Писмо од Мајстор Терион
         
 
 
 

До уредникот на Интернационал.

Господине: -

Како одговор на прашањето, "Можете ли да ни кажете нешто за Големото Бело Братство кое е познато како А...А... ", Г-н Chas Lazenby од Теозофското Друштво, ги направи следните забелешки после неговото јавно предавање за Магијата во Храмот Labor во Ванкувер 31 јули 1917 е.в.

А...А... е Окултен ред кој има определена цел и беше создаден од веројатно најзначајниот жив човек кој има огромна моќ. Местото на ова големо Битие во Окултната Хиерархија е длабока мистерија и тој и неговата мисија сега предизвикуваат голем дел на спекулации. Суден според било кој вообичаен стандард, тој е апсолутно и крајно злобен; ги прекрши неговите окултни заклетви и сите закони на моралноста, отворено изјавувајќи дека го направил тоа и дека ќе продолжи да прави така. Тој може да има многу висока цел во план. Ниеден жив човек нема извршено такво влијание врз окултната мисла и нема направено толку многу промени во неа. Тој свесно презеде врз него ужасно голема карма, но каков ќе биде крајниот резултат невозможно е да се просуди. Според сите изгледи, како што забележав, тој е персонификација на злото.

Подоцна за време на приватна конверзација, Г-н Lazenby продолжи:

Тој е прекрасно суштество; обичен човек како мене нема начин да процени каков е неговиот краен мотив. Ако се гледа според познатите стандарди тој е зол, но од далечина, во перспектива, човек може да претпостави дека тој ја презема оваа голема карма заради некоја одредена цел; тој може да биде Спасител на Светот. Во секој случај 300 години отсега тој ќе се смета за еден од најголемите Светски гении. Нема да се грижам дека ќе имам удел во неговата работа. Треба ова да го запамтите, дека сте поврзани со вистински Окултен ред, а не псевдоокултен како оној од Хеиндел и другите кои се безвредни.


Што има Мајстор Therion да каже на ова?

Г-н Lazenby толку долго и гласно работеше на производство на супа во лименки што го заборави она на виното од Iacchus. Но мислам дека тој само сакаше да се покаже. И тоа е нешто човек да биде поздравен како Спасител на Светот од страна на неговите заколнати и лути непријатели. Nunc dimittis! Како и да е, да бидеш наречен "Персонификација на Злото" не е баш точно обвинување. Ако сакав да го нападнам Г-н Lazenby би требало да го дефинирам моето обвинување. Би рекол дека при Алпски услови, коцките од супата Lentil исчезнуваат премногу бавно.
Верувам дека H.P. Blavatsky беше голем адепт. Просудувам за незе врз база на нејзиното највозвишено дело Гласот на Тишината, а не поради било какви грешки кои таа може да ги направила во другите работи. Сметам дека нејзиното дело е подмолно уништено од страна на Г-ѓа Besant1, која е атеистички уличар, социјалист и застапник на абортусот. За овој престап таа всушност беше обвинета. Основна цел на Г-ѓа Besant изгледа е да ги спречи учениците во изведувањето на оние смели експерименти кои ги отвораат портите на повисоките нивоа. Не верувам дека ниеден маж или жена може да дојде до крајно уништување заради страстната волја при потрагата на вистината. Тие можат да полудат. Можат да бидат убиени. Можат да бидат проколнати. Ова се само искушенија кои им прават добро. Ако се придржуваат за нив ќе го поминат тестот. Г-ѓа Besant сака да биде како совеста, та од сите нас кукавици да направи. На мојата прва иницијација ми беше речено "Стравот е неуспех, затоа биди без страв бидејќи во срцето на кукавицата не престојува доблест. Ти ме спозна; можеш да поминеш". да ги спречиш луѓето да не се судрат со непознатото, да ги застрануваш со ништожни брборења за минорни етики, да ги украсуваш со украдени одежди од редови, а за тајните од тие редови да бидеш потполно неук: ете тоа се делата на Браќата од Левиот Пат; а од нив верувам дека Г-ѓа Besant е најголемата во денешно време.

1 HB. Annie Besant стана претседател на Теозофското Друштво после смртта на Blavatsky. Crowley ја сметаше за ривал најмногу поради нејзините напори да воспостави Ко-Масонерија и Либерална Католичка Црква, како и поради нејзината кампања да го промовира Кришнамурти како светски учител. Besant беше исто така феминист и застапник на контролата за раѓање. Crowley стана особено големо феминист (во негов стил) после неговиот Американски период. Иако никогаш не ги промени неговите погледи за абортусот, тој јасно го поддржуваше женското етичко право на избор; види Liber Oz sub figura 77. Фиктивен приказ за Annie Besant и делата на Црната Ложа има во романот Moonchild (Месечево дете) од Crowley
човештвото пред се   за среќата   за децата   документи