
Од февруари 2003 ЕВ, ОТО има повеќе од 4,000 членови. Од нив околу две третини се во САД. ОТО е активен, со променлив степен, во 58 земји.
Приватност
Членството во ОТО е приватно, во таа смисла што имињата и адресите не се даваат на никого; ова важи и за службениците на О.Т.О кои не смеат да даваат никакви информации за еден член без негова дозвола. Разбираме потврда или одрекнување на припадноста на Редот пред оние кои не припаѓаат на Редот, но иницијаторските претставници на Редот неопходно се изложени на ограничен јавен публицитет, во согласност со природата на нивните должности.
Информациите за членство се даваат при учество во иницијација доколку ги побара телото што чиноначалствува. Службениците кои ги праќаат членарините и билтените исто така имаат пристап до вашите информации.
Придружно членство
Членувањето е поделено во две примарни категории: придружен член и иницијант. Придружното Членување е чисто дописно без потребно физичко присуство. Тоа може да им користи на луѓе кои живеат далеку од телата на ОТО или кои не се припремени да станат членови на ОТО од која било причина. Таквите членови го примаат The Magical Link (Магичка Врска), имаат пристап кон другите публикации за членовите, можат да присуствуваат на повеќето О.Т.О локални активности, ако во близина постои О.Т.О тело и имаат попуст на книги кај некои издавачи. Исто така придружните членови имаат можност за допишување во С.А.Д и другите земји по пошта или интернет. Членарина за Придружно Членство е 10$ годишно. Контактирајте го секретарот на Трину кампот (trinu@mail.com).
Иницијантско Членство
За ова членство е потребна физичка церемонија и мора да биде изведено од некое тело на ОТО. Испратете барање до ваше локално тело или тело кое ви е погодно заради други причини. Информациите за иницијаторската структура на ОТО и распоредот на членарините и уписнините за членовите, исто така, се достапни.
Членство во EGC
Ecclesia Gnostica Catholica (EGC) е еклезијастичка рака на ОТО. Таа нуди –зачленување кое се предава преку церемониите на крштевање и ова членство не нуди специјални привилегии и формално не се евидентира. EGC моментно не е присутна во Македонија.