сила во Универзумот,
така што од себеси ќе направи погоден приемник за неа, ќе оствари
врска со неа и ќе ги подреди условите за да ја присили нејзината
природа да тече кон него.
(Објаснување: Ако сакам чиста вода за пиење, копам бунар на место
каде постои подземна вода; ја спречувам да протекува во друг правец;
и ги подредувам работите на тој начин за да ги искористам законите
на хидростатиката на кои се покорува водата за да го исполнам бунарот).
19. Човечкото чувство за себе како одвоен и спротивставен на Универзумот,
е пречка за спроведување на струите на Универзумот. Тоа го изолира.
(Објаснување: Популарниот лидер е најуспешен кога заборава на себе
и ја памети само "Каузата". Користољубивоста доведува
до љубомора и расцеп. Кога органите на телото го истакнуваат своето
присуство на поинаков начин од тивкото задоволство, тоа е знак дека
се болни. Единствениот исклучок е органот за репродукција. Па сепак,
дури и во овој случај неговото истакнување носи потврда за незадоволство
со себе, бидејќи не може да ја изврши својата функција додека не
е надополнет со соодветен орган од друг организам).
20. Човекот може да ги привлече и искористи само оние сили за кои
тој е навистина погоден.
(Објаснување: Не можеш да направиш свилено ќесе од уво на маторица.
Вистинскиот научник учи од секоја појава. Меѓутоа, Природата е нема
за лицемерот; зашто во неа нема ништо лажно5).
21. Во суштина не постои граница за обемот на врските на некој човек
со Универзумот; зашто штом човек ќе се соедини со некоја идеја,
мерката престанува да постои. Сепак, неговата моќ да ја искористи
таа сила е ограничена од неговата ментална моќ и капацитет, и околностите
од неговата човечка околина.
(Објаснување: Кога човек ќе се вљуби, целиот свет за него станува
безгранична и сеприсутна љубов; но неговата мистична состојба не
е заразна; неговите другари се или развеселени или вознемирени.
Тој на други може да им го пренесе дејството што љубовта го има
врз него само со помош на своите умствени и физички особини. Така,
Катул, Данте и Свинберн ја направиле својата љубов моќен двигател
на човештвото, благодарение на својата моќ да ги изразат своите
мисли за темата со музикален и елоквентен јазик. Исто така, Клеопатра
и другите луѓе на власт ја обликуваа судбината на многу други луѓе,
дозволувајќи љубовта да влијае на нивните политички акции. Магичарот,
без разлика колку добро успева во контактирањето со тајните извори
на енергија во природата, нив може да ги користи само во обемот
што го дозволуваат неговите интелектуални и морални особини. Комуникацијата
на Мухамед со Габриел била успешна само поради неговото државништво,
воена вештина и возвишеноста на неговата заповед над Арапите. Откритието
на Херц на зракот, кој сега го употребуваме за безжична телеграфија
било стерилно, с# додека не било рефлектирано преку умовите и волјата
на луѓето, кои можеле да ја сфатат неговата вистина и да ја спроведат
на дело со помош на механички и економски инструменти).
22. Секоја индивидуа во суштина е доволна на самата себе. Но, таа
е незадоволна со себе, с# додека не воспостави правилен однос со
Универзумот.
(Објаснување: Микроскопот, колку и да е совршен, е бескорисен во
рацете на дивјакот. Поетот, колку и да е возвишен, мора да &
се наметне на својата генерација ако сака да ужива во себеси (дури
и да се разбере себе), како што теоретски би требало да биде).
23. Магиката е Наука за разбирање на самиот себе и сопствените состојби.
Таа е Уметност на примена на тоа разбирање на дело.
(Објаснување: Палката за голф треба да придвижи одредена топка на
посебен начин во посебни околности. Niblick треба ретко да се употребува
на Т-потпирач, исто како што Brassie не се користи на работ од дупката
со песок. Сепак, употребата на секоја палка бара вештина и искуство).
24. Секој човек има неоспорно право да биде она што е.
(Објаснување: Да се инсистира некој друг човек да се покорува на
нечии стандарди е злодело, не само врз него, туку и врз себе, затоа
што двајцата учесници подеднакво се водени од нужноста).
25. Секој човек мора да се занимава со Магика секојпат кога дејствува
или дури и мисли, зашто мислата е внатрешно дело чиешто влијание
на крајот се пренесува на акцијата, иако во тој момент тоа не мора
да изгледа така.
(Објаснување: И најмалото движење предизвикува промени во човечкото
тело и во воздухот околу него; тој ја нарушува рамнотежата на целиот
Универзум, а неговите последици траат вечно низ целиот простор.
Секоја мисла, колку и да е брзо загушена остава трага врз умот.
Таа служи како една од причините на следните мисли и се стреми да
влијае на секоја следна работа. Играчот на голф може да изгуби неколку
јарди со првиот удар, уште неколку со другиот и третиот, може да
биде само шест инчи предалеку од дупката; но крајниот резултат од
овие ситни незгоди е разликата при целиот удар и така веројатно
помеѓу добивањето и губењето на поенот).
26. Секој човек има право, право на самозаштита, да се оствари себеси
до крајни граници6 .
(Објаснување: Функција, која е несовршено изведена не се оштетува
само самата себеси, туку и с# што е поврзано со неа. Ако срцето
се плаши да чука за да не го вознемири црниот дроб, тогаш дробот
гладува за крв и му се одмаздува на срцето со нарушување на варењето,
кое пак, го нарушува дишењето од кое зависи здравјето на срцето).
27. Секој човек треба да ја направи Магиката основен принцип на
својот живот. Тој треба да ги научи нејзините закони и да живее
според нив.
(Објаснување: Банкарот треба да ја открие вистинската смисла на
своето постоење, вистинскиот мотив кој го условил изборот на таа
професија. Тој треба да го сфати банкарството како неопходен фактор
во економското опстојување на човештвото, наместо само како бизнис
чии цели се независни од општото добро. Тој треба да научи да ги
разликува лажните вредности од вистинските и да не се поведува по
случајните движења, туку да ги разгледа работите од суштинска важност.
Таков банкар ќе се докаже себеси како супериорен над другите; зашто
тој нема да биде индивидуа, која е ограничена од минливи работи,
туку сила на Природата, толку нелична, неделлива и вечна како гравитацијата,
трпелива и незапирлива како плимата и осеката. Неговиот систем нема
да биде подложен на паника, исто како што законот на Инверзни Квадрати
не е нарушен од Изборите. Тој нема да биде загрижен за своите деловни
работи, зашто тие нема да бидат негови; и заради оваа причина тој
ќе биде во состојба да управува со нив спокојно, со доверба на еден
набљудувач кој има бистар ум, со интелигенција, која е незатемнета
од лични интереси и моќ несмалена од страст).
28. Секој човек има право да ја оствари својата волја без страв
дека таа може да се судри со волјата на другите; зашто, ако тој
е на својата вистинска патека, грешка е на другите ако се судираат
со него.
(Објаснување: Ако човек како Наполеон навистина е одреден од судбината
да владее со Европа, тој не би требало да биде обвинет заради примената
на своите права. Би било грешка да му се спротивставиш. Оној што
прави така ќе направи грешка кон својата судбина, освен можеби ако
за него е неопходно да ги научи лекциите на поразот. Сонцето се
движи во вселената без пречки. Поредокот на Природата обезбедува
орбита за секоја ѕвезда. Судирот докажува дека некој застранил од
својот пат. Но, колку повеќе човек се држи до својот вистински пат,
тој дејствува посилно, и толку им е потешко на другите да се вмешаат
во неговиот пат. Неговиот пример ќе им помогне да ги најдат своите
патишта и да продолжат по нив. Секој човек, кој станува Магичар,
им помага на другите да прават слично. Колку поцврсто и посигурно
се движат луѓето и колку повеќе таквата работа е прифатена како
стандард на моралност, толку е помал судирот и конфузијата, кои
го спречуваат човештвото).
Добро,
овде завршува Првата Лекција.
Ми се чини дека ова ја покрива основата сосема добро; во секој случај
ова е она што имам да го кажам кога на дневен ред е сериозна анализа.
Меѓутоа, постои ограничена и конвенционална смисла според која зборот
може да биде употребен без премногу застранување од горните филозофски
позиции. Човек може да рече:
"Магиката е проучување и употреба на оние форми на енергија
кои се (а) посуптилни од обичните физичко-механички видови, (б)
достапни само на оние, кои се (во една или друга смисла) "Иницијанти".
Се плашам дека ова може да звучи прилично obscurum per obscurius7;
но ова е еден од оние случаи, веројатно ќе сретнеме многу такви
во текот на нашиве истражувања, во кој го сфаќаме, доволно добро
за сите практични цели, она што го мислиме, но кое ни избегнува
с# поуспешно, колку повеќе се бориме да го дефинираме нивното значење.
Можеме да поминеме уште полошо ако се обидеме да ги разјасниме работите
со правење на списоци од настаните во историјата, традицијата, или
искуството и класифицирајќи го ова како да е, а она како да не е,
вистинска Магика. Граничните случаи би н# збуниле и измамиле.
Но, бидејќи ја спомнав историјата, мислам дека може да помогне ако
почнам директно од другиот дел на твоето прашање и да ти дадам краток
опис на Магиката од минатото, сегашноста и иднината онака како што
е видена од внатре. Кои се принципите на "Мајсторите"?
Што се обидуваат да направат? Што правеле во минатото? Кои средства
ги употребуваат?
За среќа имам кратка студија, која ја напишал М. Жерар Омон од Тунис
пред некои дваесет години, која го покрива овој предмет доволно
разумно.
Бев на маки додека го преведував од неговиот француски, се надевам
дека не потсетува премногу на старото traduttore, traditore8. Јас
повторно ќе го разгледам, ќе го поделам (како Галија) на Три Дела
и ќе го пратам понатаму.
Љубовта
е закон, љубов под волја.
Братски,
666
|
|