За едукацијата на децата
главна документи

 

I


Секое дете мора да ја развие својата сопствена Индивидуалност, и Волја, и да ги отфрли туѓите идеали.
Во Кефаловиот Манастир на Телемата неговата снаодливост и оригиналност е спротивставена на различна околина.
Тоа е соочено со разни проблеми како што се пливањето, планинарењето, домашната работа, и е оставено само да ги реши на свој начин.
Неговата потсвест е импресионирана со читање на книжевни ремек дела, кои се оставени да се инфилтрираат во неговиот ум автоматски без одредена селекција или барање на свесно разбирање.
Ништо не се поучува освен како да мисли за себе.
Тоа е третирано како одговорно и независно битие, кое се охрабрува во самодовербата, и се почитува при самопотврдноста.

II

Едукацијата е помагање на душата да се изрази себе си. Секое дете треба да се запознае со сите можни проблеми и да се остави само да си ги регистрира сопствените реакции; тоа треба да се соочи со сите непредвидени ситуации се додека не ги совлада успешно истите.
Не треба да се влијае на неговиот ум, туку треба само да му се понудат сите услови на одгледување. Неговите вродени квалитети ќе го оспособат да одбере погодна храна за неговиот темперамент .
Почитувајте ја неговата индивидуалност! Посветете го целиот живот за надзор на детето, без коментари.
Вистината учи на разбирање, слободата ја развива волјата, искуството донесува досетливост, независноста ја инспирира самодовербата.

III

Секое дете е Бог на својот сопствен Универзум, а едукацијата ја развива неговата контрола.
Не смее да се поучува ништо освен како да владее со својата околина.
Вистината е првиот услов; тоа мора да ги согледа сите факти научно.
Храброста е втор услов; тоа мора да ги зграпчи сите факти одлучно.
Организација е третиот услов; мора да ги интегрира сите импресии и прописи.
Мора да биде дозволен апсолутен авторитет над неговите реакции, но неговата тенденција да се прелаже себе си или да бега од реалноста мора да се каутеризира со упорно соочување со одбивните реалности.
Тоа мора да знае незамаглено, да се осмелува бестрашно, да одлучува интегрално, и да молчи возвишено.

IV

Едукацијата ги припрема инивидуите да се соочат со средината.
Од детството децата треба да се соочат со фактите кои се незагадени од објаснувањата.
Оставете ги да мислат и да делуваат за себе; оставете го нивниот вроден интегритет да се иницира самиот себе!
Наведете ги да ги истражуваат сите животни мистерии, да ги надминат сите опасности.
Лажноста и стравот се нивни единствени непријатели.
Нека присуствуваат на раѓањето, бракот, смртта; нека слушаат поезија, филозофија, историја; принудете ги на разбирање но не и негово дефинирано изразување.
Наведете ги да се соочат со гребени, големи бранови, животни, и така сами да ја пронајдат сопствената формула на освојувањето.
Доверете им ја вистината неуморно, внимавајќи само да го направите нејзиниот опсег серазбирлив; доверете им ја за да ја употребат.


V

Нека децата се едуцираат себе си да бидат самосвојни. Оние кои ги тренираат на стандардите ги осакатуваат и деформираат. Туѓите идеали наметнуваат паразитски перверзии.
Секое дете е Сфинга; никој не ја знае неговата вистина освен тоа самото; претпоставете Незнаењето да ја иницира Изида?
Нека Сфингата размислува за својата тајна, се додека дојде нејзиниот час; човек може да и помогне само ако ја остави да контемплира на егзистенцијата. Нека ги согледа сите тајни на Земјата и на Небото.
Чувај те ја неповредена; зајакнете ја со сукцесивни борби. Нека биде сезнајна, омнипотентна, усовршена преку сопствената Доблест да и служи на својата цел- индивидуално, независно, иницирано-вистинско јас!

VI

Учителите-Прокрусти, кои се замислуваат себе си "мерило на човештвото", ги деформираат децата намерно со Идеали.
Градинарите никогаш не го прилагодуваат опиумот како и компирите; тие го одгледуваат секое растение според неговата норма, кон совршенство во неговите посебни карактеристики.
Дури и елементарното образование треба да биде адаптирано на индивидуите; секој ум си е посебен на свој начин. Зошто да не ги поставиме момчешките тела во гипсените калапи на "Совршенството"?
Секој притисок на пластичниот материјал е опасен, зашто ги спречува сопствените вистински тенденции и ги изопачува своите пропорции. Огромниот пораст ги компензира ограничувањата.
Едукацијата мора да го приспособи умот да се соочи со сите непредвидени можности, интерпретирајќи, судејќи и реагирајќи онака како што налагаат индивидуалните потреби.

VII

Повеќето луѓе ги измамуваат децата намерно, наведувајќи ја нужноста како штит. Една измама ги збунува правилните концепции; мозокот, збунет наскоро пронаоѓа конфликтни докази. Контрадикцијата помеѓу посматраните факти и учењето ја револтира нивната праведност.
Децата се сомневаат во Универзумот; интелегенцијата се револтира; годините на болната несигурност ја одмаздуваат оригиналната измама. Децата истотака се учат да фалсификуваат, корумпираат, негираат или да забораваат факти; забранети за нивно соочување.
Ракувајќи со погрешни оружја, тие се среќаваат со непознати и лажни непријатели.
Природата ги претвора во предавници; тие не си веруваат себеси; како Жилбертовиот билијардски-измамник, тие играат " на лажно платно со искривени билијардски стапови и елиптични билијардски топки".


VIII


Во Кефаловиот Манастир на Телемата децата се како возрасните. Реалностите се нивно право; тие посматраат непристрасно и делуваат одговорно. Тие се приморани да се ослободат себеси од градираните опасности. Тие вежбаат, пливаат, планинарат, играат игри, го истражуваат градот или земјата сами; тие слушаат проверени зборови.
Тие го учат согледувањето на вистината, храброста, учтивоста и независноста; да си ја гледаат својата работа, почитувајќи ги правата на другите, истовремено презирајќи го мешањето во работата на другите.
Со прецизното сфаќање на реалностите и соодветното делување на нив, наместо плачење, приклонување, бескичменост и "присилно верување", тие загосподаруваат со себе и со околината.

IX


Младите умови ги складираат сетилните импресии без нужно да просудуваат за нив.
Повисоките ментални особини се развиваат постепено.
Криминал е да се форсира растот , особено во догматски правци. Размислувањето , класификацијата, координацијата се изуми на растечкиот ум за справување со насобраните детали. Едукацијата треба едноставно да ги надополни фактите, разбирливи или не, од секаков вид. Избегнувајте коментари, објаснувања, морални осуди; детскиот ум мора да управува со својот материјал.
Вистината мора да се поучува како услов на вистински односи, храброста како услов на исправна реакција.
Индивидуата дорасната на околината, се развива до совршенство. Децата едуцирани на овој начин се апсолутно свои , прилагодени да го сфатат еден акт како дел од самостојната еволуција.

X

Еволуцијата бара исклучителни индивидуи, поприкладни на околината од нивните другари. Видовите просперираат преку имитирање на успешните ексцентрици.
Медиокритетот, самонаречената моралност, го заштитува неспособниот, но го спречува прогресот, ја обесхрабрува снаодливоста, и го осигурува потполното руинирање на расата.
Стандардите на едукација, идеалите на Добро и Зло, конвенциите, закониците, верувањата го стагнираат Човештвото.
Чувајте се од квадратирање на главниот столб, или од неговото издигнување над ѓубрето.
Медиокритетот сакаше Китс да биде аптекар, Гејџин банкар, Клајв чиновник, Мухамед камилар!

Природата има потреба од благородност
Виталноста ја потврдува разновидноста.
Истакнатоста го донесува прогресот.
Супериорноста го зачувува опстанокот.
Абнормалноста ја спречува атрофијата
Размножувајте го Бехемот!


XI

Секое дете е апсолутно.
Не осмелувајте се да му создавате предрасуди или да го ограничувате!
Дајте му на семето фер игра да поникне!
Во зрелоста неговиот ум
ќе го усоврши својот вистински плод,
кој е самоодреден и самоизбран!

Се осмелуваш ли да ја свиткаш таа нежност
кон твоите каприци и теории?
Кој те преколнува да ги проценуваш
Чудата скриени од твоите очи?
Наметник, глупав! Дали твоите претпоставки
гарантираат чудесна мудрост?

Оставете го да ги сретне и измери работите,
да ги одмери своите сили, да ја премине
безбедно бездната - Земјата пее:
"Ако знаеш и сакаш, ти можеш!"

 

човештвото пред се   за среќата   писмо од Терион