Во
1895, Karl Kellner (1850-1905), богат Австриски индустријалец __ како
и Масон од висок ранг, го основа Редот на Ориентални Темплари. Тој
патуваше многу на Исток, каде што сретна три Адепти кои го упатија
во специфични магиски пракси. Обидот на Kellner да го развие Редот
беше подоцна потпомогнат од Franz Hartmann, Heinrich Klein и Theodor
Reuss кои соработуваа заедно пред да се здружат во О.Т.О.. Редот за
првпат беше прокламиран во 1902 во Масонската публикација Oriflamme
од Reuss. После смртта на Kellner, Reuss го наследи како Надворешен
Водач. "Јубилејното" издание на Oriflamme издадено во 1912,
најави дека Редот ги подучува тајните на сексуалната магика.
Theodor Reuss беше интересен карактер. Роден на 28 Јуни 1855 во Augsburg,
тој влезе во Масонеријата во 1876 г. Reuss беше пејач, новинар и веројатно
агент за Пруската политичка полиција, инфилтрирајќи се во Социјалистичката
Лига основана од ќерката на Карл Маркс и нејзиниот маж. Reuss подоцна
се поврза со William Wynn Westcott, лидерот на Златна Зора, кој пак
го запозна со John Yarker. Yarker го овласти Reuss да ги основа Ритуалите
на Мемфис и Мизраим во Германија. После неколку напори да ги конкретизира
различните Масонски Ритуали, Reuss се оддаде на развојот на О.Т.О.
.
Редот доживеа умерен и солиден развој под водството на Реусс. На пример,
тој го овласти Papus во Франција, Rudolph Steiner во Берлин и H.Spencer
Lewis во С.А.Д. . Во 1912 се случи историската средба помеѓу Reuss
и Crowley. Crowley пишува дека Reuss го посетил и го обвинил за откривање
на тајните од Редот. Кога Crowley му возвратил дека нема поим за што
се работи, Reuss му отворил поглавје од Книгата на Лаги . Тогаш Crowley
погледнал уште еднаш и иницијантската интерпретација на сексуалната
магика му се разоткрила за прв пат. Reuss го назначи Crowley за Врховен
Свет Крал на сето Англиско говорно подрачје и токму на ова овластување
тој се повикува кога се печатеше материјалот во The Equinox.
Reuss се откажа од титулата Надворешен Водач на Редот (Outer Head
of the Order= OHO) во 1922, откако доживеа срцев удар и го именува
Crowley за негов наследник. Се беше добро се дури не се преведе Книгата
на Законот на Германски во 1925. Тогаш се појави прекин во континуитетот
на Редот. Многу членови се разидоа со Новиот Надворешен Водач околу
книгата, која Crowley активно ја промулгираше преку Редот. Тој претходно
ги ревидираше ритуалите на Редот на барање од Reuss, длабоко инфузирајќи
ја доктрината за откровенијата на Новиот Еон.
Crowley издаде многу од неговите најважни книги под титулата imprimatur
на О.Т.О.. Исто така, ги реформулира долгорочните цели на мисијата
на О.Т.О. и гледаше на Редот како на "арка" за зачувување
на прочистените светски култури во иднината. Ова гледиште е најдобро
изразено од самиот Crowley во неговото резиме за системот на Редот;
извадокот за ова од Исповедите е придодаден на изданиево. Crowley
успеа да поттикне неколку влијателни лидери во Северна Америка и токму
на овие длабоки корени О.Т.О. го должи својот континуиран опстанок.
Како што напиша во Liber Aleph, "Оваа Магика . . .многу зависи
од Умешноста да се постават другите Волји во симпатично Движење; и
најголемиот Magus може да не биде најуспешен - во однос на Концепцијата
за Ограничувањето на Времето."
О.Т.О. во Северна Америка беше формиран 1912 кога Charles Stansfel
Jones ( повеќе познат како Frater Achad) здружи 12 искрени и заинтересирани
соработници во близината на Ванкувер, Британска Колумбија, кои потпишаа
формулар за согласност да ги примат иницијацииите до III0. Тие беа
благовремено овластени како Агапе камп и Crowley зборуваше блескаво
за нивната работа во Исповедите, каде ја прераскажува неговата инспекциска
посета во Ванкувер.
Frater Achad, како Parzival X0, продолжи да ја стимулира активноста
на О.Т.О. во Канада и С.А.Д. повеќе години. Сепак беше оставено на
еден од членовите на Ложата од Ванкувер, т.е. Wilfred T.Smith да ја
основа првата Ложа во С.А.Д. во 1930г. - Агапе Ложата во Лос Анѓелес,
Калифорнија. Во последните години на Crowley, Ложата Агапе беше единствено
најактивно тело на Редот во светот, која го поттикна Бафомет (Crowley)
да го назначи Smith како Ramaka X0 и привремено како негов планиран
наследник за Надворешен Водач. Smith и членовите на неговата Ложа
придонесоа многу во издавачките напори на Crowley и изведуваа Гностичка
Миса неделно повеќе години. Жената на Братот Smith, Soror G ја продолжи
неговата важна работа после неговата смрт, особено во книгоиздаваштвото
преку нејзината фирма Thelema Publications. Таа остана уважен и активен
член на Ложата Агапе до ден денес. Soror Meral, лидерот на Ложата
418, издавачот на In the Continuum и лидер на Колеџот Телема во Калифорнија
ја зеде првата иницијација во Ложата Агапе, каде што беше инициран
и покојниот Калиф Хименеус Алфа X0. Во членовите на Агапе Ложата се
вбројуваше и славниот научник John W.Parsons, чија пионерска работа
во Cal Tech's Arroyo Seco (сега Jet Propulsion Laboratory) помогна
директно во развојот на чисто ракетно гориво. Парсонс беше своевремено
Мајстор на Ложата Агапе, а исто така беше со-основач на Aerojet General
Corporation. На Месечината тој има кратер именуван во негова чест.
О.Т.О.
ПО СМРТТА НА CROWLEY
После
смртта на Crowley во 1947, со тестамент тој му ги остави сите авторски
права, кои беа сеуште неополномоштени, и книжевни остатоци на О.Т.О,
а за негов наследник како Надворешен водач на Редот (OHO) беше назначен
Karl Germer т.е Frater Saturnus X0. Germer долго време служеше како
Главен Сеопшт Ризничар на Редот и Crowley-иев легат во С.А.Д., а
Crowley уреди сиот гореспоменат имот да биде испратен кај Germer
во новиот Главен Штаб на О.Т.О. во Њујорк. Неговата голема позиција
во Редот, почитта и некои би рекле стравот од неговото командување
овозможија тој да биде прифатен од сето членство како Crowley-иев
природен наследник.
Germer беше роден во Германија во 1885. Тој имаше истакната војна
кариера во И Светска Војна и беше активен во влијателното Германско
движење Пансофија во 1920-еттите. Неколку години подоцна, кога Нацистите
ја презедоа контролата, тој беше уапсен поради неговите врски со
Слободното Ѕидарство и Aliester Crowley. Додека беше во злогласниот
Берлински затвор Alexander-platz и подоцна во Белгискиот концентрационен
логор, тој издржа голема немаштија рецитирајќи ги Светите Книги
по сеќавање нанапред и наназад се додека не достигна Знаење и Разговор
со неговиот Свет Ангел Чувар. Тој трудољубиво го помагаше Crowley
особено во последните години од Crowley-евиот живот.
Гермер беше смирен човек оддаден на самоизолација. Редот престана
да иницира нови членови под негово водство. Неговата политика беше
речиси исклучителна концентрација на издавачката програма. Некои
пријатни резултати беа остварени, вклучувајќи ги Магика Без Солзи,
Евангелие по Свети Бернард Шо, Ревидираната 777, Визија и Глас (со
коментари) и Книга на Лаги (со коментари).
Germer умре во 1962 без да именува наследник. Неговиот неполноважен
тестамент упатуваше само имотот на Редот да биде разделен помеѓу
"водачите" на Редот. Наредните години немаше недостиг
од баратели за раководната функција во Редот. Објавениот документ
(не е приложен овде) говори сам за себе. Со малку работно истражување
инволвираните страни можат да ги научат деталите за себе.
Ние (и од неодамна Владата на С.А.Д го легализира нашето мислење)
сметаме дека наследството му е предадено на Мајор Grady Louis McMurtry,
Калифот Хименеус Алфа. Неговото водство на Редот се потпира на неколку
прилично јасни писма за овластување од самиот Crowley. Тие се сретнаа
кога McMurtry беше млад Поручник во текот на II Светска Војна. Тој
беше примен во О.Т.О. во 1941 год. во Агапе Ложата преку Jack Parsons.
IX степен го прими директно од Crowley и му беа доверени документи
за овластување во случај на нужност да ја преземе целокупната работа
на Редот во Калифорнија (како што беше порано наведено, единственото
функционално О.Т.О. тело во тоа време.) Crowley додатно го назначи
McMurtry како негов личен претставник во С.А.Д., чиј авторитет треба
да се смета исто како да е од Crowley. Овие две овластувања (charters)
датираат од 22 Март 1946 и 11 Април 1946, беа подложни само на одобрување,
вето или ревизија од Karl Germer.
Гермер беше добро запознат со овие овластувања бидејќи беше присутен
на состанокот во Агапе Ложата на кој McMurtry ги презентира. Двајцата
потоа кореспондираа во однос на плановите за легално инкорпорирање
на Редот во Калифорнија. Во писмо до McMurtry, датирано на 24 Мај
1946 Germer пишува, "Сакам целосно да бидеш информиран, со
обѕир на тоа што си одговорен пред 666 (т.е Crowley ) за Калифорниските
активности, дека секој чекор што ќе одлучиш да го преземиш треба
да има мое одобрување." Без обѕир на нивните можни разлики,
никаде не постои ниту најмала сугестија дека Germer размислувал
да стави вето или да ги ревидира овластувањата на McMurtry.
Шест месеци пред неговата смрт, Crowley му пиша на McMurtry на 17
Јуни 1947. Тој наведе дека морал да бара негов природен наследник
кој би можел да биде McMurtry, покрај тоа што Гермер е природен
Калиф кој треба да се следи.
McMurtry не се согласуваше со политиката на Гермер да не се иницираат
нови членови. Тој се пресели во Washington D.C во 1961, најмногу
за да избегне директна конфротација со Germer околу ова прашање.
Таму учеше Политички Науки на Универзитетот Џорџ Вашингтон додека
работеше како Аналитичар по Менаџмент за Владата. Исто така го раководеше
Шекспировото Друштво од Вашингтон. Во 1969 година тој дозна за кражбата
од 1967 на Библиотеката од Редот од домот на Г-ѓа Germer, при која
таа беше брутално претепана. Тој веднаш ја откажа Владината Служба
и се врати во Калифорнија да започне истрага, реактивирајќи го неговото
овластување од Crowley како Суверен Голем Сеопшт Инспектор на Редот.
Резултатите од неговото широко истражување беа испратени до соодветните
авторитети, како и до г-ѓа Germer и формулираат дел од поглавјето
за Соларната Ложа во книгата "Фамилија" на Ed Sander's.
следна
О.Т.О. по смртта на Кроули
|