Трину камп е овластено тело на О.Т.О. за Република Македонија.
Името Трину е стар назив од зборот TRINC, кој за првпат е скован од страна на големиот француски мајстор и гностички светец Франсоа Рабле. Во неговата книга Гаргантуа и Пантагруел се споменува мистичното значење на самиот збор. Исто така зборот Трину е во тесна корелација со адутот VII од Таротот, бројот 418 и зборот Абра-Хад-Абра.
Кампот е најниско тело во Редот и обично во своите активности не вклучува изведување на иницијации.
Заинтересираните кандидати можат да се обратат за подетални информации на e-mail: trinu@mail.com